Министерот за здравство Бујар Османи вчера одбегна да одговори зошто слаткарницата „Ринија“ не била затворена една недела пред големото труење иако немала дозвола за работа. Одговорот го насочи кон големата акција што ја организираше дури откако се случи труењето и настрадаа 360 луѓе.
Скандалозно е сознанието дека масовното труење со слатки од скопска „Ринија“ можело да биде целосно избегнато ако на дело биле спроведени мерките што на хартија ги ставиле инспекторите од Дирекцијата за храна, две недели пред да се наполни Инфективната клиника.
Преглед за инспекторот што ја прегледал „Ринија“ Инспектор од Дирекцијата за храна, кој ја контролирал скопската слаткарница „Ринија“ пред масовното труење, ќе дава отчет дали ги презел сите законски мерки за да се затвори објектот.
Министерот за здравство избегна да одговори зошто слаткарницата „Ринија“ не била затворена, иако работела без дозвола. Инспекторите, кои една недела пред големото труење направиле контрола, не ја затвориле, иако знаеле дека работи на диво.
БАКТЕРИЈАТА САЛМОНЕЛА Е ПРИЧИНИТЕЛ ЗА МАСОВНОТО ТРУЕЊЕ ОД СЛАТКИТЕ НА РИНИЈА Министерот за здравство Бујар Османи и денеска конкретно не одговори зошто инспекторите не ја затвориле слаткарницата Ринија, која работела без дозвола од Дирекцијата за храна.