ГАЗИ БАБА И ЕСМ СЕ ДОГОВОРИЈА Петте трансформатори што ќе ги постави „Електростопанство“ во текот на годинава трајно ќе ги решат проблемите со електричната енергија што ги мачат жителите на општината Гази Баба. На вчерашната средба со општинските власти од ЕСМ ветиле дека најпрво рамномерно ќе ја ...
„ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА“ НЕ СЕ ОТКАЖУВА Откако СДСМ соопшти дека ги снима регистрациите, возачите ги покрија со весници Блокадите што ги организира здружението „Глас за светлина“ во знак на протест поради приватизацијата на „ЕСМ-дистрибуција“ од задутре се селат во другите градови во земјава.
ПРЕД ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА „ЕСМ-ДИСТРИБУЦИЈА“ Владимир Николоски Козметичарка со завршен трет степен - произведувач на козметички производи со договор на дело била вработена како инкасаторка во скопската подружница на „ЕСМ-дистрибуција“ лани во мај.
ВРАБОТЕНИТЕ СРЕЌНИ КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА Собраниската комисија за економски прашања по вчерашната расправа не го поддржа предлогот на група пратеници од опозицијата да се одложи приватизацијата на ЕСМ до зачленувањето на Македонија во Европската Унија, јави МИА.
Комисија за економски прашања Предлогот на група пратеници од опозицијата да се одложи приватизацијата на ЕСМ откако Македонија ќе стане членка на Европската унија, по негативното мислење на Владата, вчера не доби поддршка од собраниската Комисија за економски прашања.
"Глас за светлина" ги сели протестите против продажбата на ЕСМ Блокадите на "Глас за светлина" поради продажбата на ЕСМ "Дистрибуција" од понеделник се селат во другите градови на Македонија. На вчерашната прес-конференција Ромео Јосифовски од Здружението информира дека блокадите во Скопје што се ...
ВМРО-ДПМНЕ Нови бисери на глупоста, така ВМРО-ДПМНЕ ги оцени последните изјави на министерот за економија Фатмир Бесими дека слабиот одѕив на протестите за ЕСМ значи оти граѓаните се согласуваат со продажбата на 27 отсто од фирмата. - Власта или нема поим или свесно манипулира со јавноста.
СПОРЕД СДСМ Портпаролите на Здружението "Глас за светлина", кое ги организира блокадите на Скопје поради продажбата на "ЕСМ дистрибуција", Марина Христовска и Ромео Јосифовски, се активисти на ВМРО-ДПМНЕ и работеле за партијата за локалните избори, тврди СДСМ.
"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" ПОПУШТИ Блокадите против продажбата на ЕСМ од понеделник се селат во другите градови во земјава, јави МИА. Здружението "Глас за светлина" од понеделник ќе ги блокира сообраќајниците во Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Велес, Штип, Струмица, Куманово и во Крива Паланка.
ИНТЕРВЈУ - ИЛИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО Слободан Содиќ Владата има мандат од народот да управува со имотот на државата, но не и да го распродава. Исто како што кираџијата не може да го продава станот во кој привремено живее. Не сум априори против продажбата и влегувањето на странски капитал во ...
50 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ДИСТРИБУЦИЈА Слободан Содиќ Во "ЕСМ дистрибуција" има 50 нови вработувања. Компанијата ги ангажирала новите кадри откако почна да работи самостојно, односно по поделбата на старото "Електростопанство" на три претпријатија.
Протестите и сообраќајните блокади, што деновиве во Скопје ги организираше Здружението "Глас на светлина", од понеделник се селат во девет други градови од државата. Иако за денеска беше закажан завршниот протест во главниот град, тој е откажан, а во текот на наредната недела ќе бидат блокирани ...
Да се стопира приватизацијата на ЕСМ Дистрибуција се до влезот на земјава во Европската Унија. Овој предлог на опозицијата идната недела ќе се најде пред пратениците. Денеска за него расправаше собраниската комисија. Власта го отфрли предлогот. Бил нелогичен.
Протестите против продажбата на ЕСМ завршуваат денеска. Иако организаторите на блокадите најавија дека и утре ќе го блокираат Скопје, се предомислија. Велат, во сабота владините институции не работат, па затоа немало да има ефект од протестите. Но нивните активности не запираат тука.
ИМА ЛИ СЕМЕЈНИ КЛАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА? Трајче Черепналкоски е генерален директор на МЕПСО, а Златко работи во „Мајнел банк“ - консултант за приватизација на ЕСМ Никола Черепналковски е државен советник за енергетика во Министерството за економијa Мирче Котевски Черепналковци ќе му ја одредат ...
Опозиција ВМРО-Народна не е против самиот процес на приватизација на ЕСМ, туку ги напаѓа начинот, условите и законитоста на постапката на приватизацијата. "Сметаме дека ЕСМ треба да биде продадено, но убедени сме дека тоа може да се изврши низ чиста законска процедура, без можности за оштета и по ...
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ Продажбата на "ЕСМ дистрибуција" се прави спротивно на Законот за борбата против корупцијата и ќе се претвори во грабеж на столетието, кој ќе се одрази негативно врз виталните интереси на државата и ќе предизвика социјална експлозија, смета Павле Трајанов, лидер на Демократскиот ...
"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" РЕАГИРА Министерот за економија Фатмир Бесими сака да не направи будали и неуки, држејќи ни часови по енергетика. Вака вчера реагираа членовите на здружението "Глас за светлина" на изјавите на Бесими дека државата продава само 27 отсто од старото ЕСМ.
Последен ден од блокадите на скопските крстосници организирани од здружението Глас за светлина. За утре најавените блокади се откажани. Организаторите велат дека собрале 20 000 потписи од граѓани за стопирање на продажбата на ЕСМ.
Економски некоректно и социјално погубно е во изборна година Владата да го продава ЕСМ Дистрибуција, оцени опозициониот Демократски сојуз. ЕСМ да се продава кога Македонија ќе стане членка на Европската Унија - иницијатива на ВМРО-Народна.
Граѓаните и денеска ги блокираа раскрсниците во Скопје. Но за разлика од претходните денови, на скопските улици немаше голем метеж. Граѓаните и денеска со истите барања до Владата - ЕСМ да не се продава. Претставниците на „Гласот на светлината“ денеска се обиделе до потенцијалните купувачите на ЕСМ ...
ПРОТЕСТОТ ПРОДОЛЖУВА СО НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ Мирче Котевски Блокадите во Скопје против приватизацијата на ЕСМ организирани од здружението „Глас за светлина“ се само израз на волјата на одредена група граѓани, но протестот нема да има влијание врз одлуката на избраните компании што во моментов вршат ...
СПОРНИОТ ИМОТ НА ТАПЕТ Уставниот суд само ќе потврди дека е имун на политички влијанија ако ги отфрли измените во Законот за преобразба на ЕСМ според кои државата по кратка постапка го префрла целиот катастарски неевидентиран имот на фирмите од поранешното „Електростопанство“, пред приватизацијата ...
И вчера продолжија блокадите во Скопје против продажбата на "Електростопанство" Социјалистите се за референдум, а ДОМ предупредува дека со приватизацијата ќе се добие само приватен монопол Блокадите што ги организира „Глас за светлина" на виталните скопски раскрсници ги оневозможуваат возилата на ...
"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" ПОРАЧУВА Веруваме дека премиерот ќе биде доблесен и ќе ја смени одлуката за продажба на "Електростопанство" зашто граѓаните му дадоа поддршка да управува со државата и со ЕСМ, а не да владее и да го распродава државниот имот.
ДОМ ПРЕДУПРЕДУВА Продажбата на ЕСМ и поскапувањето на електричната енергија за многумина ќе значи драматично втурнување во феудален мрак со свеќи на масата, а за македонското стопанство ќе значи колапс, порача вчера Лилјана Поповска од Демократската обнова на Македонија.
СПОРЕД СДСМ По секој ден од протестите против продажбата на "ЕСМ дистрибуција" станува се појасно кои се вистинските организатори на блокадите во Скопје и која е нивната вистинска политичка заднина, оцени вчера СДСМ. - Организаторите веќе и не се кријат.
СПМ Според Социјалистичката партија, од продажбата на ЕСМ граѓаните нема да видат полза оти ќе се случи криминално трошење на парите и поскапување на струјата. Причина за тоа е што Владата не направила стратегија пред да реши да го продаде најголемиот стратегиски капацитет во земјава.
Четврти ден од блокадите на скопските улици организирани од Здружението „Глас за светлина“. Хаосот низ градот продолжи и денеска. Организаторот писмeно ќе им образложи на потенцијалните инвеститори зошто ЕСМ не треба да се приватизира.
Неколку возила паркирани на главните крстосници во градот, по десетина луѓе со транспаренти и невиден сообраќаен хаос во Скопје е она што беше слика првиот ден од протестот кој го организираше невладината организација "Глас на светлина" против продажбата на ЕСМ.
"Блокадите се последно средство со кое сакаме да ја натераме Владата да ја прекине продажбата на ЕСМ. Нервоза која кај граѓаните ќе се јавува во овие пет дена, додека траат протестите во центарот на Скопје, ќе биде минорна во однос на онаа што ќе се почувствува во периодот по продажбата на ЕСМ.
Трет ден иста слика во Скопје. Пет клучни раскрсници се блокирани, а се собираат и потписи против продажбата на ЕСМ. „Се потпишав против продажбата. Многу е лесно да продадеш, тешко е да го направиш, ние тоа сме го имале и за да се направи, сите сме двоеле пари, а кој е сега тој некој да продава? ...
УСТАВНИОТ СУД ГО ОТВОРИ ПРЕДМЕТОТ Уставниот суд формира предмет и веднаш презел дејства за одлучување по иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за преобразба на ЕСМ со кој се регулира катастарски неевидентираниот имот на дистрибуција пред нејзината продажба.
ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ЕСМ Без ниту еден претставник од Владата, приватизацијата на ЕСМ беше тема на вчерашната трибина „Електроенергетскиот сектор на Македонија меѓу приватизацијата на електродистрибутивниот систем и аспирациите за влез во ЕУ“, во организација на ВМРО - ДПМНЕ.
Продолжија протестите на "Глас за светлина" против продажбата на ЕСМ ЛП им даде поддршка на "Глас за светлина" Здружението "Глас за светлина" вчера ги продолжи протестите против продажбата на ЕСМ "Дистрибуција" што ги започна завчера на пет локации во Скопје.
Уставен суд Уставниот суд вчера информираше дека во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за оценување на Законот за продажба на ЕСМ е формиран предмет и веднаш се преземени дејства за одлучување за предметот. "До Уставниот суд на 5 јануари 2006 година е доставена иницијатива од ВМРО-ДПМНЕ за ...
Трибина на опозициската партија против продажбата на "Електростопанство на Македонија" Според ВМРО-ДПМНЕ, партиите треба да образложат што ќе прават со парите од продажбата на ЕСМ и да го прашаат народот дали се согласува со тоа: од вчерашната трибина МАЈА ТОМИЌ Приватизацијата, односно продажбата ...
ТРИБИНА НА ВМРО-ДПМНЕ Владата треба веднаш да ја запре продажбата на "ЕСМ дистрибуција" зашто државата не е подготвена за влез на приватен инвеститор во електроенергетскиот сектор. Ова е заклучокот од трибината што вчера ја организираше Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРОДАЖБАТА НА ЕСМ ПАК ГО БЛОКИРА СКОПЈЕ Здружението "Глас за светлина" и вчера ги блокира петте клучни раскрсници во центарот на Скопје и побара од премиерот да ја спречи продажбата на "ЕСМ дистрибуција", што е цел на нивните протести.
ЗАШТИТА НА ЗАКОНИТОСТА Уставен судија веќе работи на иницијативата за оценка на уставноста на Законот за измени и дополнувања на Законот за преобразба на ЕСМ, поднесена на петти јануари, изјавија вчера во Уставниот суд. Во Судот не сакаат да го коментираат повикот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ...
Хаосот низ улиците во Скопје продолжи и денеска. Колони возила на секоја крстосница, нервозни граѓани, оневозможен нормалниот живот во главниот град. Возилата на брзата помош не стигнуваа навреме за помош на граѓаните. Хаосот низ улиците во Скопје продолжи и денеска.
Електродистрибуција "Скопје" вчера си призна една од своите грешки, што судејќи според бројот на граѓаните кои бараат корекции на нивните сметки и не се толку ретки, ниту толку мали (гледано во износите). Нормално, кој работи тој и греши, а човечки е и да се признае тоа.
Протестите против продажбата на ЕСМ и блокади на повеќе улици во центарот на градот, организирани од Здружението "Глас на светлина", продолжија и вчера, но со помал интензитет. Сообраќајот кој завчера беше целосно блокиран со возила на пет локации во Скопје, вчера се одвиваше во една насока, освен ...
Скопје е веќе втор ден парализиран, блокиран од граѓаните кои се против продажбата на ЕСМ. Денеска излегоа во поголем број од вчера. Велат дека блокирањето на целиот град е единствениот начин нивното барање да стигне до Владата.
Граѓаните со протести, експертите, академиците и опозицијата со дебата се обидуваат да ја убедат власта да ја стопира продажбата на ЕСМ. Сметаат оти Владата нетранспарентно, без стратегија и без визија ја турка приватизацијата. Немаше кој да ги слушне.
ГРАЃАНСКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО СЕ РАДИКАЛИЗИРА Подобро една недела да го парализираме сообраќајот во Скопје, одошто да дозволиме продажбата на „Електростопанство“ целосно да го уништи домашното стопанство за навек. Вака граѓанското здружение „Глас за светлина“ ги оправда блокадите на петте најфреквентни ...
"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОДАЖБАТА НА ЕСМ ГО БЛОКИРАШЕ СКОПЈЕ МВР вчера оцени дека протест со блокирање на главните сообраќајници е небезбеден за жителите на градот и оти организаторот е должен на граѓаните да им обезбеди непречено снабдување со лекови, храна, гориво, Здружението ...
За вработените во "Електростопанство на Македонија" се нудат бенефиции во социјалниот пакет За секоја година работен стаж ќе се исплатува по една и пол плата. Просекот на платите во "Електростопанство на Македонија" е 22.000 денари МАЈА ТОМИЌ Вработените во трите друштва од некогашно ЕСМ, МЕПСО, ...
"Глас за светлина" одржа протести на пет локации во Скопје На пет локации во центарот на Скопје здружението "Глас за светлина" вчера ги започна протестите против продажбата на ЕСМ "Дистрибуција", кои ќе се организираат секој нареден ден, до петок, од 11,30 до 16 часот.
ВМРО-ДПМНЕ ги собра истомислениците да го кренат гласот против продажбата на ЕСМ. Организираше трибина на која нивните членови, претставници од други политички опции, професори и академици ја повикуваа владата да ја запре продажбата на Дистрибуција.
Втор ден од блокадите организирани од здружението Гласот за светлината. Блокирани повторно седумте најпрометни скопски крстосници. Денеска организаторите почнаа и да собираат потписи за стопирање на продажбата на ЕСМ. Втор ден од блокадите организирани од здружението Гласот за светлината.
Голем број улици во Скопје вчера беа под целосна, речиси петчасовна, блокада, како резултат на протестите организирани од страна на Здружението на граѓани "Глас на Светлина". Тие ги повикаа граѓаните на овој начин да ја изразат својата реакција против најавата на Владата за приватизација на ЕСМ.
Министерството за внатрешни работи, во врска со блокадите на повеќе раскрсници и патни правци во Скопје, укажува дека ваквиот начин на изразување протест од повеќе причини може да биде небезбеден за жителите на главниот град.
Во обид да ја спречат продажбата на ЕСМ Дистрибуција, граѓаните денеска повторно излегоа на протести. Овојпат ги блокираа клучните сообраќајници во Скопје. Пет часа главниот град остана во сообраќаен хаос . Граѓаните стравуваат оти продажбата на ЕСМ ќе донесе поскапа струја и нов приватен монопол ...
ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Додека трае втората фаза од тендерската постапка граѓанското здружение „Глас за светлина“ најави парализирање на клучните сообраќајници низ Скопје. Според информацијата, од денеска до сабота, во терминот од 11.30 до 16 часот, блокади со автомобили ќе бидат поставени на пет локации ...
ВИСТИНСКИ ЛИ Е ИНТЕРЕСОТ ЗА ЕСМ? Италијанското електростопанство ЕНЕЛ се уште не испратило свои експерти што ќе вршат длабинска анализа на ЕСМ иако оваа компанија е меѓу четирите најсериозни кандидати за купување на „Дистрибуцијата“, потврдија извори од Министерството за економија.
"Глас на светлината" Здружението "Глас на светлината", како реакција на продажбата на "Електростопанството на Македонија", за неделава најави дека ќе ги блокирани поважните сообраќајници во Скопје. Изразувањето на револтот на улица е чекор на кој повторно се одлучи здружението откако во петокот од ...
ОД ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Здружението "Глас на светлина" од денеска почнува да организира блокади на сообраќајниците во Скопје, како реакција на продажбата на "Електростопанство на Македонија"(ЕСМ). Претставници од Здружението во петокот побараа од премиерот Владо Бучковски да ја прекине приватизацијата ...
Владата очекува потешко кесе од двојното зголемување на капиталот на ЕСМ пред очите на инвеститорите. Високи Владини извори за канал 5 ги открија очекувањата- сега инвестоторите на проценка ке имаат повредна компанија за која ке треба да ги достават своите финансиски понуди.