ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ПТИЧЈИ ГРИП Министерот за економија Фатмир Бесими не се плаши од птичји грип. Тој вчера го поддржа живинарството, и со пилешко и јајца ги почести својот колега од земјоделскиот ресор Садула Дураку, директорот на Ветеринарната Управа Слободен Чокревски и најголемите производители ...
ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Министрите за економија и за земјоделство, Фатмир Бесими и Садула Дураки, заедно со директорот на Ветеринарната управа Слободан Чокревски и претставници од живинарските фарми, вчера каснаа печено пилешко месо и јајца од македонските живинарски фарми.
Потрошувачите и натаму скептични околу консумирање живински производи Владата е во акција живинарите да се вратат на традиционалните пазари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Домашното производство на пилешко месо и јајца е безбедно за консумирање, порачаа министрите Фатмир Бесими и Садула Дураку, кои заедно ...
Со мало задоцнување и Македонија се вклучи кон земјите кои сакаат да им покажат на дело на своите граѓани дека пилешкото месо и јајца што ги произведуваат се здрави за јадење. За да потврдат дека нема птичји грип во домашната живина, во ресторанот "Маракана" во Градскиот парк во Скопје, пред ...
Конечно се одржа долго најавуваната парада - јадење пилешко пред камери. Министрите Бесими и Дураку, кој со копан, кој со крилце, покажаа дека домашното пилешко месо и јајца се здрави и вкусни. „Не пробаа само пилешко, пробаа и јајца, варени, пржени.
Журка со пилешко и јајца во „Маракана“. Ја организираше министерот за економија Фатмир Бесими. Се појави и министерот за земјоделство Садула Дураку во друштво на директорот на Ветеринарната управа Слободан Чокревски и живинарите денеска ја враќаа довербата кај народот.
ПРОИЗВОДСТВО НА ЈАЈЦА Фармерите ги ставија кокошките на принуден пост. Наместо секој ден, храна и вода им даваат на секои три дена. Оваа мерка, позната како митарење, пред неколку дена почнале да ја применуваат голем дел од живинарите за да го намалат производството на јајца, вели Вили Кичуков, ...
Живинарските фарми нема да ги добијат бараните 45 милиони денари Владата ќе помогне да се вратат поранешните пазари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Освен обновување на деловните контакти со пазарите на кои порано нашите живинари извозуваа јајца, Владата засега нема стратегија како да Ј помогне на оваа ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема да им ги даде бараните околу 45 милиони евра на живинарските фарми поради претрпените штети по најавите дека има можност во земјава да има птичји грип, што резултираше со намален промет.
Живинарските фарми од врата на врата веќе еден месец бараат државата да помогне да се спаси живинарството. Ни по средбата со Министерот за земјоделство нема излезно решение. За спас на кокошките допрва ќе расправа Владата. Но, живинарите немаат време за чекање.
Решенија Битола - Живинарите во битолското село Могила, чија перната живина беше одземена и уништена во рамките на акцијата "Стампинг аут", вчера почнаа да потпишуваат решенија за обесштетување. Со обештетувањето се опфатени 5.000 птици, кои ќе се плаќаат по 250 денари за кокошка, 350 денари за ...
ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЗА УНИШТЕНАТА ЖИВИНА ВО БИТОЛСКО Во битолското село Могила од вчера се делат решенија за обесштетување на сопствениците на живина, која беше уништена во минатиот месец, поради сомнеж дека е инфицирана со вирус на птичји грип.
Скопје Претставници на групацијата за живинарство при Стопанската комора претпладнево ќе остварат средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Садула Дураку. На средбата, како што е соопштено, ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат живинарските фарми, по забраната за ...
Битола Повеќе од 250 решенија за обештетување на околу пет илјади уништени птици, во акцијата што ја спроведоа ветеринарните власти по појавата на сомнителен примерок на птичји грип во битолското село Могила, ќе издадат властите во наредните неколку дена, јавува Макфакс.