Прекината е наставата на албански јазик во паралелката во велешката гимназија "Кочо Рацин". Вчера утро во училиштето дојдоа учениците Албанци, но ги немаше професорите кои на мајчин јазик им предаваат по предметите биологија и спорт. Но не само тие туку и останатите четворица професори претходно ја информирале директорката на гимназијата, Стефанка Богоевска, дека нема да држат настава оти трет ...
Прекината наставата на албански јазик во Велес. ВЕЛЕС - Поради неисплатени плати и пари за превоз вчера е прекината наставата во албанската паралелка во велешката гимназија „Кочо Рацин“. Двајца од наставниците - Албанци кои доаѓаат од Скопје за да им предаваат на учениците биологија и спорт ја известиле директорката на гимназијата, Стеванка Богоевска, дека парите се причина што нема да дојдат на ...
И по два месеца од почетокот на учебната година – средношколците се уште не ги користат компјутерите во наставата. Проблемот е што доцни обуката на професорите за тоа како во своите предавања да го вклучат компјутерот како наставно средство.
Прекина наставата во паралелката со албански јазик во велешката гимназија. Штрајкуваат професорите Албанци, и тоа оние кои секојдневно патуваат од Скопје до Велес и обратно за да држат настава. Министерството за образование не им платило ниту денар патарина, а не зеле ни плата. Ненајавено, тие денеска не дојдоа на работа. Учениците си заминаа дома.
Прекината е настава на паралелката со настава на албански јазик во велешката гимназија „Кочо Рацин“. Шесте професори Албанци кои држат настава на албански јазик се незадоволни од однесувањето на Министерството за образование кое два месеци не им исплатило плата и патни трошоци.
Наставата на албански јазик во велешката гиманзија „Кочо Рацин“ денеска е прекината од страна на наставниците и учениците Албанци од прва година. Шесте наставници кои ја изведуваат наставата на албански јазик одржаа по два часа и ја прекинаа работата незадоволни што Министерството за образование и наука не им исплатило плата и патни трошоци за претходните два месеци.
Во велешката гимназија од денеска нема настава на албански јазик. Ја прекинаа шесте професори, кои на учениците во паралелката во прва година, им предаваат на албански наставен јазик. Професорите ја бојкотираат наставата оти втор месец не зеле плата и пари за патни трошоци.