Новиот робот кој го произведе компанијата Boston Dynamics нѐ потсети колку стана мала разликата помеѓу роботите и луѓето, заплашувајќи нѐ дека за неколку години единствената разлика помеѓу нас и нив ќе биде пулсот.
Компанијата Бостон Динамикс објави видео на кое што роботот Спот Мини сам си отвора врата. На видеото се гледа како роботот со четири нозе, кој наликува на куче, со „рака“ успева без проблем да отвори врата.