КОШАРКА - ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ Србинот Саша Вукас (28 г., 205 см) е најновото, четврто, засилување за македонскиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички, кој со негова помош ќе се обиде да стигне до првата победа во лигата ФИБА-Европа.
КОШАРКА - ФИБА-ЕВРОПА ЛИГА Фершпед Работнички од Истанбул се врати со трет пораз и во третиот меч од групата А од ФИБА-Европа лигата, откако повторно убедливо загуби, сега со 60-109 (34-15, 30-18, 33-14, 12-13), од Фенербахче.
КОШАРКА - ФИБА ЕВРОПА ЛИГА Фенербахче ја потврди доминацијата во Групата А од ФИБА Европа лигата со повеќе од убедливата победа од 109-60, која завчера во Истанбул ја забележа против македонскиот шампион Фершпед Работнички во првиот меч од третото коло.
Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Фершпед Работнички го доживеа и третиот пораз во групата „А“ од ФИБА Евролигата. Најубедлив досега, дури 109:60 за турскиот Фенербахче, вечерва во најпознатата кошаркарска сала во Истанбул „Абди Ипекчи“.
Кошаркарите на Работнички Фершпед вечерва му гостуваат на турскиот Фенербахче со мали шанси дека во третото коло на ФИБА Евролигата ќе успеат да дојдат до премиерната победа. Натпреварот се игра во салата „Абди Икпечи“ во Истанбул, со почетокот во 18:30 часот.
КОШАРКА - ЛИГА ФИБА-ЕВРОПА Со промени во составот и без големи амбиции за прв триумф македонскиот кошаркарски шампион Фершпед Работнички вчера отпатува за Истанбул, каде што вечерва (18 ч., пренос на Македонското радио) ќе ги одмери силите со Фенербахче, во дуел од 3. коло на лигата ФИБА-Европа.
ФИБА ЕВРОЛИГА Фершпед Работнички, нашиот најтрофеен клуб, вечерва (18 ч.)во Истанбул му гостува на Фенербахче во третото коло од групата А на ФИБА Евролигата. Турскиот тим влегува во овој дуел како апсолутен фаворит, откако во претходното коло на гостински терен го декласираше Киев со 31 поен ...