„На кого да му го дадам ова грозје јас сега? Договор направен и не сака да го прими грозјето“, изјави Тасо Бошков, лозар од с.Сопот. На 53-годишниот лозар Тасо Бошков од кавадаречкото село Сопот денес му преседна и од грозјето и од „Тиквеш“.
ВИШОКОТ ГРОЗЈЕ ВО „ЛОЗАР“ Министерството за земјоделство ќе обезбеди пари за велешката винарска визба „Лозар“, а лозарите од Тиквешко ќе може да го продаваат грозјето и таму. Ваквата владина одлука следува откако судот ја блокира сметката на кавадаречката визба „Тиквеш“, поради ненаплатен долг, а ...
ВЛАДА Годишното производство на грозје во сите општини ќе биде откупено, освен во Тиквешкиот регион, односно Кавадарци и Росоман. Од овие две општини, според пресметките, ќе останат неоткупени околу 15 милиони килограми грозје, чии производители немаат склучено договори со ниту една винарска визба.
ДРЖАВАТА ВРШИ ОТКУП Околу 15 милиони килограми грозје од Тиквеш, по налог на Владата, треба да бидат откупени и преработени во велешката винарска визба "Лозар" во стечај. За таа цел Министерството за земјоделство ќе обезбеди пари за нормална работа на винарската визба.
Софија Бугарија увезува грозје за потребите на винарските визби, чии што преработувачки капацитети изнесуваат повеќе од 300 илјади тони грозје. Ова денеска го соопшти претставник на асоцијацијата на производители, увозници и трговци со алкохолни пијалаци.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ АЛАРМИРА Градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, вчера побара од Владата и од Министерството за финансии да ја одблокираат жиро-сметката на винарскиот комбинат „Тиквеш“, барем додека се во тек бербата и откупот на грозјето од кое се издржуваат шест илјади домаќинства ...
Градоначалникот на Кавадарци им пишува на премиерот и на министерот за финансии АНГЕЛ ДАНОВ Случувањата околу "Тиквеш" ќе имаат катастрофални последици за Кавадарци и за Тиквешијата, враќање на градот наназад и тешки социјални проблеми, предупредува градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, во ...
Скопје Пазарниот вишок на грозје од тиквешкиот регион ќе се откупи и ќе се преработи во Винарската визба АД Лозар од Велес во стечај, заклучи владата на синоќешната седница. Владата, како што е соопштено, за таа цел му наложи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да обезбеди ...
Со блокадата на „Тиквеш“, на повидок излезе една голема игра во која се вклучени луѓе кои што работат спротивно од интересите на визбата - вака рече на денешната прес конференција, кавадаречкиот градоначалник Панчо Минов, кој реагираше на одлуката да се блокира сметката на винарската визба, заради ...
ПО БЛОКАДАТА НА „ТИКВЕШ“ Не ни е јасно зошто во време на откупот, исто како и лани, е блокирана сметката на „Тиквеш“, реагираа вчера лозарите од тиквешкиот регион. Збунети и исплашени од тоа дали сега кавадаречката винарска визба ќе им го откупи и плати грозјето, дел од нив вината повторно ја ...
Се уште е неизвесна судбината на вишокот грозје кое почнува да скапува на лозјата Во комбинација за надминување на проблемот е Бирото за стоковни резерви, кое би можело да помогне во прифаќање на залихите Вишокот винско грозје, кое се проценува дека изнесува околу 70 милиони килограми, сў уште не ...
Претставници од Министерството за земјоделство во Кавадарци КАВАДАРЦИ - Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство вчера направија обиколка во винарските визби од Тиквешијата, а имаа средба и со градоначалникот Панчо Минов и со претставници од "Агротиквешија".
"ТИКВЕШ" ЌЕ СЕ ЖАЛИ ПОРАДИ БЛОКИРАНАТА СМЕТКА Никола Поповски нека ви го купи грозјето. Тој го блокираше "Тиквеш" и визбата нема да зема повеќе грозје оти не ни треба. Ова му го кажал Свето Јаневски на кавадаречкиот градоначалник Панчо Минов кога овој се обидувал да влијае врз раководството на ...
СпасиЈка Јованова Чиј инает е поголем - на бизнисменот Свето Јаневски или на министерот за финансии Никола Поповски? Каков и да е одговорот на ова прашање, не ја менува реалноста, која најмногу ги погодува илјадници лозари во Тиквеш.
Околу 70 тони грозје на Тасо Бошков, лозар од селото Сопот, скапува по нивите иако има договор со "Тиквеш". Визбата не сакала да му го откупи бидејќи присуствувал на неодамнешниот протест на лозарите во Кавадарци. Тој вчера го газеше грозјето во знак на протест.
СМЕТКАТА НА ВИНАРСКАТА ВИЗБА "ТИКВЕШ" БЛОКИРАНА Винарската визба "Тиквеш" вчера соопшти дека повторното блокирање на сметката на компанијатаго доведува во прашање нејзиниот опстанок, како и исплатата на откупеното грозје. Коментарите дека одливот на 9 милиони евра од касата на "Тиквеш" не може да ...
ПО БЛОКАДАТА НА „ТИКВЕШ“ Блокадата на сметката на „Тиквеш“ го доведува во прашање опстанокот на компанијата, бидејќи тие 9 милиони евра се половина од вкупните приходи што винарската визба ги остварувала во подобрите години од работењето, пишува во вчерашното соопштение од винарската визба.
По блокирањето на сметката на најголемата винарската визба во Македонија Блокадата на сметката не може да се симне ни со жалба АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Дури и во ситуација на блокада на жиро-сметката на винарската визба "Тиквеш", таа е подготвена и понатаму да продолжи со прием на грозјето.
Свето Јаневски испрати ново писмо до градоначалникот Панчо Минов Претседателот на Управниот одбор на винарската визба "Тиквеш", Свето Јаневски, вчера повторно со писмо му се обрати на градоначалникот на Општина Кавадарци, Панчо Минов, во кое го информира за количествата што се откупени досега од ...
Мерки на Владата за надминување на проблемот со откупот на грозјето Владата забрзано работи на надминување на проблемот со откупот на годинешнава реколта грозје, за која се јавува проблем од предимензионирано производство и лимитираност за прифаќање на севкупното производство.
Годинава потфрли родот на струмичките лозови плантажи СТРУМИЦА - АД "Грозд" од Струмица ќе откупува грозје од лозарите од другите региони во земјава. Деновиве ја заврши бербата на винските сорти грозје од сопствените лозови насади на површина од 450 хектари, но собраните количества не ја наполнија ...
СТРУМИЦА Поради недостиг од грозје во Струмичкиот регион, винарската визба "Грозд" ќе откупува грозје од сортата смедеревка од Валандовско-гевгелискиот и од Тиквешкиот регион. Грозјето ќе се користи како вински дестилат за производство на струмичка мастика и на други алкохолни пијалаци.
"ТИКВЕШ" ПОТВРДИ ДЕКА СМЕТКАТА МУ Е БЛОКИРАНА Сопственикот на "Тиквеш" Свето Јаневски вчера му прати писмо на градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, со кое го известува дека сметката на комбинатот е блокирана, поради што се доведени во прашање откупот на грозјето и работењето на винарската ...
Владата им ги нуди на винарските визби капацитетите на велешки "Лозар" во стечај, таму да го складираат винското грозје што ќе го откупат од лозарите. Ова доаѓа по застојот во откупот од страна на одредени визби од тиквешкиот и валандовскиот регион, кои поради лошата финансиска состојба престанаа ...
(Утрински весник) – вторник, 04.10.2005 Судска одлука за наплата на побарувањето на државата Сметката е блокирана поради тоа што државата побарува од "Тиквеш" 500 милиони денари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Од вчера сметката на винарската визба „Тиквеш„ е блокирана.
Иако никој во "Тиквеш" не сака да верува во теоријата на заговор, сепак повторната блокада на сметката на Винарската визба "Тиквеш" доаѓа токму во моментот кога на сметката на компанијата требаше да пристигнат 3,8 милиони евра, наменети за нејзино финансиско преструктурирање.
„Тиквеш“ ќе пропадне. Опстанокот на компанијата е доведен во прашање - ваква порака испратија првите луѓе на винарската визба откако судот, по барање на Министерството за финансии, деновиве ја блокираше жиро сметката на компанијата за да си го наплати долгот од девет милиони евра. Од „Тиквеш“ велат.
По блокадата на сметката на „Тиквеш“, Свето Јаневски денес експресно упати писмо до кавадаречкиот градоначалник Панчо Минов, дека не може да откупува повеќе грозје од лозари кои немаат договори со визбата. Во дописот стои, дека „Тиквеш“ не може да откупи нови 1,5 милион килограми грозје Кратошија, ...
Во Струмичко, според проценките на откупувачите, има недостиг од винско грозје, наспроти проблемите со откупот и пласманот на грозјето во другите лозаро-винарски региони. Директорот на винарската визба „Грозд“ од Струмица Васе Митев, вели дека досега се задоволени само половина од потребните ...
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ Секторот за управување финансиски капитал при Министерството за финансии вчера околу пладне ја блокирал сметката на винарската визба „Тиквеш“, дознава „Време“. Со ова се извршува пресудата на Апелацискиот суд од јануари годинава според која „Тиквеш“ на Министерството за ...
Судска одлука за наплата на побарувањето на државата Сметката е блокирана поради тоа што државата побарува од "Тиквеш" 500 милиони денари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Од вчера сметката на винарската визба „Тиквеш„ е блокирана. Причина за тоа е наплатата на побарувањето на државата во вредност од околу ...
Винарската визба „Тиквеш“ денеска се огласи по вчерашното блокирање на нивната сметка поради долгови кон државата. Доведено е во прашање редовното работење па и опстанокот на „Тиквеш“, се вели во соопштението лиферувано до медиумите.
(Време) – среда, 05.10.2005 Блокадата на сметката на „Тиквеш“ го доведува во прашање опстанокот на компанијата, бидејќи тие 9 милиони евра се половина од вкупните приходи што винарската визба ги остварувала во подобрите години од работењето, пишува во вчерашното соопштение од винарската визба.
Во петокот е блокирана сметката на „Тиквеш“ поради неисплатени стари долгови, дознава А1. Долгот на визбата кон државата изнесува 9,5 милиони евра. Оваа блокада нема врска со исплатата на лозарите кои го дадоа грозјето во „Тиквеш“, бидејќи став на визбата е исплатата да биде од продажбата на ...
ТРИБИНА НА „ВРЕМЕ“ - ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА МАКЕДОНСКОТО ГРОЗЈЕ И ВИНО? Александра К. Мишовска Без владина поддршка грозјето годинава ќе скапе кај производителите, а доколку набргу надлежните не најдат начин како да се помогне оваа гранка, површините со винова лоза ќе се преполоват, заклучија лозарите, ...
Лозарите стравуваат Обилниот дожд што врнеше повеќе од 24 часа во Тиквешијата предизвика паника кај лозарите кои се плашат дека врнежите ќе им го уништат грозјето. "Дождот ни го обра грозјето", коментираат лозарите, плашејќи се што ќе се случи во нивните лозови насади.
ВРНЕЖИТЕ ЈА ПРЕКИНАА БЕРБАТА Силниот дожд кој два дена непрекинато паѓаше во Тиквешијата ја "испи" ширата од вранецот и кратошијата и ги уништи надежите на лозарите за успешен крај на бербата на грозјето. - Четириесет часа врнеше без прекин. Штетите се големи. Нашиот труд заврши во кал.
(Утрински весник) - понеделник, 26.09.2005 Првиот човек на УО на винарската визба „Тиквеш", Свето Јаневски, писмено му возвраќа на градоначалникот на Општина Кавадарци Јаневски предлага Кавадарци да земе кредит од 10 милиони евра за промена на структурата на лозовите насади По заканите на ...
(Дневник) - вторник, 27.09.2005 ПРОТЕСТОТ НА ЛОЗАРИТЕ ГО НАЛУТИ ЈАНЕВСКИ Винарската визба "Тиквеш" вчера неколку часа го прекина откупот на грозјето откако повеќе стотици лозари од Кавадаречко, кои протестираа пред комбинатот, не дозволија три велешки камиони да влезат во винарницата.