На фирмата „Газела 2001“ што го купи имотот на загубарот „Газела“, и се заканува стечај, дознава А1. За тоа постои законска основа, бидејќи новиот газда не ги плаќа во рокот ратите за купување на имотот, а доцни и со исплата на платите и придонесите.
Поради неисплатени плати Вработените во скопска "Газела", кои се во штрајк од минатата недела, денеска одржаа средба со претставници на "Флоријан Дос", австриската фирма што лани стана сопственик на оваа фабрика во стечај, на која се разговарало за причините за нивното незадоволство.
ШТРАЈКОТ ВО ФАБРИКАТА ПРОДОЛЖУВА Работниците во "Газела 2001" вчера не успеаја да се испазарат со австрискиот газда Флориан Дос за исплатата на двете заостанати плати, бидејќи тој одбивал да ги исполни обврските се додека трае штрајкот во фабриката.
Стечајниот управник Тамбурковски од сметката на „Газела“ во март незаконски подигнал хонорар од цели 40.000 евра. Но оваа сума е само третина од парите што тој ги бара како награда за експресната продажба на скопска „Газела“.