„Сите кои тврдат дека приближувањето на Србија кон ЕУ е откажување од Косово всушност го залажуваат народот, бидејќи осамената и изолирана Србија нема капацитет да го брани своето Косово“, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ.
Специјалниот претставник на Европската унија за Косово Питер Фејт изјави дека српската заедница на северот на Косово нема да има никаков специјален статус во однос на поголемиот дел од покраината, исклучувајќи каков било облик на кантон или автономија.
Прага Чешка ќе го признае Косово до самитот на НАТО во Букурешт, најверојатно на 2 април, изјави чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг. Тој за медиумите денеска изјави дека „косовската влада ги исполнува условите за преземање на власта“.
Белград Српскиот амбасадор во Бугарија, Данило Вучетиќ соопшти дека е повикан во Белград на консултации, што претставува „мерка која што сведочи за незадоволството на Србија“ со одлуката на Софија да го признае Косово. Вучетиќ изјави дека предал протестна нота на бугарската влада поради одлуката да ...
Приштина Србите на северот на Косово нема да добијат ниту кантони, ниту автономија, изјави денеска специјалниот претставник на Европската унија(ЕУ) за Косово, Питер Фејт. „Тоа не е предвидено и никогаш за тоа не сум разговарал со косовската Влада.
Љубљана Србите кои живеат во Словенија за денеска најавија протести пред православната црква во Љубљана, поради самопрогласената независност на Косово. Србите во изминатиот период одржаа протести против независноста на Косово во целиот регион, најрадикален беше неодамнешниот протест во Белград кој ...
Белград Српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ, му предложил на УНМИК договор „за создавање атмосфера за функционално раздвојување на Србите и косовските Албанци“. Самарџиќ, во интервјуто за „Политика“, нагласува дека предлогот во договорот, кој му бил предаден на Лари Росин, ...
Демаркација или признавање на независноста. Ова е дилемата на партиите во Македонија кога се работи за односите со Косово. Македонската опозиција инсистира, претходно да се обележи границата кон Косово. „Не смееме да дозволиме регионот се уште да се занимава со прашањето на граници.
Денешната средба на Србите припадници на Косовската полициска служба од централниот дел на Косово и претставниците на УНМИК заврши без договор, изјави портпаролот на Косовската полициска служба Ветон Елшани. Тој појасни дека Србите од централниот дел на Косово вработени во КПС останаа на своето ...
СРПСКИОТ ПРЕМИЕР КОШТУНИЦА Српскиот премиер Воислав Коштуница оцени дека формирањето на Меѓународната управна група за спроведување на планот на Марти Ахтисари за Косово е најбрутално кршење на меѓународното право, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и српскиот Устав, пренесува МИА.
ОДГОВОР НА КОСОВСКИТЕ БАРАЊА Ако косовските власти се држат до напишаното во планот на Ахтисари, Македонија најдоцна во јули сериозно би ја разгледувала одлуката за признавање на новата држава Колку побавно ќе се исполнуваат одредбите од планот на Марти Ахтисари за Косово, посебно во делот за ...
СКОПЈЕ ЧЕКА ОФИЦИЈАЛЕН ДОПИС ОД ПРИШТИНА ЗА ГРАНИЦАТА Ирина Гелевска Македонија ќе причека официјален одговор од Владата во Приштина на барањето за итно обележување на границата, пред да го даде својот коментар на изјавата на косовскиот вицепремиер Хајдерин Кучи, кој истакна дека Косово прво ...
БЕЛГРАД, 1 март - Српскиот премиер Воислав Коштуница вчера изјави дека Србија на Косово ја признава единствено мисијата на УНМИК, а дека мисијата Еулекс е незаконска. Оној легалитет кој е сочуван на Косово е содржан во Резолуцијата 1244 и во цивилната мисија на УНМИК која произлегува од таа ...
ХРВАТСКИ „ИНДЕКС“ ЗА КОСОВСКАТА ЕКОНОМИЈА Откако Косово ја прогласи својата независност, во круговите на аналитичарите се разгоре дискусијата за тоа дали Косово е во состојба да преживее како самостојна држава, со оглед на исклучително лошата економска состојба.
Вашингтон - САД згрешија со признавањето на независно Косово, со кое е воспоставен преседан, оцени поранешниот државен секретар и американски амбасадор во Југославија, Лоренс Иглбергер. Тој во интервју за Радио Глас на Америка наведе дека „многумина во Америка и на други места во светот не ја ...
Приштина има јасни задачи да го спроведе планот на Ахтисари, а не да бара признавање Границата во Танушевци поминува речиси низ средиштето на училиштето. Селото две третини е во Македонија, а едниот дел се протега во Косово Димитар Чулев Колку побавно ќе се исполнуваат определниците од планот на ...
На Приштина изгледа не и' одговара проблемот со границата да се реши за една година, односно поблиски и' се отворените сценарија и непогребаните големодржавните проекти Што, всушност, ќе признае Македонија под претпоставка утре да го признае Косово? Која граница ќе се официјализира и може ли да ни ...
Српскиот премиер Воислав Коштуница го отфрли формирањето на Меѓународната управна група (ИСГ) за спроведување на планот на Марти Ахтисари, која во српските медиуми веќе го доби прекарот „Нови газди на Косово“. - Оваа самонаречена и незаконска Меѓународна управна група го назначи Питер Фејт на ...
Брзото завршување на разграничувањето е во интерес на двете страни и нема потреба од меѓусебни условувања, предупредуваат експертите Во планот на Марти Ахтисари не прецизно е посочен редоследот - дали прво да се обележи границата или да се признае независноста на Косово, но брзото решавање на ...
Припадниците на Косовската полициска служба (КПС) од српска националност од централниот дел на Косово, кои веќе втор ден протестираат барајќи натамошните упатства за работа да ги добиваат исклучиво од УНМИК, се истрајни во своите барања, изјави денеска командантот на полицискта станица во Грачаница ...
Претставникот на Европската унија за Косово Питер Фејт ги обвини српските власти дека се обидуваат да ги прекинат врските меѓу Албанците и Србите на Косово. Приштина, 1 март (МИА) - Претставникот на Европската унија за Косово Питер Фејт ги обвини српските власти дека се обидуваат да ги прекинат ...
Софија Владата на Бугарија ја официјализираше денеска одлуката за признавање на независноста на Косово. Двете држави ќе воспостават дипломатски односи на ниво на амбасади, а детали за одлуката на Владата во Софија попладнево ќе соопшти премиерот Сергеј Станишев.
Приштина Косовската Влада има намера во јуни да организира прослава на независноста, кога се очекува конституирање и пренос на сите овластувања на косовските институции. Ова денеска го пишува приштинскиот весник „Коха диторе“, при тоа додавајќи дека на свеченоста ќе бидат повикани делегации на ...
Белград Важно е НАТО да ја прими Македонија, со што Алијансата ќе се спротивстави на сите агресивни напади од Косово или Албанија. Ова, во интервјуто за српските медиуми, го изјави бившиот американски амбасадор во Белград Лоренс Иглбергер.
Белград/Москва Советот за безбедност на Обединетите нации(ОН) денеска ќе одржи седница за Косово на барање на Русија како постојана членка. Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија се обидоа неуспешно да го блокираат одржувањето на седницата, јавуваат руските гласила, повикувајќи се ...
Белград Досегашниот српски премиер Воислав Коштуница и лидерот на Радикалите, Томислав Николиќ начелно договориле постизборна коалиција, пишува весникот Блиц. Според извори на весникот, Коштуница одлуката да го објави падот на владата ја донел, откако претходно Николиќ изразил подготвеност по ...
Софија Одлуката на бугарската Влада да ја признае независноста на Косово не треба да изненадува никого, тоа е законско, изјави денеска бугарскиот премиер Сергеј Станишев. Тој, ваквата изјава ја даде по повод одлуката на Министерскиот совет ја призна независноста на Косово.
Белград Претстојните избори не се за или против Европа, туку се за или против Србија, изјави Воислав Коштуница на првата предизборна конвенција на коалицијата на Демократската партија на Србија и Нова Србија. „Србија е слободна земја, ние сме слободен народ и никој не може да ни се заканува и да не ...
Приштина Разговорите за одбележувањето на границата меѓу Косово и Македонија треба да започнат откако официјално Скопје ќе ја признае ново прогласената држава. Ова го порача командантот на мултинационална бригада Исток во составот на КФОР, американскиот генерал Џон Даворен.
Брисел Шефовите на дипломатии на Европската унија (ЕУ) денеска во Брисел ќе ја разгледуваат ситуацијата на Косово по прогласувањето независност во Приштина. Според најавите, тема на средбата ќе биде настојувањето на Унијата целосно да ја распореди правосудно-полициската мисија чии претставници не ...
Белград Одлуката на претседателот Џорџ Буш за вооружување на Косово е „уште еден, многу погрешен чекор на САД, по нелегалното признавање на едностраната независност“, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница. Тој посочи дека на Косово веќе има премногу оружје и наместо дополнително да ги вооружува ...
Белград УНМИК се уште не донел одлука за одржување на локалните и парламентарни избори на Косово. Одлуката ќе се донесе по консултациите во седиштето на ООН во Њујорк, изјави синоќа портпаролот на УНМИК Џорџи Какук. Претходно, српскиот министер за Косово изјави дека изборите на 11.мај ќе се одржат ...
Приштина Пратеникот на Европската унија(ЕУ) за Косово Питер Фејт изјави дека нема да се дозволи поделба на Косово. „Пораката на Меѓународната управувачка група (МУГ) за Косово е дека нема да се дозволи поделба, тоа не е предвидено и ние тоа нема да го прифатиме“, изјави Фејт синоќа во Приштина, ...
Белград Идејата за функционално разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово води кон поделба на Косово, а за тоа прашање може да се одлучува само на референдум. Ова го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, коментирајќи ја идејата за разграничување, која ја изнесе министерот во Владата на ...
Приштина Припадниците на Косовската полициска служба(КПС) од српска националност од централниот дел на Косово денеска ги продолжија протестите со барање да останат под команда на УНМИК. Како што јавуваат косовските медиуми, Србите не сакаат да ги напуштат работните места во полицијата, но ...
Приштина Дводневни тактички вежби започнува денеска КФОР во северниот дел на Косово. Како што е соопштено од седиштето на КФОР во Приштина, целта на вежбата е меѓународните воени сили да се подготват за распоред на средствата и овладување со работните процедури.
Приштина Парламентарни и локални избори ќе се одржат на 11. мај на Косово, на териториите каде што живеат Срби, изјави денеска српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ. Самарџиќ, во разговор со жителите и претставниците на локалната самоуправа во Приложје, рече дека останува во ...
Приштина Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу соопшти дека институциите на Косово се противат на создавањето на избирачки зони за српските избори на Косово. Според Сејдиу, принципот на двојно граѓанство, кој е предвиден со новиот устав на Косово и е според предлогот на меѓународниот претставник ...
Тирана Турција во пресрет на самитот на Исламската Конференција, што ќе се одржи на 13 и 14 март, побара од земјите членки на Конференцијата да го признаат Косово. Како што јавија неколку албански и турски медиуми, на вчерашната подготвителна средба одржана во Дакар, официјална Анкара побарала на ...
СДСМ смета дека Македонија не треба да прифати да разговара за признавање на Косово, пред да се затворат сите отворени прашања, особено демаркацијата на северниот дел на границата. Тие потсетуваат дека ваквиот пристап е составен дел и од општо прифатениот план на Марти Ахтисари.
Ирска денеска ја призна независноста на Косово. Ирскиот министер за надворешни работи, Дермот Ахерн, изјави дека целата Влада гласала за прифаќање на одлуката на косовскиот Парламент од 17 февруари за објавување независност. Тој додаде дека одлуката на Ирска за признавање на независноста на Косово ...
Опозиционата СДСМ е против признавањето на Косово пред обележувањето на границата. Се друго би било несериозно и на штета на македонските национални интереси, е ставот на оваа партија. „Сметаме дека Македонија не треба да прифати да разговара за признавање на Косово пред да се затворат сите ...
ВОИСЛАВ КОШТУНИЦА Косово не е само прашање на целосноста на Србија, туку е важен дел на земјата, врзан за српскиот идентитет и ЕУ мора да се изјасни која територија ја признава пред да почнеме какви и да било преговори, изјави премиерот Воислав Коштуница за руската телевизија „Русија денес“.
ОТКАКО ПРИШТИНА ЌЕ ГИ ПРОМОВИРА НОВИТЕ ПАСОШИ Ирина Гелевска Македонија, најверојатно, ќе мора да воведе визен режим кон Косово кога ќе влезе во сила одлуката на властите во Приштина за воведување нови косовски пасоши. Ваквата обврска на Македонија произлегува од веќе потпишаниот договор за визно ...
Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово ќе може да започне откако Скопје ќе го признае Косово. Ваква порака упати вицепремиерот на Косово, Хајредин Кучи, вчера во изјава за Телевизија Алсат-М, коментирајќи го барањето на македонската Влада за итна демаркација на границата.
Москва веќе испрати сигнал дека е можно повторно да ги распореди трупите во регионите со српско мнозинство Лидерите на косовските Срби од Митровица побараа руските мировници да се вратат во покраината,која неодамна еднострано прогласи независност.
Обележувањето на границата може да почне дури откако Македонија ќе го признае Косово, изјави вчера косовскиот вицепремиер Хајредин Куќи за скопската телевизија „Алсат-М“. - Обележувањето на границата е предвидено да се реши според планот на Ахтисари, но по признавањето на Косово од страна на ...
Ирска денеска ја призна независноста на Косово. Ирскиот министер за надворешни работи, Дермот Ахерн, изјави дека целата Влада гласала за прифаќање на одлуката на косовскиот Парлаемент од 17 февруари за објавување независност.
Премиерот на Србија Воислав Коштуница оцени дека формирањето на Меѓународната управна група (ИСГ) за спроведување на планот на Марти Ахтисари за Косово е најбруталното нарушување на меѓународното право, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и српскиот устав, соопшти прес-службата на српската ...
Премиерот Никола Груевски денеска не одговори на изјавата на косовскиот вицепремиер дека Скопје прво мора да ја признае независноста на новата соседна држава, па потоа да се демаркира границата. Владиниот став го соопшти портпаролот Ивица Боцевски, но не одговори директно на прозивката на ...
Српските припадници на Косовската полициска служба во станиците на централниот дел од Косово одлучија од денеска да не ги прифаќаат наредбите на главниот штаб на КПС од Приштина, протестирајќи на тој начин против едностраното прогласување независност на Косово.
Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска упати писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун со кое Република Србија и формално вложи протест поради вчерашното формирање на Меѓународната управувачка група за Косово, пренесе Танјуг.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска рече дека барањето на Владата за отпочнување со демаркацијата произлегува од планот на Марти Ахтисари - Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово ќе може да започне откако Скопје ќе го признае Косово,реагира Косовскиот вицепремиер ...
Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ ги обвини земјите на Балканот кои ја признале или планираат да ја признаат независноста на Косово, дека сториле предавство на регионалната солидарност, а се со цел да застанат поблиску до САД и западот.
САД погрешија со признавањето на независно Косово, со кое е воспоставен преседан, оцени поранешниот државен секретар и американски амбасадор во Југославија Лоренс Иглбергер. Тој во интервју за радиото Глас на Америка, наведе дека „многумина во Америка и на други места во светот не ја сфаќаат ...
Косово прво бара признавање од Македонија, па да ја обележи границата. Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово ќе може да започне откако Скопје ќе го признае Косово, изјавил косовскиот потпретседател на владата Хајдерин Кучи.
АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ ФРЕНК ВИЗНЕР ТВРДИ Американскиот дипломат Френк Визнер изјави дека ниту САД ниту Европската унија нема да ја поништат одлуката на Приштина за независност на Косово, јави белградското радио „Б92“. - Наспроти аргументите на српскиот премиер Воислав Коштуница, дека САД мораат да ...
ПРИШТИНА, 28 февруари (Ројтерс) - Србите на Косово вчера бараа да се вратат руските мировници во државата откако албанското мнозинство прогласи независност од Србија. Повикот го упати Националниот совет на Србија, групација на српски лидери на Косово во српското упориште во северна Митровица.
Македонија бара од Косово да се основа заедничка комисија чија задача би била демаркација на граничната линија. „Владата на својата последна седница одржана на 25 февруари 2008 година одлучи да им се обрати на надлежните институции на Косово со цел поскоро да почне процесот за основање заедничка ...
САД и Европската Унија решија дека секое одложување на независноста само би предизвикало нестабилност на Балканот САД, ЕУ, ОН и НАТО нема да прифатат поделба на Косово, а Србите грешат ако мислат дека ќе успеат да издејствуваат нешто такво, изјави американскиот државен потсекретар Николас Барнс ...
Србија во Европската унија може да влезе само со Косово како свој составен дел, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница. - Нашата позиција е дека територијалниот интегритет е повеќе од важен, изјави Коштуница за руската телевизија на англиски јазик „Русија денес“, одговарајќи на прашањето дали ...
Прво признавање на независноста, па потоа демаркација на границата – косовските власти одговорија на барањето на македонската влада за итно обележување на границата. Косовскиот вицепремиер Куќи во изјава за Алсат вели дека не прифаќаат уцени.
Прашањето со демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово мора да се реши брзо и ефикасно за да не дојде до нов генератор за дестабилизација на регионот, порача претседателот Бранко Црвенковски, по вчерашната средба со генералниот секретар на Советот на ЕУ, Хавиер Солана во Брисел.
Србија ќе поднесе тужба пред меѓународниот суд во ХАГ против САД и останатите земји кои го признаа Косово, изјави Бранислав Ристивојевиќ, советникот за правни прашања на српскиот премиер Воислав Коштуница. Ристивојевиќ додаде дека доколку САД ја поништат оваа, според нив противправна одлука, ...
Итна демаркација на северната граница во делот кон Косово побара денеска македонската Влада. Од надлежните институции на Косово е побарано што поскоро да се почне со основање на заедничка комисија за демаркација на взаемната гранична линија, како и тоа дека комисијата во демаркацијата на границата ...
КУМАНОВО Во организација на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ се организира протестен собир поради формирањето на, како што рекоа, „фантомската држава Косово“.
БЕЛГРАД, 27 февруари (Ројтерс) - Србија треба да престане да го исплаќа долгот кон странство на Косово откако покраината прогласи независност, и тие пари треба да ги вложува во српските заедници на Косово, изјави вчера министерот за економија Млаѓан Динкиќ.
СПОРЕД ТАЧИ Признавањето на Косово од страна на земјите од поранешна Југославија, меѓу нив и од Македонија, има големо стратешко значење, оцени лидерот на ДПА, Мендух Тачи во обраќањето на Сенационалната конференција „Косово и предизвиците по независноста“ што се одржа деновиве во Тирана, јави МИА.
ПРИШТИНА, 27 февруари (Ројтерс) - Косовскиот премиер Хашим Тачи вчера ја предупреди Србија да заборави на било каква идеја дека ќе контролира делови од новата држава. ПРИШТИНА, 27 февруари (Ројтерс) - Косовскиот премиер Хашим Тачи вчера ја предупреди Србија да заборави на било каква идеја дека ќе ...
СРПСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Студентите од факултетите на Приштинскиот универзитет во северниот дел на Косовска Митровица вчера ги продолжија протестите поради независноста на Косово, заедно со вработените во Окружниот и во Општинскиот суд, кои бараат овие институции да преминат под ...
Европа-Балкан Иван Торов Иако сите страни апсолутно ја отфрлуваат идејата за поделба на Косово, јавна тајна е дека наголемо се подготвуваат такви планови БЕЛГРАД - Колку и да запнува српскиот премиер Воислав Коштуница (ќе се наполнат веќе две години) да го убеди светот, својата јавност и себеси ...
Куманово - „Ние, Србите, не сме сами во Македонија. Во нашата борба за српско Косово е и мнозинскиот народ во Македонија. Сите ние имаме ист проблем. Нам ни одземаат територија, а на Македонците сакаат да им го одземат името и да го сотрат нивниот идентитет.
Косовската полиција тврди дека резервистите пристигнале одСрбија со камиони,на кои имало поголемо количество камења Група српски резервисти прексиноќа предизвикаа инцидент на границата со Косово, кога започнаа да каменуваат припадници на Косовската полициска служба (КПС), при што полесно повредија ...
Српските и грчките навивачи низ цела Европа со транспаренти на трибините се борат за меѓународните политички проблеми што ги има во нивните земји. Србија се бори за задржување на Косово и Метохија, а Грција е во политичка борба за промена на името на Македонија.
Македонската Влада побара од надлежните институции на Косово што побргу да почне процесот на демаркација на границата. Скопје, 27 февруари (МИА) - Македонската Влада побара од надлежните институции на Косово што побргу да почне процесот на демаркација на границата.
Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ оцени денеска дека „признавањето на едностраното прогласување на независноста на Косово го легитимира чинот на еднострана сецесија на покраината од Србија, додека патот напред лежи во заедништвото и пронаоѓањето компромисно решение за идниот статус на ...
Демократската партија на Србите во Македонија, во понеделникот вечерта во Центарот за Култура во Куманово го одржа вториот од серијата протести против независноста на "фантомската држава Косово". Лидерот на ДПС Иван Стоиљковиќ изјави дека ако Македонија го признае Косово, ќе се нарушат ...
Белгија ја призна независноста на Косово, соопшти денеска портпаролот белгиското Министерство за надворешни работи. Портпаролот соопшти дека во неделата белгискиот крал Алберт Втори потпишал декрет, кој претходно бил усогласен со Владата.
ИДНИОТ РУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ПОСЕТА НА БЕЛГРАД БЕЛГРАД, 26 февруари (Ројтерс) - Србија намерава да ги задржи под своја контрола деловите од Косово каде што лојалните граѓани се уште сметаат на власта од Белград, изјави вчера премиерот Воислав Коштуница.
СВЕТСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Во меѓународната јавност и понатаму не стивнуваат реакциите и поделеноста во врска со признавањето на Косово и непосредната иднина на државата. Американскиот аналитичар и соработник на угледниот институт „Кејто“ од Вашингтон, Тед Гејлен Карпентер, смета дека ...
Претпоставуваме дека Србија е една држава, чија јурисдикција ја покрива целата нејзина територија, изјави Медведев БЕЛГРАД - Идниот руски претседател Дмитриј Медведев вчера им посочи на српските лидери дека, најверојатно, нема да има промена во поддршката од неговата земја за суверенитетот на ...
Се поигруваат со нас, ни кажуваат каде треба да биде границата - изјави за Ројтерс анонимен западен функционер Косовските Срби поставуваат стражи и се организираат за да спречат воспоставување институции на еднострано прогласената држава.Во неделата биле поставени стражи кон селата населени со ...
Советот за национална безбедност на Србија денеска ќе одржи состанок на кој ќе расправа за ситуацијата во земјата по прогласувањето независност на Косово. Белград, 26 февруари (МИА) - Советот за национална безбедност на Србија денеска ќе одржи состанок на кој ќе расправа за ситуацијата во земјата ...
Косово денеска е мирно по синоќешните жестоки судири меѓу српски воени резервисти и косовската полиција на граничниот пункт Мутивода, во кои беа повредени 19 полицајци. И покрај моменталната стабилизација на ситуацијата, лидерите на демонстрантите најавија продолжување на протестите против ...
На Косово ќе биде формирана Меѓународна управувачка група (International Steering Group-ISC) која ќе биде со највисок меѓународен авторитет, објави денеска приштинскиот весник Зери. Формирањето на тоа тело е предвидено со предлогот на Марти Ахтисари.
Во одлуката за Косово, Македонија нема да ја следи само политиката на ЕУ и НАТО, туку ќе се води и според сопствените државни интереси – претседателот Црвенковски најава дека земјава нема да брза. Во одлуката за Косово, Македонија нема да ја следи само политиката на ЕУ и НАТО, туку ќе се води и ...
Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ рече дека српската дипломатија себе си си поставува цел еднострано прогласената независност на Косово да не добие меѓународно правен легитимитет. Белград, 25 февруари (МИА) - Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ рече дека ...
Самарџиќ на Рикер му кажал дека речиси 100 отсрто Срби во покраината не ја прифаќаат лажната независност на државата Косово Вчера во Приштина се сретнаа шефот на УНМИК Јоаким Рикер и министерот за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ,што ќе остане забележано како прва посета на една српска ...
На заедничката прес-конференција премиерот Коштуница изјави дека со Медведев се договориле, Србија и Русија да продолжат со заедничката политика кон прашањата врзани за одбрана на територијалниот суверенитет и интегритет на Србија Првиот заменик на рускиот премиер Дмитриј Медведев, вчера, во ...
Мисијата на Обединетите нации на Косово во моментов не сака да купува струја од Србија и ја набавува од другите земји во регионот УНМИК, мисијата на Обединетите нации на Косово му должи речиси 4,9 милиони долари на српското Електростопанството за испорака на струја во изминатиот период.
Русија активно ги поддржува барањата на Србија за воспоставување на територијалниот интегритет, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, критикувајќи ја ЕУ, поткопувајќи го територијалниот интегритет на Србија, дека се подготвува да обезбедува територијален интегритет на ...
Шефот на УНМИК Јоаким Рикер побара денеска од српските власти да ги почитуваат ингеренциите на оваа меѓународна мисија на Косово, пропишана со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. „УНМИК бара од Владата на Србија да се почитува неговата извршна власт според Резолуцијата 1244 за сите ...
Неколку знамиња на Европската унија се запалени на денешниот протест на околу 2.000 косовски Срби во северниот дел на Косовска Митровица, кои протестираат против независноста на Косово, пренесуваат агенциите. Протестантите и денеска се собраа во етнички поделениот град Косовска Митровица, како што ...
БЕЛГРАД, 25 февруари - САД да ја поништат одлуката за признавање на Косово и со тоа да го овозможат владеењето на меѓународните правни норми, побара вчера српскиот премиер Воислав Коштуница. "САД треба да ја поништат одлуката за признавање на лажната држава на територијата на Србија и да овозможат ...
СОСТОЈБАТА ВО БЕЛГРАД И ВО КОСОВО СЕ СМИРУВА ПО БУРНАТА НЕДЕЛА Состојбата во Косово и во Белград е релативно мирна, по минатонеделните масовни протести на Србите против едностраното признавање на новата држава, јавуваат агенциите.
ПРОТЕСТЕН МИТИНГ ВО КУЧКОВО Околу две илјади Срби што живеат во селата на Скопска Црна Гора вчера во селото Кучевиште одржаа протестен собир против прогласената независност на Косово. „Косово е срцето на Србија“, „Косово било и ќе биде наше“, „Не чепкајте ни го Косово“, беа дел од транспарентите ...
Лидерите на српските партии во земјава вчера од скопското село Кучевиште ги повикаа властите во Македонија да не го признаат Косово. На протестот предводен од лидерите Иван Стоиљковиќ од ДПС и Драгиша Милетиќ од Радикалната партија присуствуваа стотина лица.
Најголем собир по националистичката хомогенизација во режија на Милошевиќ и на САНУ Од нашиот дописник Иван Торов БЕЛГРАД - Неколку дена по масовниот митинг на плоштадот „Никола Пашиќ“ под мотото „Косово и Србија“ и уривачкото и пљачкашко стампедо за време на собирот и по него, Србија е во целосна ...
ПРОТИВ НЕЗАВИСНО КОСОВО Ако не успеат сите демократски средства и методи, должност на секој Србин е да го одбрани Косово, рече Драгиша Милетиќ, лидерот на српските радикали Обезбедете си доволно жито и брашно, сол, купете си газија и свеќи, имајте и едно буре со нафта.
Непризнавањето на Косово од страна на пет земји-членки на ЕУ ќе ја блокира европската перспектива на новата држава Да оставиме да се слегне прашината. Ова е смирената порака на сталожениот комесар за проширување Оли Рен испратена до Балканот и земјите членки на ЕУ по минатонеделното раѓање на ...
Русија и Србија ќе продолжат со заедничката политика по прашањето на Косово, е заклучокот од денешната средба во Белград меѓу српскиот државен врв и потпретседателот на руската влада и најверојатниот нов претседател на Русија, Димитриј Медведев.
Шефот на УНМИК Јоаким Рикер побара денеска од српските власти да ги почитуваат ингеренциите на оваа меѓународна мисија на Косово, пропишана со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Приштина, 25 февруари (МИА) - Шефот на УНМИК Јоаким Рикер побара денеска од српските власти да ги ...
Еден од лидерите на Србите во Косово Марко Јакшиќ смета дека поголемиот дел од државите во светот не ја признале независноста на Косово туку тоа го направиле само САД и дел од членките на ЕУ. Белград, 25 февруари (МИА) - Еден од лидерите на Србите во Косово Марко Јакшиќ смета дека поголемиот дел од ...
Русија ја најави можноста за трета светска војна, со закани дека и таа би можела да примени вооружени сили ако НАТО излезе надвор од рамките на своето делување на Косово. Претставникот на Русија во НАТО, Димитриј Рогозин, предупреди дека воената алијанса во Косово не смее да се бави со политика, за ...
Српскиот премиер наведе дека САД се одговорни да ги вратат нештата во првобитната состојба и преку потврдување на Резолуцијата 1.244 на Советот на ОН да ја гарантираат стабилноста и безбедноста на регионот Српскиот премиер Воислав Коштуница ги повика САД да го поништат решението за признавање на ...