ОПЕРАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА РАЗОРУЖУВАЊЕ Собирањето нелегално оружје ќе почне на 1 ноември на сите 123 собирни пункта, со или без членовите на ДПА што се во локалните комисии за собирање на нелегалното оружје. Сите граѓани на Македонија треба да покажат зрелост и да го прифатат разоружувањето како ...
Оперативниот центар задолжен за спроведување на акцијата за доброволно предавање на оружјето и покрај најавениот бојкот на ДПА ке направи напори сите 133 пунктови од 1 ноември да започнат со работа. Офицерот за операции, Благоја Марковск Оперативниот центар задолжен за спроведување на акцијата за ...
Најавата на албанската опозициска партија го доведува под сомнение успехот на акцијата Соња Крамарска Одлуката на ДПА да не учествува во акцијата за доброволно предавање на оружјето вчера внесе разочарување меѓу членовите на Координативното тело за собирање на оружјето и го доведе под сомнение ...
Состанок на Координативното тело за собирање на оружјето Координативното тело за собирање на оружјето вчера го усвои првиот извештај за изминатата тримесечна активност, при што е одлучено да се вклучат дополнителни помошни лица на собирните пунктови во земјава.
КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА РАЗОРУЖУВАЊЕ Кампањата за собирање нелегално оружје не се чувствува и треба да се анимираат невладините организации, предупреди Савка Тодоровска од Здруженијата на граѓани и невладини организации на вчерашната седница на координативното тело за разоружување.
Само една петина, или 24 членови од локалните комисии од околу 120, колку што беа повикани, присуствуваа на денешната еднодневна инструктажа што во Тетово ја одржа Оперативниот центар на Координативното тело за спроведување на акцијата за разоружување.
Оперативниот центар за спроведување на собирањето на нелегалното оружје од први ноември оваа година, се соочува со бојкот на градоначалници на некои општини, кои според планот треба да претседаваат со локалните комисии за собирање на оружјето.
„ДПА ќе ја поддржи акцијата за собирање на нелегалното оружје иако смета дека таа е преуранета и палијативна, како и сите досегашни потези на актуелната власт“, изјави денеска заменик претседателот на партијата Мендух Тачи. „Ние не можеме да ја преземеме таа голема одговорност за успех или неуспех ...