Huawei е во поход по освојување на пазарот на смартфони. Тие го најавија новиот Mate 10 Pro минатиот месец, а сега компанијата е подготвена да го промовира и новиот P20 на саемот во Париз на 27 март оваа година.
Следниот премиум телефон на Huawei од P серијата, или дури неколку од нив, пристигнуваат на 27. март. Тоа го потврди кинескиот производител, но не и тоа дали новиот модел ќе биде P11 или P20.