Започна изработката на механичкиот саат во кој основачот на Amazon, американскиот мултимилијардер Џеф Безос вложи 42 милиони долари. Експертите предвидуваат дека овој џамбо часовник кој ќе биде лоциран на планина во Тексас ќе трае 10.000 години.
Најбогатиот човек во светот, основачот на Amazon, Џеф Безос презентира огромен часовник кој може да работи во текот на 10.000 години. Безос го претстави преку видео на својата профил на Твитер.