Големите спортски легенди, некогашни спортски асови на Македонија, денеска играа на меморијалниот турнир во одбојка и мал фудбал во Крушево, за големата поп ѕвезда, за големото како што го нарекуваат спортско срце, Тоше Проески. Горгиевски, Манасков, Најдовски, Богоески, Србиновски, Мутибариќ, Сејдиу и другите зад себе имаат илјадници спортски натпревари. Се радувале кога победувале.
Тоше го поддржуваше спортот и го основа одбојкарскиот клуб „Синалко“ од Крушево Во чест на Тоше Проески в недела, во 12 часот, во спортската сала во Крушево ќе се одржат два хуманитарно-спортски натпревара во кои ќе учествуваат многу домашни спортски легенди.
Скопје, 11 октомври (МИА) - Според христијанските црковни обичаи денеска во Крушево ќе се одбележи една година од смртта на најголемата македонска музичка икона Тоше Проески, миленикот на сите генерации.
Македонија може ќе ја избегне светската криза, ама не може да ја совлада таа што самата ја произведува Ниту македонската мегаѕвезда Тоше Проески не може толку да не' обедини колку што можат да не' разединат македонските политичари.
Животот на Тоше Проески беше како комета - се вивна кон небото, блесна и осветли и отиде да сонува ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА Дваесет и шест години е многу кусо време. Уште не си тргнал, а треба да застанеш и да не се вртиш наназад.
Вчерашната емисија „Проверено“ на хрватската ТВ Нова беше целосно посветена на македонската поп-икона Ексклузивна снимка од средношколските денови (трета година) на Тоше Проески вчеравечер беше емитувана во рамките на емисијата „Проверено“, која се емитува на хрватската ТВ Нова.
Во период од десет дена на двајца музичари им појде од рака да го кренат на нозе Балканот. Мадона на 26 септември привлече 60.000 фанови во Будва и 75.000 два дена подоцна во Атина, а за Тоше Проески на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје се собраа 45.000 обожаватели од балканските простори.
Веднаш сфатив дека е човекот со најголема харизма што некогаш сум го слушнала и се обидов да го споредам со Здравко Чолиќ.
За една недела Македонија повторно ќе запали свеќи. Се навршува една година од прераната смрт на младиот пејач. Тоше Проески имаше само 26 години. Половина од својот живот го помина во родното Крушево. Потоа замина за Битола. Се запиша во Музичкото училиште каде ја започна својата кариера.
Со „Ве сакам од срцето и душата“ и антологиската „Зајди Зајди“ започна концертот во чест на музичката икона Тоше Проески. Многу емоции, но искажани преку песна, 40 илјадната публика вечерва пееше наместо поп иконата Тоше Проески.
Светле Јордановска, Скопје Нема поминато ниту една година откако не' напушти, а беше кажано дека не смее никаков концерт во негово име да се прави порано. Неговата менаџерка побрза, божем да му ги исполни неговите желби, ама повеќе ми се чини дека ги исполнува сопствените желби.
Над 45.000 посетители беа дел од четиричасовниот концерт посветен на македонската поп-икона Катерина Шекеровска Потресно и драматично беше да се присуствува на завчерашниот концертен спектакл „Те сакаме сите, Тоше“, кој ги обедини најголемите балкански и други музички ѕвезди што соработувале или на ...
Завчерашното појавување и говорот на премиерот Никола Груевски на хуманитарниот концерт посветен на трагично загинатата македонска поп-икона Тоше Проески предизвикаа лавина реакции.
Турска инвестиција во Бунарџик, 60.000 нови жители. „Манаки“ се сели во Скопје. Долго време читаме вакви наслови по дневните весници . Мислев дека времињата на луди миграции завршија одамна, но се чини, се лажам.
Во чест на својот идол, повеќе од 40.000 обожаватели со мобилните телефони го направија „ѕвезденото небо“ на Тоше Студена есенска квечерина. Река од луѓе полека чекори. Скопските улици никогаш не биле толку тивки, молчаливи како завчера, непосредно пред концертот насловен „Те сакаме сите, Тоше“.
Колкав е денешниот рејтинг на премиерот на Република Македонија? Дали има скок од вчерашниот? Колкав е скокот, значителен или незабележлив? Верувам дека денеска сите анкетни агенции на Никола Груевски се ставени во погон да го испитаат ефектот од неговото неделно појавување на концертот посветен на ...
Антологиската „Зајди зајди“ го отвори синоќешниот мега спектакл на Градски, прерано испеан реквием од човекот кој стана ѕвезда и остана идол. Кога минатата година се раздели од својата публика, пораката „сите ве сакам, се гледаме до година“, не знаеше дека ќе биде негов аманет.
Во чест на Тоше повеќе од 40.000 посетители на големиот хуманитарен концерт заедно со Калиопи, Наум Петрески, Адријан Гаџа, "Синтезис", Симон Трпчевски, Аки Рахимовски, Леонтина, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Билјана Крстиќ, Руслана, Жељко Самарџиќ и многу други ги испеаја "Иконо Моја", ...
НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ ЗА ТОШЕ ОД ГРАДСКИОТ СТАДИОН Над 40 илјади гледачи и дваесетина звезди од девет држави пееја до доцна во вечерта на Градскиот стадион во Скопје во чест на македонската поп ѕвезда Тоше Проески.
Тендер за изградба на патот на Тоше Министерството за транспорт и врски денеска ќе објави тендер за изведување на градежните работи на патот што ќе го поврзува манастирот „Св.
Имав привилегија да работам со извонреден уметник од вашата земја, кој е еднаков на секој голем музичар во светот - изјави Енди Рајт , кој е продуцент и композитор на четири песни од новиот албум на Тоше Со порака за љубов и хуманост и со апел за продолжување на мисијата на Тоше Проески, дел од ...
Големиот хуманитарен меѓународен концерт насловен „Те сакаме сите Тоше“ собра над 40.000 илјади луѓе од земјава и регионот Желбата на македонската легенда со својата музика повторно да го наполни Градскиот стадион посакана на 5 октомври минатата година на неговиот последен концерт пред домашната ...
Желбата на македонската легенда со својата музика повторно да го наполни Градскиот стадион посакана на 5 октомври минатата година на неговиот последен концерт пред домашната публика синоќа се оствари. Петти октовмри да стане ден на хуманост и музика - е пораката што ја пренесе вчерашниот концерт.
Повеќе од дваесет пејачи од девет држави пеeja на хуманитарниот концерт “Те сакаме сите Тоше“, вечерва на Градскиот стадион во Скопје.
Над 40 илјади луѓе со насмевки и солзи го следеа хуманитарниот концерт „Те сакаме сите Тоше“, што синоќа се одржа на Градскиот стадион во Скопје. Концертот, посветен на македонската музичка икона Тоше Проески, кој загина лани на 16.