ПРЕВИРАЊА ВО ССМ Двата синдикати на образованието, науката и културата да најдат компромис за синдикалните простории и да почекаат судот да реши дали Дојчин Цветановски и неговите приврзаници или, пак, Веселинка Трајковска и ССМ имаат легитимитет да ги застапуваат интересите на работниците - им ...
ПРОДОЛЖУВА ДРАМАТА ВО ССМ Новата претседателка на СОНК Веселинка Трајковска вчера не успеа да влезе во канцелариите на раздружениот СОНК на Дојчин Цветановски. Обезбедувањето ангажирано од Цветановски ја пречека уште пред вратата и и рече дека Цветановски не сака да прими никој од новото ...
Според министерот за труд, Стевчо Јакимовски Министерот за труд и социјална политика, Стевчо Јакимовски, тврди дека е најдобро е да се почека судската разврска на конфликтите и недоразбирањата кои деновиве се случуваат во Сојузот на синдикатите на Македонија.
ПАРАЛЕЛНИТЕ СИНДИКАТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО ВОЈНА Телохранителите што го обезбедуваат Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, вчера не го пуштија раководството на СОНК при ССМ да влезе во синдикалната зграда, како што беше најавено.
(Вест) - петок, 14.10.2005 ЕВРОПСКАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛА БАРА ДА ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО СОНК Владата на Македонија ако не ги продолжи преговорите со СОНК, Интернационалата за образование од Брисел ќе бара Европската комисија да даде негативен одговор за приближување на Македонија кон Европската унија.
(Дневник) - понеделник, 17 октомври 2005 СОНК СО КОНТРАОБВИНУВАЊЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИТЕ Самостојниот синдикат на науката, образованието и културата (СОНК) е вчудоневиден од леснотијата со која Владата даде тешки квалификации за највисоката делегација на Интернационалата за образование, изјави завчера ...
Цветановски денеска поднесе кривична пријава против организаторите што го формираа новиот СОНК под капата на Муратовски. Ги товари за кривично дело, дека со фалсификуван печат им ја блокирале сметката и им ги исклучиле телефоните.
СИНДИКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ СТАНАА МЕСИИ, СВЕТЦИ И ДЕДОМРАЗОВЦИ Владимир Николоски Дојчин Цветановски на јавноста и презентира режирана претстава во која тој игра улога на светец и месија. Ова е ставот на Веселинка Трајковска, претседателка на Синдикатот на образованието, науката и културата при ССМ по ...
РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА ВО СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ Двајца портири вработени на пријавница во зградата на ССМ вчера на влезната врата во синдикатот биле истуркани на земја од гостин на претседателот на синдикатот за одбраната Ристо Ајтов. Клоци, шлаканици и боксови немало.
Дојчин Цветановски ќе чека судско решение за да ги ослободи просториите на СОНК МАЈА ТОМИЌ Инцидентот што се случи завчера во ССМ, кога новинарите не беа пуштени да присуствуваат на прес-конференцијата кај разрешениот претседател на СОНК, Дојчин Цветановски, според портпаролот на ССМ, Пеце ...
ИНЦИДЕНТ ВО СИНДИКАТОТ Борбата помеѓу синдикалците Ванчо Муратовски и Дојчин Цветановски вчера ескалираше во физичка тепачка, во која настрадаа двајца портири што ја обезбедуваат зградата на Сојузот на синдикатите (ССМ). Тие се натепани откако се обиделе да ги легитимираат телохранителите што ...
Во синдикалната зграда деновиве има се, само не синдикалци кои се грижат за проблемите на своето членство. И денеска расправии, кошкања и надмудрувања, кој е легитимен синдикат за образование, наука и култура, оној на Цветановски или на Трајковска.
(Дневник) - понеделник, 24.10.2005 КОНГРЕС НА СОНК Сите 779 делегати, претставници на синдикалните организации на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), завчера, на 4 конгрес, едногласно го реизбраа Дојчин Цветановски за претседател на СОНК.
Доколку Дојчин Цветановски не сака да ја напушти зградата на ССМ, нема да бидат применети никакви насилни мерки, туку ќе се чека на судска разврска. Оваа одлука падна откако комисијата што ја формира СОНК на Веселинка Трајковска вчера во 13 часот влезе во канцелариите на СОНК на Цветановски кој ги ...
За жалење се македонските работници. Притиснати од длабоката сеопшта криза сламката на спасот го гледаат во Синдикатот, а тој пред нивните очи се распаѓа како кула од карти. Двајцата довчерашни синдикални лидери Цветановски и Муратовски пред некоја година рамо до рамо стоеја на чело на протестите ...
(Време) - среда, 25.10.2005 Членовите на Синдикатот на образованието, науката и културата викендов во Скопје на четвртиот конгрес му дадоа легитимитет на раководството, предводено од Дојчин Цветановски, да ја продолжи борбата за подобар општествен и социјален статус на околу 37 илјади работници од ...
Комисија од синдикатот за образование кој останува под капата на Муратовски, го посети Цветановски за да го предупреди, оти мора да ги напушти просториите. Цветановски пак вели - ќе се иселам кога ќе покажат правосилно судско извршно решение.
ССМ ГИ ИСКЛУЧИ ТЕЛЕФОНИТЕ НА СОНК Ванчо Муратовски, претседателот на ССМ, користи сталинистички методи за да го спречи одржувањето на конгресот на членовите на Синдикатот на работниците во образованието, науката и културата (СОНК), обвини вчера Дојчин Цветановски, претседател на СОНК.
Претходното раководство на СОНК си ги брани просториите во ССМ Поради спреченост на новинарите да влезат во зградата на ССМ, пресот на Цветановски се одржа надвор, пред влезот во Сојузот МАЈА ТОМИЌ "Ние веќе втор ден сме принудени буквално да ги браниме просториите на СОНК од Сојузот на синдикатите ...
ЕСКАЛИРА ВОЈНАТА ПОМЕЃУ ССМ И СОНК Претседателот на Синдикатот за образование (СОНК) Дојчин Цветановски веќе два дена со телохранители ги чува канцеларијата и документацијата страхувајќи дека приврзаниците на првиот човек на републичкиот синдикат, Ванчо Муратовски, може да ја уништат или ...
Во синдикалната зграда врие од обезбедување – што на Муратовски што на Дојчин. Сепак од ССМ тврдат дека нема да применат сила за да го иселат СОНК од канцелариите. Во синдикалната зграда врие од обезбедување што на Муратовски што на Дојчин.
Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија завчера попладне се обиделе насилно да влезат во просториите на отцепениот СОНК, што се наоѓаат на осмиот кат во зградата на ССМ, поради што раководството на овој синдикат, кој се раздружи од ССМ, за да ги обезбеди просториите и документацијата, ...
Драмата и препукувањата во ССМ продолжуваат. Дојчин Цветановски веќе втор ден со обезбедување ги брани синдикалните простории, откако синдикатот на Муратовски му се закани - или сам да ги напушти, или присилно ќе биде иселен од зградата.
ЗАКАНУВАЧКО ПИСМО ОД НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СОНК ДО РАЗДРУЖЕНИОТ СИНДИКАТ Претседателот на раздружениот СОНК Дојчин Цветановски од вчера се брани со бодигарди од новоизбраната претседателка на гранковиот синдикат Весилинка Трајковска и од претседателот на ССМ Ванчо Муартовски.
Тече тридневниот рок за иселување на СОНК од просториите во ССМ кој на Дојчин Цветановски во писмена форма му го достави новоименуваната претседателка на СОНК Веселинка Трајковска. Тече тридневниот рок за иселување на СОНК од просториите во ССМ кој на Дојчин Цветановски во писмена форма му го ...
(Дневник) – сабота 01.10.2005 БЛОКИРАНА СМЕТКАТА НА СОНК Отцепениот Синдикат за образование, чиј претседател е Дојчин Цветановски, ќе побара јавното обвинителство и полицијата да отворат истрага за тоа што Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) без судска одлука завчера ја блокирал сметката на ...
На препукувањата на СОНК-овите, на Цветановски и на Муратовски, им нема крај. Овојпат битката се води за имотот и средствата што ги користат двајцата синдикални лидери. Од вчера, како што дознава "Вечер-спец", службениот мобилен телефон на Цветановски оглуве, откако од ССМ интервенирале во ...
(Дневник) - петок, 21.10.2005 ССМ годинава САКА повеЌе ПАРИ ОД државата Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски годинава бара Владата да даде 10 милиони денари (над 160.000 евра) за поддршка за Сојузот на синдикатите на Македонија, дознава "Дневник".
(Време) – четврток, 06.10.2005 Ванчо Муратовски, претседателот на ССМ, користи сталинистички методи за да го спречи одржувањето на конгресот на членовите на Синдикатот на работниците во образованието, науката и културата (СОНК), обвини вчера Дојчин Цветановски, претседател на СОНК.
Фалсификати, уцени и закани во синдикалната војна. Синдикатот на Муратовски, бара од синдикатот на Цветановски доброволно да ја врати целата документација и печатите. Цветановски возвраќа со обвинувања за фалсификат. „Документот е потпишан од самопрогласената претседателка на СОНК при ССМ, г-ѓата ...
КОНКУРЕНТСКИОТ СОНК ПОРАЧА Дојчин Цветановски е нелегитимен водач и треба да се повлече од функцијата затоа што неговите лаги се провидни, изјави вчера Веселинка Трајковска, претседателка на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) при ССМ.
СОНК ПРИ ССМ КОНТРА ОТЦЕПЕНИОТ СОНК Новото раководство на Синдикатот на образованието, науката и културата-СОНК, што е под капата на Сојузот на синдикати на Македонија-ССМ, бара да се забрани работата на Дојчин Цветановски, и како што велат поранешното раководство на СОНК.
Продолжуваат обвинувањата меѓу старото и новото раководство на СОНК Сите активности на поранешното раководство на СОНК се нелегитимни, по одржаниот 4. Конгрес на СОНК пред една недела, кога, откако, согласно со Законот за работни односи, кај надлежните институции се пријавени настанатите промени во ...
радмила Ј. николовска Големи политикантски манипулации деновиве се случуваат околу и во Синдикатот за образование, наука и култура. Се фалсификуваат гласовите на членството, кое одлучи да остане во Синдикатот чиј претседател е Дојчин Цветановски.
НЕ СТИВНУВААТ ПРЕПУКУВАЊАТА ПОМЕЃУ ССМ И СОНК Раководството на новиот Синдикат за образование, што неодамна го формираше синдикалниот лидер Ванчо Муратовски, вчера го повика Дојчин Цветановски да се повлече од функцијата претседател на СОНК бидејќи не бил легитимен претставник на 37.000 вработени ...
(Вест) - понеделник, 26.09.2005 НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ Е КОЈ ВО СИНДИКАТИТЕ Претседателот на раздружениот СОНК од ССМ Дојчин Цветановски за прекинатите преговори со владата бара помош од владата на САД. Тој тврди дека реакцијата за притисокот кој се прави изминатите два месеци врз Синдикатот за образование ...