Пред самиот крај на сезоната за подготовка на зимница, на зелените пазари драстично се зголемија цените на производите. Скапотијата ги попари граѓаните кои го потрошија куќниот буџет за набавка на дрва, греалки, за повисоки сметки за парно. - Попарена сум од цениве.
Преработувачите на зеленчук побараа Владата итно да одобри бесцарински увоз на 5.000 тони индустриски пипер, познат како ајварка. Барањето официјално е доставено до Владата на Македонија и за него ќе се расправа на следната владина седница.
И покрај одличниот принос, индустриски пипер годинава недостига поради зголемената побарувачка на ајвар надвор од земјава. - Ајварот веќе станува препознатлив производ и е се повеќе баран.
Ќе се увезува црвена пиперка Владата на следната седница треба да одобри бесцарински увоз на 5.000 тони црвена индустриска пиперка за ајвар. Одлуката следи по барањето на преработувачите кои тврдат дека во земјава нема пипер.
Владата допрва ќе го разгледува барањето на преработувачите за безцарински увоз на 5.000 тони пипер, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Годинава, и покрај одличниот принос, индустриски пипер недостига поради зголемената побарувачка на ајвар надвор од земјава.
Владата допрва ќе одлучува дали ќе се дозволи бесцарински увоз на околу 5.000 тони црвена пиперка за правење ајвар од Турција.
Црвената пиперка годинава не ја има доволно. Сушата го намали родот за 20 проценти, а голем дел од родот заврши кај странските трговци. Недостигот од оваа пиперка веќе го почувствуваа преработувачите на зеленчук.
Недостигот од црвената пиперка, ги остави без суровина преработувачките капацитети. Во моментот кога договорите со странските компании се склучени, конзервашите ја немаат основната суровина за производите наменети за извоз.
Традиционалната македонска зимница во последно време се помалку се подготвува во домашни услови, зашто супермаркетите и пазарите се преплавени со индустриски приготвена зимница, која може да се купи по релативно ниски цени.
Ајвар, лутеница, кисели краставички, пиперки, кечап, разни сирења и кашкавали, печурки, како и многу други производи можеа да се најдат на првиот фестивал на зимницата што се одржа викендов на плоштадот „Македонија“, пред Камениот мост.