Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд пристигна во Пакистан кој е петта станица во неговата турнеја во земјите од авганистанскотот опкружување и Русија. Тој во Исламабад пристигна од Ташкент каде што изјави дека американската кампања во Авганистан доживува видлив прогрес.
Ташкент/Исламабад, 5 ноември - Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд вчера изјави дека Талибанците веќе не функционираат како влада по 4 недели амењриканско бомбардирање. Тој ова го изјави во Исламабад по средбата со пакистанскиот минситер за надворешни работи Абдул Сатар.