Илегална воена единица постои во северниот дел на Албанија, во Тропоја, во близина на градот Бајрам Цури, јавуваат независните гласила во Тирана, негирајќи ги со тоа тврдењата на официјални извори. Албанскиот јавен обвинител деновиве негираше дека во овој дел од земјата има илегални воени формации.
Албанскиот јавен обвинител Арбен Ракипи го демантираше пишувањето на дел од албанскиот печат кој тврди дека во градот Тропоја, северна Албанија, има организирана воена формација под името Ослободителна војска на Тропоја. Ракипи додаде дека станува збор „за измислица од одредени странски средини", ...
Ослободителна армија на Тропоја постои во северна Албанија, јавуваат гласилата во Тирана, додавајќи дека на плакати во градот Бајрам Цури се појавија написите „УЧТ“ - кратенка од Ослободителна армија на Тропоја, роден град на лидерот на опозицијата, Сали Бериша.