TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Апокалипса во Газа!

Вечер Прес - 28.12.2008

Загинаа над 270 лица, воглавно цивилно население, а бројот на ранетите е повеќе од 700. Атмосферата е класично воена Изминатиот викенд, најкрвавиот во повеќедецениското блискоисточно војување, израелските авиони донесоа Апокалипса во Појасот Газа. Загинаа над 270 лица, воглавно цивилно население, а бројот на ранетите е повеќе од 700.

ООН повика на итен прекин на огнот во Газа

Макфакс - 28.12.2008

Повеќе од 270 Палестинци загинаа, додека 620 се повредени во израелските воздушни напади во последните 24 часа на појасот Газа, пренесуваат агенциите. “Досега утврдивме 271 загинати и 620 повредени, меѓу кои се и шестмина кои настрадаа денеска“, изјави шефот на итната медицинска служба во Газа Муави Хасанеин.

Лидерот на Хамас повика на нова Интифада

Макфакс - 28.12.2008

Лидерот на исламистичкото движење Хамас Халед Мешал повика денеска на ново востание против Израел. “Ве повикувам вас (Палестинците) да изведете трета Интифада“, изјави Мешал во интервју за телевизијата Ал-Џезеира. Мешал живее во егзил во Дамаск.

Израел одобри делумна мобилизација

Макфакс - 28.12.2008

Израелската Влада денеска одобри делумна мобилизација на резервните сили како поддршка на воздушните напади врз појасот Газа, јави израелската телевизија. “Израелските одбранбени сили, во наредните денови, ќе повикаат уште резервисти“, изјави секретарот на владата, по седницата на која се расправало за воената офанзива на појасот Газа.

Арапскиот свет за судирите во Газа

Макфакс - 28.12.2008

Саудиска Арабија ги повика денеска САД да интервенираат за да се оконча нападот на израел врз Газа, јавуваат агенциите. “Светските сили би требало да делуваат за запирање на овие напади“, посочил саудискиот крал Абдалах во телефонски разговор со претседателот на САД Џорџ Буш.

Израел бомбардираше тунели меѓу Газа и Египет

Макфакс - 28.12.2008

Израелската војска соопшти денеска дека бомбардила повеќе од 40 тунели кои го поврзуваат блокираниот Појас Газа со египетската Синајска пустина. „Воздушните сили нападнаа повеќе од 40 тунели откриени на страната на границата во Газа.

Најмалку 140 жртви во израелски напад во Газа

Макфакс - 27.12.2008

Најмалку 140 Палестинци загинаа, а над 200 се повредени во серија израелски воздушни удари во појасот Газа, соопштија лекарски извори. Израелските борбени авиони, изутрината, испалија околу 30 ракети, се наведува во првичните извештаи, каде се додава дека е предизвика голема штета.

Израел – Операцијата против Хамас ќе трае додека биде потребно

Макфакс - 27.12.2008

Израел ќе ја продолжи воената операција против радикалното палестинско движење Хамас се додека тоа биде потребно, порача вечерва израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак. Тој изјави дека воената операција бара време и оти ќе биде пообемна доколку тоа биде неопходно, пренесуваат западните агенции. „Нема да биде чесно и нема да трае кратко.

Израел: Хамас ќе плати за нападите

Нова Македонија - 26.12.2008

Израел вчера му се закани на исламистичкото движење Хамас дека ќе плати за ракетните напади во изминатите денови, по завршувањето на шестмесечното примирје минатата недела, јави АФП. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак рекол дека Хамас, кој има контрола врз областа Газа, ќе плати висока цена поради нападите врз израелска територија.

Египет посредува меѓу палестинските групи

Макфакс - 26.12.2008

Египет ги покани палестинските фракции во Каиро, меѓу кои и двете непријателски движења Хамас и Фатах, за да им помогне да го возобноват дијалогот, соопшти египетскиот министер за надворешни работи Ахмад Абул Гејт. „Ние започнавме да испраќаме покани до генералните секретари на палестинските фракции да дојдат во Египет“, изјави министерот.

Израел ја отвори границата кон Газа

Макфакс - 26.12.2008

Израел денеска за прв пат по десет дена ја отвори границата кон појасот Газа, низ која беа пропуштени над 40 камиони со хуманитарна помош наменета за палестинскиот народ. Камионите кои беа натоварени со храна и лекови, помош од многу земји и Обединетите нации, се упатија кон палестинска територија, преку три гранични премини низ појасот Газа, ...

Ливни му се закани на Хамас

Вечер Прес - 25.12.2008

Шефот на израелската дипломатија Ципи Ливни вчера во Каиро вети дека палестинското движење Хамас ќе ја прекине контролата врз Појасот Газа. "Хамас треба да разбере дека и покрај нашиот стремеж кон мирот, Израел нема повеќе да ја трпи таквата ситуација", истакна Ливни на средбата со египетскиот претседател Хосни Мубарак.

– Израел подготвува воена операција во појасот Газа.

Макфакс - 25.12.2008

– Израел подготвува воена операција во појасот Газа. Ова денеска го пренесуваат локалните медиуми, додавајќи дека цел на нападот е да се принудат палестинските војници да ги прекинат ракетните напади врз Израел.

Олмерт ги предупреди Палестинците да ги прекинат нападите

Макфакс - 25.12.2008

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт упати денеска „последен повик“ до Палестинците во појасот Газа да ги отстранат своите лидери од движењето Хамас и да ги прекинат ракетните напади на Израел. Изјавата на Олмер, кој предупреди дека нема да се двоуми околу употребата на сила претставува јасна индикација дека Израел би можел да започне офанзива против ...

Хамас се согласи на 24 часовен прекин на ракетните напади

Макфакс - 22.12.2008

Хамас и другите вооружени палестински групи во Газа се согласија денеска да ги прекинат ракетните напади кон Израел во наредните 24 часа по барање на египетските посредници. Ова денеска го соопшти претставник на исламското движење.