НА ТРЕТИОТ ДЕН ОД ПРЕГОВОРИТЕ ВО ВИЕНА На третиот ден од финалната рунда на преговори помеѓу српската и косовската страна во Виена за идниот статус на Косово се водеше расправа за економијата и за имотните прашања. Особено внимание му беше посветено на предлогот во планот на Ахтисари на Косово да ...
Безвреден е договорот за границата меѓу Скопје и Белград, оценил косовскиот премиер Агим Чеку Безвреден и неправичен е договорот за границата, кој Скопје и Белград го потпишаа во 2001 година, оценил косовскиот премиер Агим Чеку при завчерашната посета на Дебалде, пренесува весникот на албански ...
Социјалистичката партија на Србија почна акција за собирање милион потписи „за одбрана на Косово“, која ќе трае до 10 март, кога официјално треба да завршат преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на покраината, на покраината.
Русија, без разлика на сегашното противење, ќе се воздржи од гласање во Советот за безбедност, со што ќе се овозможи усвојување на планот на Ахтисари за Косово. Ова, денеска, го изјави претседателот на Меѓународната кризна група Гарет Еванс, во интервју за Радио Слободна Европа.
Македонија, Србија и Косово да ја интензивираат меѓусебната соработка, со цел да се спречи евентуална појава на радикалните групи од која било страна. Ова е содржината на телефонските разговори што премиерот Груевски ги имаше денеска со претседателот на Србија Борис Тадиќ и косовскиот премиер Агим ...
МОСКВА, 23 февруари (Ројтерс) - Русија нема да биде дел од било каков обид да ја принуди Србија да ја признае независноста на сепаратистичката покраина Косово изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. "Само двете инволвирани страни (Србите и Косовците) можат да донесат одлука за Косово ...
Гротескно би било доколку за Косово, меѓу блоковите на моќ како што се Русија и САД, Унијата повторно би зазела маргинална улога на посматрач Оваа седмица во Виена, со посредство на ОН, почна последната рунда разговори меѓу Белград и Приштина околу иднината на српската покраина Косово.
Албанците не се мешаат што ќе пишува во Уставот на Србија, па затоа ништо од тој устав не може да се однесува на Косово - одговорил косовскиот преговарач Ветон Сурои Косовските преговарачи вчера многу остро реагирале на „најзначајниот“ предлог на српската делегација на преговорите во Виена - за ...
Албанците нема да го прифатат предлогот на Ахтисари и тоа ќе предизвика регионална нестабилност, вели Коњувца, потпретседател на „Самоопределување“ Ако биде прифатен планот на Марти Ахтисари за Косово, не е исклучена и нестабилност на Македонија, поради незадоволството кај Албанците од западниот ...
Идните три седмици, во кои Марти Ахтисари планира да го предаде својот предлог во Обединетите Нации, се проценуваат како критични за можни тензии на Косово и околу границата. Инциденти не се исклучуваат, но генерално ситуацијата е под контрола, без опасност за Македонија – се брифирале меѓусебно ...
Во Виена денеска продолжуваат преговорите меѓу Белград и Приштина посветени на идниот статус на Косово, пренесува МИА. Виена, 23 февруари (МИА) - Во Виена денеска продолжуваат преговорите меѓу Белград и Приштина посветени на идниот статус на Косово, пренесува МИА.
Независност на Косово е реалност. Ваква порака од Скопје на косовските власти во Приштина им однесе раководството на владејачката ДПА. Денешната средба на косовскиот премиер Чеку со лидерскиот двоец на ДПА Џафери и Тачи е прва средба на македонски политичари со претставници на косовските власти по ...
Никој не може да го наметне решението за статусот на Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров по средбата со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер во Берлин. „Никој не може да наметнува решение. Барем Русија нема да биде дел од таква шема.
Косовскиот премиер Агим Чеку, шефот на УНМИК Јоаким Рикер и командантот на КФОР Роланд Катар денеска во Витина се обидоа да ги смират се погласните спротивставувања на одбележувањето на границата кон Македонија. Косовските жители од Дебалде и други помали села во близина на Танушевци, по ...
ВИЕНА, 22 февруари (Ројтерс) - Србија и Албанците од Косово најверојатно нема да постигнат договор за иднината на покраината, соопшти вчера пратеникот на ОН Марти Ахтисари кога двете страни ја почнаа последната рунда преговори.
ВИЕНА, АВСТРИЈА Последната рунда од преговорите за Косово почна вчера во Виена со забелешки на планот на Ахтисари од страна на српскиот и косовскиот тим. - Ако можат да се согласат за нешто, ние тоа сериозно ќе го разгледаме - изјави пред почетокот на преговорите специјалниот пратеник на ...
Виенските преговори треба да траат до 2 март, но сосем е извесно дека тие нема да донесат ништо ново Димитар Чулев Компромис нема да има и тоа е единственото што е извесно по вчерашното продолжувањето на преговорите на релација Белград - Приштина во Виена околу предлог-планот на Марти Ахтисари за ...
Според најавите, најверојатно, прво ќе бидат отворени претставништва во Тетово и во Скопје, а потоа и во другите градови на земјава Косовското движење „Самоопределување“, кое ги организира неодамнешните радикални протести во Приштина, ќе дејствува и во Македонија, најавија челниците на ...
Финскиот дипломат вели дека би било вистинско чудо Србите да прифатат „надгледувана независност“ , а косовските Албанци да прифатат „значителна автономија“ за провинцијата Малку е веројатно дека Србите и косовските Албанци ќе се договорат за иднината на територијата, оцени посредникот Марти ...
Официјална Москва не се согласува со ставот дека независноста е единствено решение за статусот на Косово, пренесуваат руските медиуми. Ваквиот став денеска во Виена го соопшти рускиот претставник во постојаниот совет на ОБСЕ, Владимир Воронков.
На првиот ден од последната рунда преговори во Виена, Приштина и Белград ги повторија нивните спротивни планови околу идниот статус на Косово. Ги претставија своите забелешките по предлогот на посредникот на Обединетите Нации Марти Ахтисари, кој и денеска го бранеше своето решение.
КОСОВО Од експлозија на бомба во понеделникот вечер биле оштетени три возила на мисијата на Обединетите нации на Косово УНМИК. Во нападот немало повредени, а било оштетено и едно приватно возило. Нападот следува по насилните протести за итна независност во Приштина, во кои беа убиени две лица.
Посредникот Албер Роан оцени дека е малку веројатно оти двете страни во Виена ќе постигнат компромисно решение Делегациите на Белград и на Приштина денеска во Виена со цврста одбрана на своите ставови ќе ја почнат последната рунда преговори за Косово, без најави за какви било чекори кон компромисно ...
Србите и косовските Албанци остануваат на спротиставени позиции за планот на Обединетите нации за идниот статус на Косово, изјави денеска специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари. Виена, 21 февруари (МИА) - Србите и косовските Албанци остануваат на спротиставени позиции за планот на Обединетите ...
Косовската радикална организација Самоопределување, која ги организираше насилните протести во Приштина против предлогот на Ахтисари, се инсталира и во Македонија. Косовската радикална организација Самоопределување, која ги организираше насилните протести во Приштина против предлогот на Ахтисари, ...
Денеска во Австрија, центарот во Виена, почнува последната рунда преговори меѓу Белград и Приштина кои би требале да траат до втори март. Пред заминувањето за Виена, координаторите на српскиот преговарачки тим за статусот на Косово, Александар Симиќ и Леон Којен, изјавија дека Србија нема да се ...
Специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари, денеска во Виена, ќе го извести Постојаниот совет на ОБСЕ за процесот на утврдување на идниот статус на Косово. Ахтисари, попладнево, треба да се обрати пред амбасадорите на ОБСЕ во конференцискиот центар Хофбург.
Ниту една страна нема да добие ништо на претстојните преговори за планот на Марти Ахтисари и само рускиот претседател знае што ќе се случи со Косово, оцени британскиот новинар и експерт за балкански прашања, Тим Џуда, во изјава за весникот „Блиц“.
Обединетите нации мора да го прифатат предлог-планот на специјалниот пратеник на Светската организација, Марти Ахтисари за идниот статус на Косово за да се избегне можноста за избувнување „сложена и потенцијално насилна криза“ во Европа, пишува лондонски „Гардијан“.
Европските лидери мора да се изјаснат дека сакаат проширување затоа што единствено тоа ќе обезбеди мирен и стабилен Балкан, а со тоа и стабилна и слободна Европа, смета британскиот историчар Тимоти Еш Македонија, заедно со Хрватска, ќе стане членка на Европската унија нешто пред 2014 година, ...
Европската Унија треба да и пружи шанса на Србија за приклучување кон Унијата, доколку таа го прифати планот на Обединетите Нации за Косово. Ова го изјави шефот на шведската дипломатија, Карл Билд, во денешното интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“.
ПЈОНТКОВСКИ, НАДВОРЕШНОПОЛИТИЧКИ ЕКСПЕРТ ОД МОСКВА: Србија премногу се надева на помошта од Русија во решавањето на косовското прашање и би било умно да почне да размислува за поделба на јужната српска покраина затоа што за такво нешто остана доволно време и простор, вели директорот на Институтот ...
Не е јасно со какви ставови тимот ќе преговара за техничките детали и што конкретно ќе бара, велат извори во Белград Преговарачкиот тим на српските власти доби мандат да ги отфрла одредбите од планот на Марти Ахтисари што водат кон независност на Косово, но Белград се' уште нема утврдено свои ...
Планот за Косово на специјалниот претставник на ОН, Марти Ахтисари ќе биде делотворен доколку Србија и Косово влезат во ЕУ, заедно со нивните соседи, изјави историчарот од британскиот Универзитет „Оксфорд“н Тимоти Гартон Еш за српскиот весник „Данас“.
Европската унија можно е да и понуди на Србија да се приклучи на блокот доколку таа го прифати планот на ОН за идниот статус на Косово, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд. Виена, 19 февруари (МИА) Европската унија можно е да и понуди на Србија да се приклучи на блокот доколку ...
Советот за безбедност предлог на Ахтисари без сомнение ќе го отфрли, бидејќи не може ОН на своја држава членка да и одзема територијаа, нагласува Коштуница Српскиот премиер Војислав Коштуница оцени вчера дека Советот за безбедност на ОН ќе го отфрли секој предлог на Марти Ахтисари со кој се ...