Откако европската ракометна федерација синоќа му го отфрли барањето да се преигра четвртфиналниот натпревар од лигата на шампионките против Астрок Сагунто, Кометал Ѓорче Петров без проблеми денеска го освои првиот сезонски трофеј на домашната сцена.
ЕХФ се уште без изјави од судиите од мечот од ЛШ со Астрок Сагунто Најдоцна до понеделник Кометал Ѓорче Петров очекува да добие одлука од дисциплинската комисијата при Европската ракометна федерација (ЕХФ) по поднесената жалба за бројни неправилности во реванш четвртфиналниот меч со Астрок Сагунто ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ), с¢ уште не расправала по протестот на Кометал Ѓ.Петров за контроверзните одлуки и материјалната повреда на правилата на ракометната игра на реванш средбата од 1/4 финалето во Лигата на шампионите во Скопје со шпанската Астрок Сагунто.
Одлуката по жалбата на Кометал ЃП и барањето за преигрување на мечот со Астрок Сагунто, ќе биде позната в петок попладне. Дотогаш членовите на Натпреварувачката комисија при ЕХФ ќе ги разгледа сите материјали што канцеларијата на ЕХФ ги има.
КОМЕТАЛ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА НА ЕХФ Бране Андриевски Европската ракометна федерација треба да има доблест и смелост да пресече и да реши натпреварот Кометал ЃП - Астрок Сагундо да се преигра, бидејќи на средбата во Скопје имаше класична повреда на правилата на ракометната игра и тоа во неколку ...
ПО ЖАЛБАТА НА КОМЕТАЛ ЃП Европската ракометна федерација (ЕХФ) покрена дисциплинска постапка за случувањата и за инцидентите на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Кометал ЃП и Астрок Сагунто, кој се одигра во саботата во Скопје. Ова е соопштено во вчерашното известување од ЕХФ.
ЖДРЕПКА ЗА ЕВРОКУПОВИТЕ (ЖЕНИ) Доколку не биде поништен вториот четвртфинален натпревар против Кометал ЃП, шпанскиот претставник Астрок Сагунто, според вчерашната ждрепка во ЕХФ, во полуфиналето од Лигата на шампионките ќе игра против данскиот Виборг.
ЕХФ ПОКРЕНУВА ИСТРАГА Канцеларијата на Кометал Ѓорче Петров вчера беше известена дека првостепената комисија на Европската ракометна федерација ќе ги разгледува инцидентите на реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите со Астрок сагунто, одигран во саботата во Скопје.
Ждрепка за полуфиналето во Лигата на шампионките Шпанскиот првак Астрок Сагунто, кој во четврт-финалето од Лигата на шампионите го елиминира македонскиот Кометал Ѓорче Петров, за противник во полуфиналето го доби данскиот вицешампион Виборг, а првиот натпревар ќе се одигра во Валенсија.
Одговор од ЕХФ на протестот од Кометал ЃП за мечот со Астрок Сагунто од ЛШ На тапет судиите, делегатот на мечот и "поцрвенетите" - тренерот Мајо и Пуче РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Европската ракометна федерација (ЕХФ) поведе дисциплинска постапка за случувањата на возвратниот натпревар од четврт-финалето ...
Шпанскиот тим на Астрок Сагунто во полуфиналето на Лигата на шампионките ќе игра со данскиот Виборг. Ждрепката сакаше Шпанките во првиот меч на 15 или 16 април да бидат домаќинки, а следната недела реваншот да го играат во Данска. Во второто полуфинале играат Олборг и Крим Меркатор.
Во Виена е поведена дисциплинска постапка за црвените картони на тренерот Кристина Мајо и играчот Пуче Дијаз Европската ракометна федерација (ЕХФ) од Виена му ги замачка очите на Кометал ЃП со неговите жалби за слабото судење и лакрдијата што се случи во последните минути од четврт-финалниот дуел ...
По протестот што го упати Управата на Кометал Ѓ.Петров до седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена, за сето она што се случуваше за време на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите со шпанскиот тим Астрок Сагунто, стигна експресна реакција од ЕХФ.
Ова е исходот од денешната ждрепка во Виена. Од седиштето на ЕХФ за нас позначајна е информацијата дека е разгледана жалбата на Кометал Ѓорче Петров по контроврзната завршница на реванш четвртфиналниот дуел во Скопје по која шпанскиот Сагунто се најде во полуфиналниот варабан.
Кометал Ѓорче Петров по четврт-финалните дуели со Астрок Сагунто во Лигата на шампионите Потребна е нова визија и за играта, а не само нови засилувања РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Со самиот пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите, Кометал Ѓорче Петров ја оствари основната цел што си ја зададе ...
Уште во саботата, по мечот, луѓето од ЕХФ од свои извори биле запознати со однесувааето на делегатот, судиите и на гостинскиот тренер Кристина Мајо Никој директно не ја презема одговорноста за елиминацијата на Кометал Ѓорче Петров во четврт-финалето на Лигата на шампионките од шпански Астрок ...
Одамна на еден натпревар од Лигата на шампионите во ракомет не се случило да има 15-минутен прекин и многу спорни моменти, што резултираше со елиминација на Кометал Ѓ. Петров. Рака на срце, голем дел од вината што ѓорчепетровки не се најдоа во полуфиналето сносат самите, бидејќи на две минути пред ...
Македонскиот спорт се уште во шок. Не дека сме велесила, па тешко ни паѓа тоа што од средината на март ќе бидеме без тим во евро-куповите, туку затоа што уште еднаш се потврди дека најтешко се доаѓа до она што навидум изгледа толку блиско.
РАКОМЕТ Со голот на МВП-то на натпреварот, Шпанката Кабрал Барбоса, во последната секунда од натпреварот Астрок Сагундо го елиминира македонскиот првак Кометал ЃП од натамошните борби во Лигата на шампионките. Контроверзните последни 22 секунди од натпреварот во саботата оставија белег на средбата ...
РЕВАНШ ОД ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА ЛШ: КОМЕТАЛ - АСТРОК Во своето 13. учество во Лигата на шампионките актуелниот европски вицешампион Кометал ЃП не успеа да ги оствари најавите да игра во ново европско финале. Последниот македонски претставник во еврокуповите го заврши настапот во ЛШ не успевајќи во ...
РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ - КОМЕТАЛ ЃП ЕЛИМИНИРАН ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО Во шок и во солзи, ѓорчепетровки завршија со Лигата на шампионите за оваа сезона. Бездруго, ќе им требаат неколку проспиени ноќи за да сфатат како. Наивно. Едноставно, како да им се понудија на Шпанките да бида КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ...
Кометал ЃП елиминиран од Астрок Сагунто во четврт-финалето на ЛШ и покрај победата во реваншот од 29:27 Шпанките направија 4:1 по негативата од 23:28 во 57,48 мин. РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Повеќето голови постигнати на гостински терен, комбинирани со победата во Валенсија од 26:24, го одведоа Астрок ...
Поради материјална повреда на правилата Кометал Ѓорче Петров ќе упати официјален протест до Европската ракометна федерација поради материјална повреда на правилата од летонските судии Столаровс и Личис при исклучувањето на тренерот на Астрок Сагунто, Кристина Мајо.
Казна за судиите и делегатот - мала утеха Дуелот меѓу Кометал ЃП и Астрок Сагунто, што заврши со победа на нашиот првак од 29-27, повеќе од веројатно е дека нема да биде поништен ниту оспорен од ЕХФ, и покрај најавената жалба на орчепетровки за материјална повредаа на правилата, што директно ...
Сала Јане Сандански. Гледачи: 2.500. Судии: Столаровс и Лицис (двајцата од Летонија). Делегат: Кенан Сиврикаја (Турција). Кометал ЃП Колесник 2 одбрани и 1 седмерец, Луковиќ 10 одб., Натчиванли 0/1, Платон 1/1, Бајрамовска, Бујанова 4/7 (1 од пенал), Озел 8/18, Радуловиќ 8/9 (2 од пенал), А.
Последните 26,4 секунди од мечот се доигруваа речиси 20 минути. Причина за одолжувааето се неколкуте спорни моменти на кои реагираа двете екипи. Прво тренерот на Кометал Портној се жалеше зошто не добил тајмаут, велејќи дека навреме го побарал, а судиите досудија пробиваае и гостите погодија во ...
Пропуштената предност на Кометал Ѓорче Петров против Шпанките за пласман во полуфиналето на ракометната Лига на шампионките, сепак, најмногу ќе ги боли во самиот клуб. Колку и да се нервираше и да тагуваше завчера половина Македонијаа, тоа сепак не им дава за право да се затворат пред јавноста.
Ѓорчепетровки имаа само едно исклучување за 57 минути, а четирите казни во последните 3 минути беа причина да се стопи предноста од 5 разлика Само неколку секунди го делеа Кометал Ѓорче Петров од полуфиналето во ракометната Лига на шампионки.
По средбата Кометал Ѓ.Петров - Астрок Сагунто, немаше, како што е вообичаено прес-конференција, со актерите или тренерите на екипите. По повеќеминутно чекање, новинарите си заминаа, бидејќи никој не дојде да ги информира дали ќе има прес или не.