TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ: Законот за работни односи против работниците

А1 - 12.10.2008

Измените на законот за работни односи се катастрофални. Донесени се без дијалог на социјалните партнери. Измените значително ја влошуваат положбата на работниците, особено членовите кои се однесуваат на годишните одмори, ноќните смени, скратено работни време за работниците инвалиди. Ова се дел од заклучоците од денешната јавна трибина, што ја организираше СДСМ, токму на оваа тема.

Новиот закон за работни односи ги остава работниците без права

Канал5 - 12.10.2008

Измените во законот за работни односи значително ги намалуваат работничките права – ова го констатираа учесниците на денешната трибина организирана од СДСМ на која учествуваа и претставници на синдикатот и на организација на работодавачите.

Законот за работни односи даден на Уставен суд

Н.Македонија - 11.10.2008

НСДП поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на членот 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи. Овој член му дава право на работодавецот да го отпушти работникот без никакво образложение.

НСДП го даде Законот за работните односи на Уставен суд

Дневник - 11.10.2008

НСДП го даде Законот за работните односи на Уставен суд Пратеничката група на НСДП презеде иницијатива за оценување на уставноста на Законот за работните односи, бидејќи смета дека со него не само што не се штитат правата на работниците туку на нивна штета се фаворизираат работодавците.

НСДП поднесе инцијатива до Уставен за измените на Законот за работни односи

Нетпрес - 10.10.2008

НСДП поднесе инцијатива до Уставен за измените на Законот за работни односи Новата социјалдемократска партија поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на членот шест од Законот за изменување и дополнување на законот за работни односи.