TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И на сметката на МПЦ се слеале пари од заложувањето на „Изгрев“

Нова Македонија - 26.12.2008

Мери Јордановска Досегашната истрага за спорното заложување на хотелот „Изгрев“ не покажала вмешаност на Македонската православна црква во проневерите тешки шест милиони евра, тврдат извори од истрагата. Според нив, МПЦ не презела никакви конкретни дејства за да може да биде дел од истрагата.

Повластен статус за МПЦ - лиценца за криминал

Нова Македонија - 26.12.2008

Мирка Велиновска На владиката Тимотеј му било непријатно да застане пред новинарите и да одговара на прашања поврзани со скандалот „Изгрев“. Претпоставувам дека исто толку непријатно и е на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која работи „во согласност со Уставот и законите“ и води неселективна борба против криминалот и ...

Фирмите на МПЦ ги нема никаде во истрагата

Нова Македонија - 25.12.2008

Патот на парите што се одлевале преку заложувањето на струшкиот хотел „Изгрев“ не е во целост откриен, па од тие причини не е исклучена можноста во истрагата да бидат вклучени претставници од Македонската православна црква, која е сопственик на една третина од фирмата „Миладинов ДОО“, тврдат доброупатени правници.

На браќата Миладинови им фалат 21 милион евра

Нова Македонија - 25.12.2008

Нова пирамида. Браќата Миладинови, сопственици на фабриките „Кимико“, планирајќи изградба на елитна градска населба близу селото Трубарево, Скопско (ексклузивни хотели, станбени објекти, спортски и трговски центри...) кај македонски и странски банки се заглавени со земени кредити во вредност од 21 милион евра, а за дел од нив има двојни хипотеки.

Пари од кредитите за Изгрев легнале и на сметка на МПЦ

Вечер Прес - 25.12.2008

Пари од подигнатите кредити за Изгрев завршиле и во Македонската православна црква. Овој податок јасно се гледа во решението за спроведување истрага од истражниот судија. Во него, меѓу многуте фирми и физички лица на чии сметки се одлевале парите, се појавува и сметката на Македонската архиепископија.

Деветмина во притвор, МПЦ се амнестира од одговорност за „Изгрев“

Нова Македонија - 24.12.2008

Деветмина осомничени за случајот „Изгрев“ вчера завршија во притвор, по 30-часовниот распит во скопскиот кривичен суд. Истражниот судија во текот на целата вечер ги распитуваше осомничените за проневерите тешки 6 милиони евра. На двајца им се одземени патните исправи, а другите четворица ќе се бранат од слобода.

Која е улогата на Калиа ДООЕЛ во случајот Изгрев?

Вечер Прес - 24.12.2008

Она што засега ги поврзува оваа компанија и Миладинов ДОО, е името на Димитар Белчовски. Во Калија фигурира како директор, а во заедничката фирма со Миладинови, како претставник на МПЦ Колку компании во приватна сопственост поседува Македонската православна црква? Која е нивната улога? Се вршеле ли сомнителни трансакции преку нив? На овие прашања ...

Падна пирамидата на Миладинови, МПЦ засега куртули

Нова Македонија - 23.12.2008

Браќата Димитар и Ѓорѓи Миладинови, нотари, судии, адвокати, стечајни управници, сопственици на фирми и вработени во струшкиот катастар вчера беа уапсени и изведени пред истражен судија. Се сомничат дека переле пари, ја злоупотребиле службата и правеле измами, со што ги оштетиле ЛХБ банката од Франкфурт и акционерите на струшкиот хотел „Изгрев“ за ...

Миладинови и Стефан за пари - ортаци, за робија - не се ни познаваат!

Вечер Прес - 23.12.2008

Шеснаесеттемина обвиниети повеќе од 24 часа беа на распит, а владиците три часа на синодско заседание. Иако речиси комплетниот сопственички и управувачки тим на Миладинов ДОО заврши во притвор, македонските архиереи не успеаја да лоцираат никаква одговорност за вмешаност на лица од МПЦ во криминалот со Изгрев тежок повеќе од 6 милиони евра ...

Mиладинови пред истражен, МПЦ пред божји суд?!

Вечер Прес - 22.12.2008

Миладинови во својата криминална мрежа повлекле и луѓе кои со нив службено соработувале, како што се адвокати и нотари. Но интересно, е тоа што иако МПЦ е косопственик на фирмата Миладинов ДОО, преку која се перени парите, засега од македонската православна црква не е приведено ниту едно лице.

МВР: 6 милиони евра штета за ЛХБ – банката и АД „Изгрев“

Макфакс - 22.12.2008

Македонската полиција ги сомничи двајцата сосопственици на фирмата „Миладинов“ ДОО дека за шест милиони евра ги оштетиле германската ЛХБ – банка и акционерите на АД „Изгрев“. Полицијата денеска поднесе кривична пријава против 16 лица: двајцата сосопственици и еден поранешен управител на „Миладинов“ ДОО, двајца адвокати и нотари, тројца судии, еден ...