КИВАНЏА, Конго, 15 ноември (Ројтерс) - Хуманитарни работници вчера почнаа да ги снабдуваат со храна илјадниците цивили во областите окупирани од бунтовниците во источно Конго за прв пат по неколку недели откако конвој со храна на ОН ги помина линиите на фронтот.
Бунтовниците од народот Тутси, предводени од генерал Лоран Нкунда го продолжуваат напредувањето во завојуваниот источен дел на Демократска Република Конго. Бунтовниците стигнале до пред стратегиски важниот град Кањабајонга. Владините трупи се во бекство. Конгоанската армија, според медиумски извештаи, во борбата против бунтовниците добива подршка од војници од Ангола и Зимбабве.
Сегашниот број не е доволен за да ги заштити цивилите од насилствата. БРАЗАВИЛ - Шефот на мировната мисија на ОН побара од Советот за безбедност на светската организација испраќање дополнителни 3.000 војници за да ги заштитат цивилите во источниот дел на Демократска Република Конго.
Војници од Ангола и Зимбабве почнале да навлегуваат на територијата на Демократска Република Конго каде неколку месеци се во тек борби меѓу конгоанските владини сили со војската на нивен поранешен генерал. Се засилуваат стравувањата од реприза на војната која се водеше од 1998 до 2003 година во овој регион богат со рудници за дијаманти и бакар. Во неа тогаш беа вмешани девет африкански нации.
Советот за безбедност на Обединетите Нации ја разгледува можноста за дополнителни мировни трупи во Демократската Република Конго каде страдаат цивили во борбата меѓу владините сили и бунтовниците.Шефот на мировната мисија Алан ле Рој изјави дека владините сили во повлекување силувале и ограбувале цивили.
Светот стравува од повторно избувнување војна, која беснееше од 1998 до 2003 година. Киншаса- Најмалку 50 цивили се убиени во источниот дел на ДР Конго, соопшти вчера невладината организација Хјуман Рајтс воч и побара повеќе војници на Обединетите нации.
Со оглед на континуираното насилство на истокот на Демократска Република Конго, Советот за безбедност на ОН планира засилување на мировните трупи ангажирани во таа земја. Во Советот постои принципиелна согласност околу тоа, се дознава од дипломатски кругови.
Можно е Ангола да се вклучи во конфликтот во Конго. БиБиСи се повикува на серија непотврдени извештаи дека анголски војници пристигнуваат во кризниот регион. Заменик министерот за надворешни работи на Ангола, Џорџ Чикоти, изјави дека земјата будно ги следи случувањата во случај да треба да интервенира.
Најмалку 50 цивили се убиени во источниот дел на ДР Конго, соопшти денеска невладината организација Human Rights Watch и побара повеќе војници на Обединетите нации. „Според локалните извори и цивилите што побегнале пред убиствата во градот Кивању, таму се убиени најмалку 50 цивили, а повеќето убиства ги извршиле силите на бунтовничкиот лидер Лорен Нкунде, како одмазда кон оние што ги сметаат за ...
Бунтовниците во Конго најавуваат напад на мировниците. НАЈРОБИ - Лидерот на бунтовниците, Лорен Нкунда, вчера изјави дека е подготвен да се бори против регионалните мировници ако тие влезат во источниот дел на Демократска Република Конго и ги поддржат вооружените сили на Конго и нивните сојузници.
Се разгоруваат борбите во Демократска Република Конго во кои во последните 24 часа се убиени најмалку 50 цивили. Повеќето убиства ги извршиле силите на одметнатиот лидер од војската Лорен Нкунда, како одмазда кон оние што ги смета за соработници на непријателот, односно на конгоанската влада.
Најмалку 50 цивили се убиени во источниот дел на ДР Конго, соопшти денеска невладината организација Human Rights Watch(ХРВ) и побара повеќе војници на Обединетите нации. „Според локалните извори и цивилите што побегнале пред убиствата во градот Кивању, таму се убиени најмалку 50 цивили, а повеќето убиства ги извршиле силите на бунтовничкиот лидер Лорен Нкунде, како одмазда кон оние што ги сметаат ...
Државите од југот на Африка искажаа начелна подготвеност за испраќање мировни трупи на истокот на Демократска Република Конго. Заедницата за развој на југот на Африка нема пасивно да го набљудува насилството што се одвива таму, се вели во завршната декларација од кризниот самит на шефовите на држави, што се одржа во Јоханезбург.
Франција не успеа да добие поддршка од земјите-членки на Европската унија за испраќање на мировна мисија во Демократска Република Конго. На денешната средба миистерите за надворешни работи и за одбрана, претставниците на Германија и на Велика Британија биле против испраќање на мировна мисија на ЕУ во ДР Конго.
Воениот конфликт во Конго принуди стотици илјади луѓе да ги напуштат своите домови што го привлече меѓународното внимание кон земјата и доведе до изјавата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, дека конфликтот може да се прошири во целиот ...