Долгоочекуваниот судир меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон ќе се одржи на 7 април. Тоа ќе биде главниот меч на УФЦ 223, кој ќе се одржи во Бруклин, Њујорк. Два пати средбата меѓу нив не се одржа поради проблемите кои ги имаше Русинот.
Во моментов повеќе од логично би било носителот на привремената титула во лесна категорија Тони Фергусон да се исправи против шампионот Конор Мек Грегор. Некои се уште чекаат да ја видат завршницата на трилогијата на Ирецот со Нејт Дијаз.
Се чини дека Тони Фергусон (23-3, 13-1 УФЦ) и Хабиб Нурмагомедов (25-0, 9-0 УФЦ) ќе се борат на УФЦ 223. Настанот се одржува на 7 април во Њујорк, а информацијата ја соопшти Дана Вајт. Претседателот на УФЦ и по последниот настан во Сент Луис рече ...