TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Арафат на божиќна миса во Витлеем

А1 - 23.12.2001

Јордан е подготвен да испрати хеликоптер кој ќе го однесе палестинскиот лидер Јасер Арафат на божиќната миса во Витлеем, која ќе се одржи во понеделник, соопштија јордански извори денеска откако израелците го забранија присуството на Арафат во Витлеем.

И Исламски Џихад ги прекина самоубиствените напади

А1 - 22.12.2001

По Хамас и палестинската радикална група Исламски Џихад објави дека ги прекинува самоубиствените напади во Израел и нападите на израелски мети. Раководството на Исламски Џихад својата одлука за запирање на насилствата ја образложи со фактот дека ова движење не сака да биде виновно за создавање на ...

Хамас прогласи прекин на самоубиствените напади, Исламски џихад одбива

Вест - 22.12.2001

Тел Авив, 22 декември- Милитантната исламистичка организација Хамас вчера соопшти дека привремено ги запира нападите на атентаторите-самоубијци и минофрлачките напади. Одлуката е донесена по средбата во текот на изминатата ноќ меѓу организацијата која стои зад последниот бран самоубиствените ...

Четириесет ранети во битка меѓу палестинските полицајци и милитанти

Дневник - 22.12.2001

ГАЗА Најмалку 40 лица биле повредени во вчерашната престрелка меѓу палестински полицајци и милитанти во камп за бегалци во Газа, јави Ројтерс. Полицајците биле испратени да уапсат свои припадници на радикалните палестински групи кои дејствувале во бегалскиот камп.

Ерупција на насилствата во Израел

А1 - 21.12.2001

Еден Палестинец е убиен, а 14 се застрелани во престрелките меѓу приврзаниците на Хамас и палестинска полиција во појасот Газа. Насилствата еруптираа откако беа уапсени пет припадници на исламистичко милитантно движење. Во меѓувреме, на Западниот Брег израелска армија се врати на позициите на кои ...

Палестински групи се тепаат меѓу себе

Дневник - 21.12.2001

БЛИСКИ ИСТОК Седум Палестинци биле ранети во престрелка откако полицијата на палестинските автономни власти вчера се обидела да уапси висок челник на терористичката организација Хамас во градот Газа, јави Ројтерс. Додека полицијата се распоредувала околу домот на Абдел Азиз ал Рантиси дотрчале ...

Хамас ги прекинува самоубиствените напади

А1 - 20.12.2001

Раководството на Хамас одлучи да бидат сопрени сите самоубиствени напади врз Израелците, но тоа нема јавно да биде објавено, изјави висок преставник на организацијата. Палестинските власти уапсиле 15 припадници на сопствените безбедносни сили за првпат од нивното постоење како дел од нивните напори ...

Израел ќе го намали воениот притисок врз Палестинците

А1 - 19.12.2001

Израел се подготвува да го олесни воениот притисок околу најголемиот палестински град на Западниот Брег за да му се помогне на Јасер Арафат да се справи со милитантите во палестинските редови, соопштија изрелски воени извори.

Жестоки акции и покрај мировниот повик на Арафат

А1 - 18.12.2001

„Се преземаат конкретни мерки за спречување напади врз Израелците’, изјави шефот на палестинските сили на редот во појасот Газа, Мохамад Дахлан во интервју за израелскиот весник „Једиот ахаронот“. „Преземаме мерки во областа на сигурноста за да ги запреме судирите, да го зајакнеме примирјето и да ...

Арафат побара крај на самоубиствените напади, но не се знае дали милитантите ќе послушаат

Вест - 18.12.2001

ЕРУСАЛИМ, 18 декември (АП) - Израелските војници вчера убија еден палестински милитант на Западниот Брег, по што палестинскиот лидер Јасер Арафат ги обвини Израелците дека ги зајакнуваат воените акции. Престрелката во Хеброн се случи еден ден откако Арафат преку телевизија ги повика милитантите да ...

Палестинскиот водач Арафат ги замоли Палестинците да не убиваат Израелци

Дневник - 18.12.2001

БЛИСКИ ИСТОК Водачот на Палестинците Јасер Арафат апелираше до сите палестински милитантни групи и поединци да ги запрат терористичките напади врз израелската армија и цивилите, јави Ројтерс. - Особено сакам да апелирам за запирање на самоубиствените бомбашки напади, кои отсекогаш најостро сум ги ...

Арафат повика на прекин на „бруталната војна“

А1 - 17.12.2001

Израелската полиција уапси двајца водечки палестински политичари, како и нивни заменици поради непочитување на наредбата за неодржување на националистички собири во Ерусалим. Околу 150 луѓе се собраа пред хотелот каде требаше да се одржи средбата, очигледно неупатени на израелските забрани.

Палестинците затворија повеќе канцеларии на Хамас и Исламски Џихад

Вест - 17.12.2001

НАБЛУС, Западен Брег, (Ројтерс) - Палестинската власт вчера затвори барем 12 канцеларии на Западниот брег кои биле поврзани со муслиманските милитнтни груп Хамас и Исламски Џихад. Овој чекор е преземен по затворањето на 13 канцеларии што им припаѓаа на овие две исламски групи во областа Газа во ...