Денеска повеќе Ракови ќе бидат насочени кон повеќе дополнителни активности бидејќи сакаат да заработат повеќе. Ваквата ситуација многу ќе ве исцрпува. Раковите што планираат да го променат местото на живеење или, пак, да тргнат на пат ги очекуваат проблеми.
Ќе бидете расположени. Ве очекува пријатна средба со личност од женски пол што долго не сте ја виделе и која многу ќе ве израдува. Раковите од третата декада ќе бидат насочени кон партнерот и ќе очекуваат иницијатива, поддршка, па дури и ангажирање со обврските што се само ваши.