Илон Маск го напушта бордот на организацијата која се залага за AI безбедност и етика, OpenAI. Причината за ова не е бидејќи престанал да верува во потребата, туку за да не дојде до конфликт на интереси.
Кога се зборува за „лоша“ вештачка интелигенција, веднаш замислуваме апокалиптично сценарио во кое ние сме робови на нашите технички совршени господари. Или пак, се плашиме дека роботите ќе ни ги земат работите (римата е ненамерна).
Брзиот развој на вештачката интелигенција ја зголемува опасноста од нејзината злонамерна употреба од страна на држави, кои го загрозуваат мирот во светот, криминалци и терористи, предупредува нов извештај цитиран од Ројтерс и Франс Прес.