Цената на лебот мора да се зголеми, не само поради зголемената цена на увозната пченица, туку и поради тоа што и сегашната е многу ниска и далеку под реалното ниво. Вака коментираат мелничките комбинати од внатрешноста на земјата, освен од Скопје.Според нивните изјави поради конкуренцијата со ...
Мелничко-пекарските претпријатија не гледаат причини за зголемување на цените АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА До почетокот на идната година нема да има промени на цената на лебот, а потоа, ако има корекции, тие ќе бидат минимални, најавуваат претставниците на мелничко-пекарската индустрија.
Мелничките комбинати од Битола и Кичево денеска и официјално најавуваат зголемување на цената на лебот, поради зголемување на цената на пченицата на светскиот пазар. Проценките се дека до крајот на годината граѓаните во сите градови на земјата, освен Скопје, ќе јадат поскап леб и тоа за 30% до 50%.
Цената на лебот до крајот на годинава може да се зголеми дури за 50%, предупредуваат некои од мелничките комбинати во земјава. Причината е двојно зголемената цена на увозната пченица. За да произведе доволно леб за населението, на Македонија годишно и требаат 250.000 тони пченица.