Босанската полиција денеска соопшти дека уапси три лица, осомничени дека поставиле експлозивна направа во трговски центар во градот Витез, во централниот дел на Босна. Воо четвртокот при експлозија на бомба загина едно лице, а уште три беа ранети. Причината за бомбашкиот напад се уште не е позната.
ЕДЕН ЗАГИНАТ, ДЕСЕТИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ВИТЕЗ Едно лице загина, десет се повредени, меѓу нив и едно бебе во експлозија на бомба што се случи денеска околу 13 часот во трговски центар во градот Витез во Босна и Херцеговина.
Едно лице било убиено, а три биле повредени во експлозијата што се случила во супермаркетот на трговскиот центар „ФИС“ во босанскиот град Витез, јави Б92.
Еден маж загина, а други пет лица се повредени, меѓу кои и едно бебе, при експлозија што попладнево се случи во трговски центар во градот Витез во Босна, пренесуваат локалните медиуми. Според првичните информации, се работи за бомба која веројатно од далеку ја активирало непознато лице.
- Експлозивна направа беше активирана денеска околу 12.40 часот во трговскиот центар ФИС во Витез, изјави Љубица Томашевиќ, портпарол на полицијата во Травник. Според неа, еден човек загинал и три се повредени од кои едно е во критична состојба. Томашевиќ наведе дека во тек е истрага за инцидентот.
Вчера, во експлозија во трговски центар во босанскиот град Витез загина едно лице, а три се повредени, од кои едно е во критична состојба, соопшти полицијата.
Во трговскиот центар ФИС во Витез денеска се случила експлозија во која според првичните информации, имало загинати и повредени, рекол заменик директорот на Агенцијата за истрага и заштита на Босна и херцеговина, Драган Лукач.