Милијардерот и сопственик на он-лајн трговскиот гигант Alibaba, Џек Ма, тврди дека новите технологии на почетокот секогаш создаваат хаос, па голем број луѓе ќе ги загубат работните места поради прогресот во роботиката и вештачката интелигенција.
( Фото: AP ) „Технологијата би можела да предизвика трета светска војна ако лидерите не работат заеднички за да ги ублажат негативните ефекти“, изјави вчера кинескиот магнат и сопственик на „Алибаба“, Џек Ма.