Има ли некој што не го држел лаптопот во скут и јадел додека гледал филм или проверувал што има ново на Facebook? Колку често ви паѓаат ронки од храната и влегуваат под копчињата на тастатурата? Веројатно многу почесто отколку што мислите.
Компанијата Apple патентираше тастатура која е дизајнирана да биде отпорна на нечистотија. Се работи за тастатура која ќе се справува со нечистотијата која се акумулира под копчињата и предизвикува проблеми со функционалноста.
Ако некој ви каже дека никогаш не јадел додека работел на лаптопот или пред мониторот и над тастатурата од својот десктоп компјутер, при што му паѓале ронки на тастатурата која дополнително збира и прашина (нормално), да знаете дека ве лаже.
Технолошкиот гигант Apple патентираше тастатура којашто не пропушта трошки и слична нечистотија, пишува The Verge. Според решението тастатурата користи два начина да се одбрани од ситните нечисти парчиња.