Германскиот производител на автомобили „Audi“ нема да ја развие третата генерација на спортскиот модел „R8“. Информацијата беше потврдена од Петер Мертенс, техничкиот директор на компанијата, во интервјуто за „Car and Driver“.
Имено, шефот на одделот за технички развој во Audi, Питер Мертенс во интервју за време на одржувањето на авто салонот во Женева откри информација дека новиот A8, ќе биде последниот модел кој ќе добие W12 погонска единица.