Листата штедачи од „Македонска банка“ не стаса навреме на ревизија во Народната банка. Рокот е пробиен, списоците не се готови. Ликвидаторската управа не успеа во законските 10 дена да ги ажурира имињата на сите клиенти кои вложиле пари во банката.
Ќе се пробијат ли роковите за обесштетување на штедачите од Македонска банка? Помина десетдневниот рок што ликвидаторот законски го има за да ги изготви списоците со штедните влогови и да ги прати до Народната банка. Ќе се пробијат ли роковите за обесштетување на штедачите од Македонска банка? ...
Банка од Америка и Хрватски инвестициски фонд сакаат да ја купат „Македонска банка“, дознава А1. Со Американците, во Белград, продажбата ја договарале разрешените српски менаџери од „Македонска“. Детали од преговорите не се откриваат, а во тајност се крие и името на банката.
Скопје Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија (СФОМ) денеска ги повика надлежните судови да донесат одлука за стопирање на ликвидацијата на Македонска банка. Единствено излезно решение за случајот Македонска банка е Уставниот и Управниот суд на Македонија веднаш да ...
Ликвидацијата не беше единственото решение за „Македонска“ и банката се уште може да се спаси. Во изјава за А1 професорот на Економскиот факултет и поранешен член на Управниот одбор на „Македонска“, Тихомир Јовановски вели, времето ќе покаже дали одлуката на НБРМ била добра, оти е затворена ...
Ликвидацијата на „Македонска банка“ е скроена во блиското опкружување на Гошев, тврдат за А1 извори од банкарските кругови. Спасе Лазаревски, еден од неговите најблиски советници, го споменуваат како лично инволвиран во целата работа.
Уште четири дена од вкупно десет му остануваат на ликвидаторот Ацо Дамчевски да ги изготви списоците за обесштетување на штедачите од Македонска, банка во ликвидација. По истекот на законскиот рок Дамчевски листите треба да ги прати во Народната банка.
Скопје Вработените во Македонска банка, која е во ликвидација, денеска протестираат пред Народната банка во Скопје и бараат средба со гувернерот кому ќе му предложат нов модел за спас на банката. Протестот е во организација на неодамна формираниот иницијативен одбор за спас на Македонска банка.