Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров денеска, во законскиот рок, преку Државната изборна комисија поднесе жалба до Врховниот суд на Република Македонија во врска со резулатите од референдумот, што се одржа на седми овој месец.
Тодор Петров е решен до крај да ја истера работата со референдумот.. Тој ќе оди до последната инстанца која законот му ја дозволува – Врховниот суд.. Петров денеска попладне ја поднел жалбата до Државната изборна комисија, 20 минути пред истекот на рокот.
ТОДОР ПЕТРОВ ГО ПРОГЛАСИ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ФАЛСИФИКАТ На избирачкиот список имаше 300 илјади фиктивни избирачи, власта ги заплашуваше граѓаните, ги поткупуваше со брашно и со дрва за огрев, а Државната изборна комисија (ДИК) ги фалсификува резултатите, рече вчера Тодор Петров, иницијатор на ...
Најголемата опозициска партија немала исти ставови со Светскиот македонски конгрес за одѕивот и одбила да практикува улична демократија Поради спорот околу референдумот Петров не присуствувал на потпишувањето на Декларацијата на Црвенковски Тодор Петров и опозициските партии се спукале непосредно ...
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Светскиот македонски конгрес смета дека резултатите од референдумот што ги објави Државната изборна комисија се фалсификувани и затоа не ги признава. Претседателот на СМК, Тодор Петров, поднесе жалба до Врховниот суд откако ДИК го одби неговиот приговор.
БилЈана Ванковска Кога и на меѓународната заедница # се случи Граѓанинот (на Македонија), тоа беше директен удар на една убаво замислена слика за "демократија без народ" Парадоксално, но во последните 13 години, Македонија како да е постојано "осудена" да го носи ореолот на success story.
Петров денеска јавно потврди дека има судир меѓу него и партиите од опозицијата, кои застанаа зад референдумот. За него е симптоматично што неговите партнери од опозицијата го оставиле сам во намерата да ги оспори резултатите од референдумот и не поднеле ниту една жалба до Државната изборна ...
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Државната изборна комисија (ДИК) вчера го отфрли приговорот на Тодор Петров, иницијатор на референдумот, кој се жалел дека имало неправилности и незаконитости во спроведувањето на референдумот од 7 ноември.
ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Резултатите од референдумот делумно се одраз на недоволноразвиената демократија, која останува заробена помеѓу силната партизација и етнизација на граѓанското тело, се вели во соопштението на Граѓанското движење на Македонија.
Оцени на Граѓанското движење на Македонија Граѓанското движење на Македонија низ сопственото дејствување активно поддржа еден значаен демократски процес и ја зајакна сопствената структура и членство во земјава. Низ специфичната кампања тоа го потенцира и сопствениот идентитет во однос на сите други ...
Одлука на Државната изборна комисија по приговорот на организаторот "Државната изборна комисија го отфрли приговорот на Тодор Петров како недозволен. ДИК најде дека Петров не се јавува како граѓанин, како што е пропишано со Законот за референдум, туку како овластен претставник на предлагачот на ...
ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА Жителите на општината Облешево на 28 ноември ќе излезат на референдум за да одлучат каде ќе биде седиштето на идната заедничка општина - во Облешево или во Чешиново. Одлуката за распишување референдум завчера донесе Советот на Општината Облешево, кој ќе подготви и ...
ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ на македониЈа Резултатите од референдумот претставуваат реален одраз на моменталните односи во Македонија и како такви треба да се прифатат - оценуваат во Граѓанското движење за Македонија. Според нив, апстиненцијата на повеќе од еден милион граѓани ја остава отворена дилемата за ...
ДИК Државната изборна комисија вчера го отфрли приговорот на Тодор Петров за нерегуларности на референдумот и за фалсификат на гласањето. - Приговорот на Петров, како овластен претставник на предлагачот на референдумот, е навреме поднесен, но е отфрлен како недозволен.
Опозициските лидери поради партиски интереси не се согласија да прогласат фалсификат на референдумот, вели Тодор Петров, отфрлајќи ги шпекулациите дека од одредени лидери бил советуван да замине во Австралија. По неговото 5-дневно целосно отсуство од мак Опозициските лидери поради партиски интереси ...
Државната изборна комисија денеска го одби единствениот приговор кој беше доставен до нив за фалсификат на референдумот. Со него СМК бараше референдумот да се поништи зашто бил нерегуларен, а резултатите кои ДИК ги објави да се прогласат за фалсификат.
СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА Македонската телевизија, Сител, Канал 5 и Телма го прекршиле молкот за референдумот, изјави вчера Ѓорѓи Варошлија, претседателот на Советот на радиодифузија. Советот забележа навивачко и сугестивно известување на водителот на телевизијата Сител, кој известувајќи за текот на ...
Албанските партии проценуваат дека по референдумот е зголемена довербата на Албанците спрема Македонците Биљали: По неуспехот на референдумот, зголемена е довербата на Албанците спрема Македонците и климата за градење заедничка држава кај Албанците сега е многу пооптимистичка Борис Георгиевски ...
Совет за радиодифузија Електронските медиуми за време на одржувањето на референдумот коректно ја завршиле својата работа, но сепак препораките од Советот за радиодифузија за покривање на референдумот не биле докрај ?совладани", односно почитувани од одредени медиуми.
оценка на СОВЕТот ЗА РАДИОДИФУЗИЈА Македонската радио-телевизија (МРТВ) не ја исполни обврската утврдена со препораките да емитува специјализирани емисии за информирање на граѓаните за регулативата поврзана со референдумот, со содржината на референдумското прашање и за начинот и за техниката на ...
Државната изборна комисија денеска го отфрли приговорот на Тодор Петров поднесен за како што објаснил претседателот на Светскиот македонски конгрес начинот на кој бил спроведен референдумот.. Петров на седум страници со повеќе десетици примери ги образлож Државната изборна комисија денеска го ...
За време на тридневниот референдумски молк се забележани извесни прекршувања од страна на некои електронски медиуми, соопшти денеска Советот на радиодифузија. Претседателот на Советот, Ѓорѓи Варошлија на дееншната прес конференција рече дека карактеристичен е примерот на навивачко и сугестивно ...
Советот за радиодифузија констатира дека известувањето на телевизиите за референдумот било коректно. Ниту еден од медиумите, што ги прекршиле правилата, нема да биде казнет, бидејќи не станувало збор за избори. Медиумите коректно известуваа за референдумската кампања и за самиот референдум, ...
ДПА Референдумот беше игра за да внесе забуна помеѓу Албанците, вели портпаролот на ДПА, Сулејман Рушити. Според него, односот на Македонците кон референдумот покажа дека Албанците со Законот за територијална организација и не добија којзнае што. - Исходот на референдумот не не изненади.
ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА Жителите на општината Чешиново нема да излезат на референдум на 28-ми овој месец, иако Владата донесе одлука советите на Чешиново и на Облешево да спроведат локални референдуми. Со нив требаше да се реши несогласувањето каде ќе биде општинскиот центар и кое ќе биде името ...
ПОСЛЕДНИ РЕЗУЛТАТИ НА ДИК Одѕивот на гласачите на референдумот за територијална организација, одржан во неделата, е 26,58 отсто, соопшти вчера Зоран Таневски, портпарол на Државната изборна комисија. Според ДИК, на референдумот излегле 454.347 гласачи од вкупно 1.709.536 запишани избирачи.
ПОРАДИ ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ Светскиот македонски конгрес (СМК) ќе поднесе кривични пријави против владејачките партии бидејќи ги фалсификуваа резултатите од референдумот, најави Тодор Петров, претседател на СМК, кој го поттикна референдумското изјаснување за опстанок на територијалната ...
Албанија Тирана - Албанскиот претседател Алфред Мојсиу и честиташе на Македонија за неуспешниот референдум, оценувајќи го слабиот одѕив на гласањето како добар знак за зачувување на стабилноста во регионот. "Македонија со референдумот, без разлика што има Славјани, Албанци и други нации, покажа ...
РЕФЕРЕНДУМ Конечните резултати од неделното гласање ДИК ќе ги соопшти по истекот на роковите предвидени за приговори и жалби, така што тие најрано може да се очекуваат до крајот на оваа или во почетокот на идната недела. Државната изборна комисија ги утврди резултатите од референдумот, според кои ...
ПРЕПОРАКА ОД ОПОЗИЦИСКИТЕ ЛИДЕРИ Откако не успеа референдумот, за тебе е најдобро да заминеш во дијаспората. Добро е да одиш кај Македонците во Австралија. Ваков совет добил претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, од неколку лидери што беа членови на Координативно тело за ...
Коментар - Марјан Блажевски Македонската радио-телевизија скандалозно докажа дека не е и покажа дека нема намера да биде јавен сервис за информирање. Имено, на денот кога во земјава се гласаше на референдум на МРТВ се гласаше за Евросонг! Јавноста од "својот" сервис очекуваше брзи и исцрпни ...
ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ИНФОРМИРАЊЕТО НА ЈАВНИОТ СЕРВИС Македонската радио-телевизија (МРТВ) не известуваше за референдумот според функцијата што ја има - како јавен сервис да ги обезбеди сите потребни информации за граѓаните, смета Љубомир Јакимовски, професор по јавно мислење и поранешен претседател на ...
29 те медиуми кој беа набљудувани за време на референдумот генерално ги почитувале препораките на советот за радиодифузија. Сепак според советот сите медиуми биле доведени во дилема - да бидат професионални и да известат од важен настан како прославата по 29 те медиуми кој беа набљудувани за време ...
Конечната бројка на излезени избирачи на референдумот за територијална организација е 454.347, соопшти вчера Државната изборна комисија. Ова значи дека, на 7 ноември на гласање излегле 26,58 отсто од граѓаните запишани во Единствениот избирачки список, чиј вкупен број е 1.709.536.
26,58% од граѓаните со право на глас, излегле на референдумот. Ова се последните резултати, кои попладнево ги соопшти Државната изборна комисија. Според ДИК, на референдумот гласале 454.347 граѓани, што значи дека референдумското прашање не добило поддржка од граѓаните.
До Државната изборна комисија се уште нема пристигнато ниту еден приговор за воочени неправилности при гласањето на референдумот во неделата. Рокот за поднесување на приговори до општинските изборни комисии, истекува утре, по што, во рок од 48 часа, односно до петок, членовите на ДИК, истите треба ...
ЕКСПЕРТИ ГИ АНАЛИЗИРААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ Александра М. Митевска Референдумот не успеа, но граѓаните испратија јасна порака до политичарите - да внимаваат на секој потег за да не го навлечат незадоволството на избирачите.
ДИК ОБРАБОТИ 95 ПРОЦЕНТИ ОД ПОДАТОЦИТЕ Првичните неофицијални податоци на Државната изборна комисија покажуваат дека на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа гласале 26,24 проценти од населението.
Според Либерално-демократската партија на референдумот излегле 26,1 отсто од гласачите, но резултатот не и прави место на власта за триумфалност туку и дава јасен сигнал да работи поефикасно, посебно на економски план, изјавија вчера од оваа партија.
И покрај генералното оспорување на резултатите од референдумот од претставникот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, вчера до Државната изборна комисија немаше доставено ниту еден приговор за евентуални нерегуларности.
ОБСЕ ЗАДОВОЛЕН ОД РЕФЕРЕНДУМОТ Првичните резултати на Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР покажуваат дека референдумот е во согласност со стандардите за изборни процеси на ОБСЕ и Советот на Европа, а денот на референдумот и кампањата што претходеше се спроведени во општо тивка и редовна ...
ЛДП ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Резултатот од референдумот не е триумф на власта, ниту пораз на опозицијата, туку е победа на граѓаните, кои упатија јасна порака дека Македонија сака и заслужува да биде дел од ЕУ и од НАТО, оцени вчера ЛДП.
СПОРЕД ПРЕМИЕРОТ ХАРИ КОСТОВ На референдумот нема победници и поразени, туку победи Македонија, рече премиерот Хари Костов на вчерашната прес-конференција во Владата. Според Костов, граѓаните покажаа дека се за развој и унапредување на меѓуетничките односи, за суверенитетот и територијалниот ...
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Светскиот македонски конгрес не ги прифаќа резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) и ќе побара Врховниот суд да го прогласи референдумот за нерегуларен, најави Тодор Петров, претседател на СМК.
СПОРЕД НАБЉУДУВАЧИТЕ НА ОДИХР Набљудувачите на ОДИХР, организацијата која е дел од ОБСЕ посетиле 803 гласачки места. Во 96 отсто од нив го оцениле гласањето како добро или мошне добро, а истиот процент важи и за постапката на броењето на гласовите.
ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА „МОСТ“ Одѕивот на гласачите на референдумот беше слаб, власта и Албанците бојкотираа и имаше многу неправилности при гласањето, соопшти Дарко Алексов, претседател на граѓанската асоцијација „Мост“, на вчерашната средба со новинарите.
Над 1,2 милиона граѓани со избирачко право не дадоа поддршка за опстанок на старата територијална карта со 123 општини Одѕивот од 26 проценти или околу 450.000 излезени граѓани на гласачките места не ги постигна дефинираните цензуси за успешност КАТИЦА ЧАНГОВА Седмоноемврискиот референдум за ...
Странските медиуми со големо интересирање известуваат за референдумот Лондон - Бојкотирајќи го референдумот, македонските граѓани им рекоа "не" на националистите и го положија испитот за евроатланска интеграција на земјата. Ова е заеднички коментар на британските медиуми, кои вчера известуваа за ...
Премиерот оцени дека нема победници и поразени по граѓанското изјаснување Владата е подготвена евентуалните слабости од функционирањето на територијалната организација и децентрализацијата да ги решава во од "Нема победници, нема поразени.
Координативното тело на опозициските партии незадоволно од слабиот одѕив на граѓаните Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, по завршувањето на гласањето во неделата вечер изјави дека нема да ги прифати официјалните резултати од ДИК.
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, на гласање излегоа 26,24 отсто од граѓаните, со што референдумот беше прогласен за неуспешен На референдумското гласање излегле 436.202 граѓани од вкупно 1.709.536 запишани избирачи, од нив 409.886 одговориле "за", а против биле 21.471.
Прелиминарен извештај на Меѓународната набљудувачка мисија за референдумот "Референдумот, главно, ги почитуваше стандардите на ОБСЕ и Советот на Европа", соопшти вчера шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР во земјава, Фридрих Бауер, презентирајќи го прелиминарниот извештај на странските монитори ...
Според набљудувачите од невладиниот сектор на гласањето за референдумот Регистрирано неотворање и ненаверемено отворање на гласачки места, нивно дислоцирање, физички пресметки и прекини во гласањето Главна карактеристика на овој референдум за територијална организација е нискиот одѕив на гласачите, ...
Партиите со разумност ги примија резултатите од референдумот Еден ден по референдумот, без емоциите од неделата, партиите вчера ги дадоа првичните оцени за неуспешната граѓанска иницијатива за промена на Законот за територијална органзиација на општините.
СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЕДНОГЛАСНИ Според "Дејли телеграф", вооружени банди и униформирани албански бунтовници се појавиле во неделата во предградијата на Скопје и околните села, заканувајќи се со нови насилства Странските медиуми вчера речиси едногласно оценија: неуспехот на референдумот претставува ...
ПРВИ ОЦЕНКИ НА ОДИХР Референдумот, главно, беше во согласност со меѓународните стандарди за изборни процеси, а ограничениот број неправилности не го нарушија целокупниот процес, соопшти вчера мониторинг-мисијата на ОДИХР по првата оценка за гласањето во неделата.
ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА Светскиот македонски конгрес, кој е овластен набљудувач и иницијатор на референдумот, не ги прифаќа резултатите од Државната изборна комисија, соопшти Тодор Петров, претседател на СМК, на завчерашната прес-конференција на Координативното тело за спроведување на референдумот.
НЕЦЕЛОСНИ РЕЗУЛТАТИ На референдумот гласале 26,24 проценти од вкупниот број гласачи, според првичните нецелосни податоци на Државната изборна комисија. Од 1.709.536 избирачи, на гласање излегле 436.202, од нив за Законот од 1996 година гласале 414.731, против биле 21.471, а 4.845 гласачки ливчиња ...
СДСМ Вечерва нема ниту победници ниту поразени. Граѓаните покажаа дека гледаат кон иднината, а не кон минатото. Македонија денес повеќе од кога и да е е единствена и цела, порача прексиноќа потпретседателот на СДСМ Владо Бучковски по објавувањето на референдумските резултати.
несогласУВАЊА Тодор Петров, иницијатор на референдумот, прексиноќа сакал да објави дека одѕивот на граѓаните на гласањето бил поголем од 50 отсто, но лидерите на партиите во Координативното тело спречиле да го направи тоа, дознава "Дневник".
ОЦЕНКИ НА ПАРТИИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ Граѓаните на Македонија покажаа дека иднината на земјата ја гледаат во ЕУ и во НАТО и дека одбиваат да се вратат назад, оценија владејачката ДУИ и опозициската ПДП по исходот од референдумското гласање.
454.347 избирачи гласале на референдумот одржан в недела, што претставува одзив од 26,58 отсто од вкупно регистрираните 1.709.536 гласачи.. Со овие резултати денеска излезе Државната изборна комисија, според која ,,ЗА,, се изјасниле 427.112, а против 22.2 454.347 избирачи гласале на референдумот ...
Според 95,43 отсто обработени податоци од страна на Државната изборна комисија, одѕивот на гласачите е 26,24 отсто. Од вкупно 1.709.536 запишани избирачи, на гласање излегле 436.200 гласачи. Од нив, "за" гласале 409.886 граѓани, а "против" биле 21.471. Неважечки лив- чиња имало 4.845.
Според оценката на Владата на РМ, вчерашното референдумско изјаснување на граѓаните помина во безбедна, фер и демократска атмосфера, главно во согласност со меѓународните изборни стандарди. Граѓаните на РМ, независно дали се одлучија за гласање по референдумското прашање или се воздржаа од ...
ПИШУВА: ПРЕДРАГ ДИМИТРОВСКИ Ете, и тоа "чудо" заврши. Законот за новата територијална организација на државата го мина и последниот филтер, непосредното изјаснување на граѓаните, преку референдумот како највисок демократски дострел.
Референдумското изјаснување ни влегува во мода. По овој неделниот, за новата територијална организација на државата, извесен Иницијативен одбор на проамериканските здруженија и граѓани и граѓански асоцијации од Македонија најавува нов на кој прашањето по кое би се изјаснувале граѓаните би било дали ...
Шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР, Фридрих Бауер, и покрај обврската за политичка опсервација на мисијата пред и за време на референдумот, вчера не одговори на едноставното прашање колку повикот на власта да не се излегува на гласање влијаел на слабиот одѕив на гласањето.
Владата во Берлин го поздравува исходот од референдумот и смета дека децентрализацијата е значајна за доближување на Македонија кон ЕУ. Портпаролот на министерството за надворешни работи Антија Лендерсен денеска за Дојче веле изјави дека фактот што референдумот не ја обезбеди потребната квота и не ...
Во текот на референдумското изјаснување на граѓаните, набљудувачите на МОСТ регистрирале повеќе нерегуларности, како неотворање на гласачки места, задоцнето отварање, повремени прекини во гласањето, предвремено затварање на избирачките места.
Радиото Б-92 пишува дека референдумот е одржан оти македонските националисти сметаат дека Охридскиот мировен договор им дал на Албанците премногу права бидејќи Владата ја реорганизирала локалната самоуправа, односно ги прекроила границите на некои општини.
Откако стана јасно дека референдумското прашање не го поддржаа мнозинството граѓани, власта излезе со оценка дека референдумот сепак бил успешен, зашто изјаснувањето се одвивало регуларно. Во СДСМ сметаат дека сега не се можни корекции во новиот закон за територијална организација, иако велат дека ...
Британската Влада ги поздрави резултатите на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа во Македонија, нагласувајќи дека во нив геда тоа знак дека Македонците не сакаат ги оживеат етничките тензии. „Владата и албанските и македонските лидери испратија јасен сигнал дека во ...
Референдумот не успеа. Гласале 26,24% од граѓаните. Од нив на референдумското прашање дали сте за територијалната организација од 96-та позитивно одговориле околу 410.000 граѓани или приближно 94%. Против биле речиси 5%. Ова неколку минути пред полноќ го соопшти Државната изборна комисија.
Партиите на Албанците генерално задоволни од вчерашниот референдумски ден. Постигнатиот резултат од нула излезени Албанци и малиот одзив на Македонците од западниот дел на Македонија за ДУИ, ДПА и ПДП бил очекуван. За владеачката ДУИ неуспешниот референдум покажал дека граѓаните не сакаат да се ...
„Референдумот од 7-ми ноември што се одржа во вашата земја, општо гледано е во согласност со стандардите за демократски изборни процеси на ОБСЕ и Советот на Европа. Генерално, референдумскиот ден беше мирен и без нереди. Го поздравуваме фактот што за време на референдумот имаше само неколку ...
Македонија и неделава е тема за медиумите во САД, анти албанското гласање во Македонија пропадна, референдумот е неуспешен, сиромашен исход од гласањето. Етничките Албанци ги задржаа прават во Македонија. Под овие наслови најголемите весници и новински агенции во САД пишуваат за неуспешниот ...
ЗДРУЖЕНА ОПОЗИЦИЈА Половина милион гласови треба да бидат доволен мотив за власта уште еднаш да размисли за корекции во Законот за територијална организација, порача синоќа по затворањето на гласачките кутии лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
ПО САБОТНИОТ МИТИНГ ПО ПОВОД ПРИЗНАВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ Саботниот собир што Сојузот на организации на жени на Македонија(СОЖМ) го организира по повод признавањето на уставното име од Соединетите Американски Држави, а на кој се појави целокупниот државен врв, е грубо прекршување на изборниот молк ...
СПОРЕД АЛБАНСКИТЕ ГЛАСИЛА Референдумот во Македонија не треба да успее бидејќи е закана по стабилноста на целиот регион, коментираа вчера албанските електронски гласила, кои во ударните термини известуваа за референдумското изјаснување во Македонија.
Поповска и Петковски гласаа Убедена сум во позитивните ефекти од референдумот, независно од исходот, изјави вчера Лилјана Поповска, потпретседателка на Собранието од ЛДП. Таа заедно со сопругот гласаше на избирачкото место во Основното училиште „Војдан Чернодрински“ во скопската општина Карпош.
ВЧЕРА СЕ ГЛАСАШЕ ПРОТИВ НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗИАЦИЈА Одsивот на гласачите на вчерашното референдумско изјаснување против новата територијална организиација, според неофицијлани податоци од ДИК и невладината организицја "Мост" и Координативното тело на Тодор Петров, е релативно низок.
ТРИ ЧАСА ПРЕД ЗАТВОРАЊЕТО НА ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА До 16 часот во Штип и во општината Карбинци гласале околу 21 отсто од граѓаните. Бројот на гласачите на 85 гласачки места се зголемуваше во попладневните часови. Најслаб беше одѕивот во селата Горачани, Сушево и Почивало, каде што на гласање излегле по ...
ПРАЗНИ КУТИИ ВО САРАЈ И ВО КОНДОВО Сотир Ристо Само еден Македонец беше регистриран во избирачкиот список со 772 гласачи на избирачкото место 2.432 во училиштето „Борис Кидрич“ во општината Сарај кај Скопје. Членовите на комисијата цел ден се досадуваа и чекаа да се појави Македонецот да гласа, ...
ЕКСПЕРТИТЕ ОЦЕНУВААТ Одѕивот на референдумот е резултат на затворањето на прашањето за иднината на Македонија, зашто признавањето на уставното име од САД предизвика укоченост на граѓаните, ги оценуваат резултатите од изјаснувањето Ѓорѓи Кимов, директор на „Брима Галуп“ и Ило Трајковски, ...
Александра М. Митевска Времето ќе покаже каква е врската меѓу референдумското изјаснување и прославата на американското признавање на уставното име на Република Македонија. Дали неколкумесечната предреферендумска еуфорија издиша само за еден ден по добрата вест од Вашингтон така што граѓаните, ...
ВО ТЕТОВСКО И ВО ГОСТИВАРСКО Најголем дел од граѓаните во Тетовско и во Гостиварско вчера не излегоа на референдум, а гласачките кутии на избирачките места останаа речиси празни. Од вкупно 211 гласачки места во Тетовско, до пладне дури на 80 не излегол да гласа ниту еден граѓанин.
Гласачкиот ден во Струга ќе се заокружи со околу 30 проценти излезени граѓани со право на глас, предвидуваат штабовите на избирачките места во општината што четири месеци остро се спротивставува на владиниот Закон за територијална организација. Инциденти засега не се забележани.
СДСМ ПОРАЧА Исходот од референдумот за СДСМ претставува обврска на сите граѓани на Македонија да им понудиме повеќе и да им обезбедиме реални перспективи, изјави синоќа Владо Бучковски, потпретседател на социјалдемократите. - Референдумот покажа дека граѓаните во Македонија гледаат во иднината, а ...
ДУИ Граѓаните докажаа дека ги поддржуваат новиот Закон за територијална организација и патот кон Европската Унија и НАТО, изјави вчера Ермира Мехмети, портпаролка на Демократската унија за интеграција - Резултатите покажаа дека референдумот не успеа.
Слаб одѕив на Македонците во Струга и во Охрид, Албанците го бојкотираа референдумот Симон Илиевски Вчера попладне, нешто пред 17 часот, на Избирачкото место бр. 1.655, сместено во ОУ ?Браќа Миладиновци? во Струга, насилно се полнеа избирачките кутии.
Референдумското изјаснување во скопските општини помина мирно и без инциденти Гласањето во Сарај, Карпош и во Чаир вчера се одвиваше мирно и без поголеми проблеми ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Гласачките кутии во двете избирачки места во скопското село Кондово вчера останаа празни.
Вчера граѓаните на Република Македонија се изјаснуваа дали да остане територијалната организација од 1996 година Референдумот не успеа, мнозинството граѓани на Република Македонија вчера апстинираа и не ги посетија во доволен број гласачките места.
ТЕТОВСКО ТЕТОВО - Во Џепчиште на гласачкото место 2.003 на кое има 795 запишани избирачи, гласачката кутија остана празна. Насир Јонузи, претседател на Избирачкиот одбор, вели : "Отворивме точно во 7 часот. Тука сме постојано. Досега никој не влезе да побара референдумско ливче".
"МОСТ" Четири избирачки места воопшто не биле отворени, во 19 гласањето не почнало навреме, се преместувале гласачки кутии, отворено се агитирало, се блокирале избирачки места, насилно се полнеле кутии, предвреме се затвориле гласачки места, а неколкупати интервенирала полиција, известија ...
ТИРАНА Референдумот во Македонија не треба да успее, бидејќи е закана по стабилноста на целиот регион, коментираа вчера албанските електронски гласила, кои во ударните термини известуваа за референдумското изјаснување во Македонија.
СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА Бојкот во албанските средини и мал одѕив во македонските, тоа беше главниот впечаток од гласањето во скопските општини. Во селата во кои живее само албанско население апстиненцијата беше целосна. Во Кондово во изборните единици 2451 и 2452, каде што вкупно има 2.323 гласачи, ...
МАКЕДОНИЈА вЧера ГЛАСАШЕ Одѕивот на граѓаните не беше доволен за да биде укинат Законот за територијална организација На вчерашниот референдум, според првите, неофицијални податоци, гласале помалку од 50 отсто од вкупниот број гласачи во Македонија.
КОментар - Бранко Ѓорѓевски Македонија го положи тестот на демократска зрелост. Вчерашниот референдум помина без поголеми проблеми, без инциденти, пресметки, полнење гласачки кутии, фалсификати...Работи кои во нашето практикување на изборната демократија не се ретки и поради кои изборите редовно ги ...
Вчерашниот референдум беше спроведен во тивка и редовна атмосфера и во согласност со стандардите за изборни процеси на ОБСЕ и Советот на Европа. Ограничениот број неправилности не го нарушија референдумското изјаснување. Ова е оценката на мисијат Вчерашниот референдум беше спроведен во тивка и ...
Законскиот рок кој го има ДИК да го соопшти исходот од изјаснувањето е 48 часа откако ќе ги добие резултатите од 34-те општински изборни комисии.. Конечните податоци нема многу да се разликуваат од првичните објавени синоќа на полноќ..
Главна карактеристика на референдумот според граѓанската асоцијација “МОСТ е слабиот одѕив на гласачите, како и отворениот бојкот од страна на владејачкото мнозинство и албанската заедница во Република Македонија. Соопштувајќи ги прелиминарните Главна карактеристика на референдумот според ...
Вчерашниот референдум беше спроведен во мирна атмосвера, и го оценуваме како успешен оцени денеска владејачкиот СДСМ. Излезените 453.752 граѓани на вчерашниот референдум за Социјалдемократскиот сојуз не се за потценување, и затоа оваа партија ја сваќа пор Вчерашниот референдум беше спроведен во ...
Мирно, достоинствено, но и со доза на стравување, скопјани вчера излегоа да го остварат своето граѓанско право. Од обиколката на повеќе гласач ки места остана впечатокот дека до пладневните часови граѓаните на главниот град не манифестираа посебна заинтересираност за гласање.
Координативното тело за референдумот информира дека на 20 отсто од територијата на Република Македонија гласачките места не биле воопшто ни отворени со што се доведува во прашање регуларноста на референдумот. Според иницијаторот на референдумот Тодор Петров, СДСМ во текот на вчерашниот ден ...
Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, гласаше на изборното место во зградата на "Електростопанство" Скопје. "Ова е референдум за иднината на Македонија. Власта го минираше референдумот со заплашување на граѓаните да не излегуваат на гласање, албанскиот фактор вршеше притисок врз ...
Референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, најверојатно, ќе биде неуспешен. Според податоците на граѓанската асоцијација “МОСТ", вчера, до 17 часот, на гласање излегле само 21 отсто од избирачите.
Го остварив своето гласач ко право, излегувајќ и да гласам на референдумот. Она што особено ме радува е тоа што одѕивот е многу поголем од оној кој го објавува ДИК, со што шири дополнителни дезинформации. На моето гласачко место до 13 часот се излезени 23 отсто од гласачите, што ми дава огромна ...
Гласам на овој референдум, со што ја исполнувам својата граѓанска должност. Референдумот е распишан од Собранието на Република Македонија, и сметам дека е редно да се излезе и да се гласа на него. Од рефередумското изјаснување ќе имаме повеќе позитивни ефекти, независно од неговиот резултат.