Роберт Матаниќ, еден од приведените за убиството на новинарите на хрватскиoт магазин Национал , Иво Пуканиќ и Нико Фрањиќ, во полицијата дал исказ дека по овој атентат, Жељко Миловановиќ планирал да го убие Дејан Миленковиќ Багзи. Багзи е заштитен сведок во процесот за атентатот на српски премиер Зоран Ѓинѓиќ и член на Земунскиот клан Според српскиот портал Press Online , информацијата за ...
Убиецот на Пуканиќ планирал атентат врз Јован Павле Втори. Жељко Миловановиќ-Гавро, еден од атентаторите на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ, е најбараниот платен убиец на Балканот, а бил вмешан и во обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори во 2003 година.Полицијата на Република Српска соопшти дека експлозивната направа со кој е убиен Пуканиќ е иста со таа со која бил извршен обидот за ...
Началникот на крим-полицијата на Министерството за внатрешни работи на Република Српска Гојко Васиќ потврдил дека експлозивната направа со која е убиени хрватскиот новинар Иво Пуканиќ и неговиот колега Никола Фрањиќ, е идентична со онаа со која беше извршен атентат на македонскиот претседател Киро Глигоров, кој тој го преживеа во 1995 година.
Атентаторот на хрватскиот новинар Пуканиќ, Жељко Миловановиќ се поврзува со обидот за ликвидација и на македонскиот претседател Киро Глигоров пред 13 години. Полицијата во Република Српска анализира дека во регионот на ист начинот се изведени четири атентати - врз Пуканиќ, Глигоров, годинава на Пале каде загинале тројца луѓе и во 2003-та обидот за напад врз папата Јован Павле втори при посетата ...
Македонското МВР ги негира тврдењата на полицијата на Република Српска за поврзаност меѓу ликвидацијата на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ, атентатот врз екс- претседателот Киро Глигоров и нападот врз Папата Јован Павле Втори во Сараево пред 11 години.
ВЕЧЕР: Ист експлозив за Киро Глигоров и Иво Пуканиќ Експлозивната направа со која се убиени Иво Пуканиќ и Ник Фрањиќ е идентична со онаа со која е извршен атентатот на македонскиот претседател Киро Глигоров, тврди началникот на крим-полицијата на МВР на Република Српска, Гојко Васиќ.
Експлозивот кој е користен, и начинот на кој е извршен атентатот на Пуканиќ и Франиќ, според хрватски експерти, веќе е изведен во неколку атентати на подрачјето на поранешна Југославија. Најпрво во атентатот на македонскиот претседател Глигоров во 1995-та година.
Жељко Миловановиќ, осомничен за атентатот врз Иво Пуканиќ е извршител и на атентатот врз претседателот Глигоров. Ова го тврди началникот на кримполицијата на Република Српска, Гојко Васиќ. Според него, експлозивните направи во двата случаја се ...
Експлозивната направа со која се убиени Иво Пуканиќ и Ник Фрањиќ е идентична со онаа со која е извршен атентатот на македонскиот претседател Киро Глигоров, тврди началникот на крим-полицијата на МВР на Република Српска, Гојко Васиќ. Според информациите објавени на хрватскиот портал Т-портал, Жељко Миловановиќ, познат како Гавра или Црвен ветар, кој на 23 октомври во Загреб учествувал во убиството ...
Хрватска по убиството на новинарот Иво Пуканиќ и ќерката на познатиот хрватски адвокат Ивана Ходак е на чекор до одложување на преговорите со Европската унија, тврди „Вашингтон тајмс“, кој оценува дека хрватскиот премиер Иво Санадер не е вистински заинтересиран за борбата со организираниот криминал и со корупцијата.
Убиството на сопственикот на хрватскиот неделник „Национал“ го нарачал некој од нему блиски луѓе во Загреб, но преку одреден човек од Белград, изјави во исказот за полицијата Роберт Матаниќ, еден од осомничените за убиството на Иво Пуканиќ и неговиот соработник Нико Фрањиќ, соопшти денеска загрепскиот „Јутарњи лист“.
Дојче Веле денеска ја обвини хрватската полиција за бегството на најопасниот криминалец на Балканот, Жељко Миловановиќ. Дојче Веле обвинува дека хрватските медиуми создале услови за негово бегство, објавувајќи го идентитетот на осомничениот.
Сретен Јоциќ, подобро познат како Јоцо Амстердам, тврди дека од Хрватска се обидуваат да му го префрлат убиството на Иво Пуканиќ. Но, тој истакнува дека нема никаква врска со ова убиство, иако неговиот кум Слободан Џуровиќ уапсен е под сомнение дека е вмешан во атентатот на Пуканиќ.
Во Хрватска јавност се зголемија шпекулациите дека полицијата располага со конкретни докази за поврзаност на убиствата на новинарот Иво Пуканиќ, прв човек на неделникот „Национал“, и на Ивана Ходак, ќерка на познатиот загрепски адвокат Звонимир Ходак.
Загреб, 9 ноември (МИА) - По убиствата на новинарот Иво Пуканиќ и на Ивана Ходак, ќерка на познатиот загребски адвокат Звонимир Ходак, Хрватска е на чекор од одлагање на преговорите за членство во ЕУ, оценува весникот „Вашингтон Тајмс“. Според весникот, убиствата на Пуканиќ и Ходак ја изнеле на површина огорченоста на јавноста од политичкиот естаблишмент во Загреб, кого првите луѓе на ЕУ го ...
МВР по грешка го уапси „атентатор“ на Пуканиќ. Петнаесет часа скопската полиција испрашувала 38-годишен хрватски државјанин, кого го привеле затоа што многу им личел на фотороботот што го направи полицијата во Загреб за атентаторот на новинарот и косопственик на „Национал“ Иво Пуканиќ. Несреќниот дубровчанин Сандро Спицијариќ со девојката од Јапонија биле на пропатување во Македонија.
Акцијата „Балкан експрес“ во расветлувањето на двојното убиство на Иво Пуканиќ и неговиот колега од „Национал“ Нико Фрањиќ с* повеќе се комплетира. Важни информации во истрагата се добиени и од автомобилот што го украл Велимир Жак, познат како Жваки, со кој атентаторите го следеле Пуканиќ неколку месеци пред ликвидацијата.