Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од вчера стартуваше со ноќни автобуски линии. Во периодот од 24 до 5 часот наутро ќе сообраќаат автобусите со броевите 2, 5, 7, 41 и 57. Првото тргнување на автобусите со броевите 5, 7 и 57 од центар е 15 минути по полноќ.
Ноќните автобуси на линиите 2, 5, 7, 45, 50 и 57 што ЈСП"Скопје" ги укина поради безбедносната криза во 2001 година, во целост се враќаат од петок. Иле Ѓорѓиевски, технички директор на ЈСП"Скопје", вели дека ако досега последниот ноќен автобус поаѓаше 15 минути по полноќ, тој сега ќе биде прв од ноќните линии, а автобуси ќе има се до четири часот наутро.
ЈСП „Скопје“ од утре ќе има нови ноќни линии. Јавното сообраќајно претпријатие од утре воведува нов ноќен возен ред на линиите број „41“, „5“, „2“, „45“, „57“, „7“ и број „50“. Првиот ноќен автобус за населбата Драчево ќе поаѓа во 00,15 од автобуската на „Рекорд“, а триесетина минути подоцна драчевци ќе имаат автобус од населбата до центарот на градот.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека од 14 ноември повторно ги воведува ноќните линии. Одговорните од Јав ното претпријатие објаснуваат дека во сообраќај ќе бидат пуштени ноќните линии на автобусите со броевите 2, 5, 7, 41, 45, 50 и 57, кои ќе сообраќаат во периодот од 24 до 5 часот наутро, според утврден возен ред.
ЈСП стартува со ноќни линии. Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" од денеска ќе стартува со ноќните линии. Во периодот од 24 до 5 часот наутро, ќе сообраќаат автобусите со броевите 2, 5, 7, 41, 45, 50 и 57. Првото тргнување на автобусите 5, 7, 41, 50 и 57 од плоштадот Македонија, е во 24.15 часот, додека линиите 2 и 45, во истиот период ќе тргнуваат од Автокоманда и ќе возат до Сарај.
До крајот на неделава ќе биде избран најповолниот понудувач за набавка на опремата за електронска наплата со „интелигентни билети“ во градските автобуси, соопштуваат од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Оттаму додаваат дека меѓународниот оглас е завршен, дека на него се пријавиле три компании и градот треба да ја избере онаа понуда што е најповолна и со најниска цена.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје од петок воведува ноќни линии на автобусите со броевите 2, 5, 7, 41, 45, 50 и 57. Автобусите на тие релации ќе сообраќаат од 24 часот до 5 часот наутро и тоа во работните денови, сабота, недела и државен ...