ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ПАРТИИ ПОСТИГНАА КОНСЕНЗУС Партии му дадоа поддршка на Трајковски да продолжи со своите досегашни дипломатски активности за решавање на проблемот чија нестабилност може лесно да се прелее на во другите делови на државата.
НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НАПНАТОСТА ПРОДОЛЖУВА Вчера на двапати, од страната на селото се слушнаа пукотници од автоматско и друго вооружување, а сведоци на пукотниците беа воени аташеи од повеќе странски држави и новинарски екипи.
ЛИДЕРОТ НА ДПА АРБЕН ЏАФЕРИ ОЦЕНУВА ДЕКА СОСТОЈБАТА ВО ЗЕМЈАТА Е СЛОЖЕНА, НО НЕ И ДРАМАТИЧНА Употребата на сила во Танушевци ќе биде стратегиски погрешно, зашто таму не се поставува прашањето за сувереноста на една држава, бидејќи тоа е едно село кое нема никаво стратегиско значење, вели Џафери ...
ИТНА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА НАЈГОЛЕМАТА ВЛАДЕЈАЧКА ПАРТИЈА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски поради актуелната безбедносна ситуација на границата завчеравечер свикал итна седница на Извршниот комитет.
елимир Цвеиќ-Став Селото Танушевци е на само пет километри од косовското гратче Витина. Таму власта целосно е во рацете на вооружените припадници на ОВК и ОВПМБ, местото каде што се подготвуваат бунтовниците. Танушевци е многу подалеку од Скопје, додека луѓето што таму живеат само со телото се во ...
ВЧЕРА НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НАПНАТО НО БЕЗ ИНЦИДЕНТИ Завчера најжесток напад врз АРМ на границата - терористите со "зоља" гаѓале на караулата. Терористите трупаат тешко оружје во близина на селото. АРМ не може до недоглед да ја толерира опсадата на Танушевци и нападите од терористите.
ТАНУШЕВЦИ И ГРАНИЦАТА НАПРАВИЈА РАЗДОР ВО ПАРТИЈАТА НА ЏАФЕРИ Големо незадоволство кај членството на ДПА предизвикала изјавата на Мендух Тачи за вооружените инцидентите во северната граница кај селото Танушевци, во која тој не ја исклучи можноста од употреба на сила.
ЗАБАРИКАДИРАНИТЕ ЕКСТРЕМИСТИ НЕ ГО НАПУШТАТ МАКЕДОНСКОТО СЕЛО НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА Вчера во 12.45 часот од правец на селото отворен е оган врз позициите на македонската војска на границата, единиците на АРМ возвратиле со иста жестина, престрелката траела 15 минути.
"Доколку актуелната власт не расчисти што е тероризам, а што не, вакви активности ќе се рашират низ целата должина покрај границата кон Косово", соопшти вчера ДПСМ. За партијата "збиднувањата во Танушевци се пробен балон на албанскиот екстремизам и најсериозен испит за понатамошното опстојување на ...
ЛИБЕРАЛНО - ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА: Либерално - демокраската партија смета дека Република Македонија нема целосна контрола врз својата северна и западна граница, а последниот масовен упад на наша територија кај селото Танушевци е причина за преземање енергични мерки за заштита на територијалниот ...
МАКЕДОНИЈА НЕ КОНТРОЛИРА ДЕЛ ОД СВОЈАТА ТЕРИТОРИЈА По завчерашната жестока престрелка меѓу албанските екстремисти и македонските вооружени сили вчера во Танушевци беше мирно: селото е скоро празно, во куќите има терористи, но македонските сили освен што ги имаат блокирано сите приоди не интервенир ...
ВЧЕРАУТРО ПАУНОСКИ И АНДРЕВСКИ НА РАПОРТ КАЈ ВРХОВНИОТ КОМАНДАНТ ТРАЈКОВСКИ Минатата ноќ и утринава во Танушевци и во околниот реон е мирно, но и натаму останува истата состојба и во куќите кои се покрај самата граница, с&ицирц; уште има присуство на вооружени групи, вели министерот за одбрана ...
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДПА МЕНДУХ ТАЧИ СМЕТА ДЕКА ИМА ДВА НАЧИНА ЗА МИР НА ГРАНИЦАТА Тачи мисли дека за Танушевци "се создава многу голема хистерија и вознемиреност, и дека работата не е толку лоша", но ги осудува насилствата. ДПА не може да коментира колку "метри, милиметри од територијата е ...
ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСНАТА СИТУАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА Пратениците на Собраниетона Македонија од сите пратенички групи се едногласни дека безбедносната состојба во земјата се влошува по последните инциденти на северната граница кај Танушевци.
СПОРЕД СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ СИТУАЦИЈАТА КАЈ ТАНУШЕВЦИ СТАНУВА ДРАМАТИЧНА "КФОР се уште ги нема на границата", твдрат од Министерството за одбрана, но демантираат дека деновиве имало судири меѓу екстремистите и припадници на АРМ.