TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Граѓаните се исплашија од вакцината за свинскиот грип

Нова Македонија - 25.12.2009

Вакцинирањето против А/Х1Н1 има слаб одѕив. Во скопскиот центар за јавно здравје на прсти може да се избројат оние што доаѓаат да добијат вакцина Таму до 14 часот вчера се вакцинирале само 18 лица, а една недела откако се стигнати ...

Состојбата со свинскиот грип во Русија се смирува

Макфакс - 25.12.2009

Состојбата со пандемијата на свинскиот грип Х1Н1, во Русија се стабилизира, а бројот на заболени значително се намалува. Ова во петок го изјави рускиот вицепремиер Виктор Зубков за агенцијата Риа Новости.

Новиот грип ја зеде и осмата жртва во Тирана

Макфакс - 25.12.2009

Педесетипет годишна жена е осмата жртва на новиот тип на вирус А/Х1Н1, соопшти во петокот болничкиот универзитетски центар во Тирана. Како што соопштуваат од болницата таа вчера била примена во инфективната клиника со висока температура и ...

Четворица со несакани ефекти од вакцините

Нова Македонија - 24.12.2009

Министерството за здравство пријавило четири случаи на несакани ефекти по вакцинирањето. Четворицата што ја примиле вакцината се жалеле на премаленост, болки во зглобовите, отекување на лимфните жлезди и намален број на тромбоцити - Ова се ...

Дваесет нови случаи на заболени од Х1Н1

Вечер Прес - 24.12.2009

Вкупно 20 нови пациенти со симптоми на грипот Х1Н1 од кои 11 деца се примени на инфективните одделенија во земјава во последното деноноќие, информираа од Министерството за здравство.

СЗО:Над 11.000 лица починале од свински грип во светот

Макфакс - 24.12.2009

Повеќе од 11.500 лица починале во светот од последиците на свинскиот грип, од откривањето на вирусот во април, па сè до сега, соопшти Светската здравствена организација(СЗО).

Грипот ќе се смири, па ќе нападне во второто полугодие

Нова Македонија - 23.12.2009

Новиот вирус А/Х1Н1 досега го прележале повеќе од 36.000 граѓани. Бројот на заразените се намалува, па минатата недела имало 1.001 болен помалку отколку една недела претходно Ширењето на грипот ќе се намали околу Нова година, кога ...

Грипот стивнува

Вечер Прес - 23.12.2009

Доктор Костовска потврдува дека во Центарот за несакани дејствија досега 4 лица пријавиле одредени реакции предизвикани од вакцината Интензитетот на ширење на свинскиот грип во третата недела од овој месец е во благо опагање.

Бесплатни вакцини за сите граѓани во Србија

Макфакс - 23.12.2009

Сите граѓани на Србија од четврток ќе можат бесплатно да се вакцинираат против новиот грип A H1N1, соопшти српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ.