ВМРО-НП бара приватизацијата на ЕСМ да се одложи до полноправното членство на Македонија во ЕУ. Партијата вчера во Собранието поднесе предлог за дополнување на Законот за преобразба на ЕСМ, за кој веќе има поддршка од опозициските партии ЛП, ЗНП, НСДП , ДОМ и ПДП.
Во ВМРО-ДПМНЕ се изненадени од изјавата на премиерот Владо Бучковски дека цената на електричната енергија нема да се зголеми, додека ЕСМ се наоѓа во државна сопственост. "Сметаме дека оваа изјава е испровоцирана од растечкото незадоволство на македонската јавност од приватизацијата на ...
Струјата нема да поскапи. До крајот на идната година. Која е изборна. Така кажа премиерот. А ако тој тврди, тогаш е така. Тоа што Регулаторната комисија за енергетика како "независна" институција треба да го каже последниот збор околу цените на електричната енергија, нафтата и гасот нема врска.