ПО ЗАВЧЕРАШНАТА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД Внатрешнораселените Македонци и Срби од липковските села Матејче и Опае, синоќа требаше да определат свои претставници, кои заедно со тимовите на Владата, МВР и на Министерството за труд и социјална политика ќе ги проверат информациите за дерегистрација ...
По заканите со протести и блокади и повеќедневната медиумска битка со министерот за труд и социјала Стевчо Јакимовски, раселените од липковскиот регион постигнаа компромис и привремено го одложија најавениот штрајк со глад. Претставници на матејчани завчера одржаа средба со министерот Јакимовски и ...
КУМАНОВО Околу 400 раселени Македонци и Срби од Матејче, сместени во колективните центри во Куманово, ги одложија мирните протести пред канцеларијата на ЕУ во Куманово најавени за вчера, поради закажаната средба со министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски.
Сашо Кокаланов Во Македонија пред неколку дена беше формирана првата масонска ложа. Церемонијата во скопскиот хотел "Александар палас" ја водел извесен лорд Комптон од Нортхемптон, Англија. Ако, пак, му се верува на лордот, пардон на министерот Стевчо Јакимовски, масоните од "Александар палас" се ...
Раселените лица во Македонија, што со таков статус се веќе четири години, знаат и секојдневно чувствуваат што значи да имаш мака. Знаат што значи да се биде избркан од своето, да се стеснуваат во крајно неприфатливи услови за живеење по хотелски соби, да се мачат на секој начин, а наедно да се ...
Куманово Околу 400 внатрешно раселени лица од кумановско - липковскиот регион и денеска, четврти ден по ред, одбиваат храна, солидаризирајќи се со дваесетина семејства од Матејче на кои им e укинат статусот на раселени. Иако истоштени и со влошено здравје, раселените порачаа дека ќе штрајкуваат со ...
Скопје Сите внатрешно раселени лица од скопско Арачиново кои ќе одбијат да потпишат договори со Владата за санација на нивните куќи што беа разурнати за време на конфликтот во 2001 година, ќе бидат избришани од списокот на раселени и ќе им бидат укинати бенефициите што сега ги уживаат.
Министерството за труд и координативното тело на раселените од липковскиот регион вечерва се договорија. МВР да направи уште една проверка, кој од раселените има можност да живее надвор од колективните центри. Преставниците на раселените му укажале на Јакимовски, дека има грешки во оние првично ...
КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО РАСЕЛЕНИТЕ ОД ЛИПКОВСКО ОДБИ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Раселените не сакаат нивниот проблем да се политизира и уште еднаш ја потрдија најавата за штрак со глад и протести пред канцелариите на ЕИ и ОБСЕ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера не се сретна со ...
ГРУЕВСКИ ВО КУМАНОВО Никола Груевски, лидерот на опозицијата, во неделата ги посети внатрешнораселените лица сместени во колективниот центар во хотелот „Кристал“ што добија решенија за иселување и за прекинување на бенефициите на раселено лице.
Власта и опозицијата разменија остри зборови Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера напладне престојуваше меѓу раселените од Матејче сместени во колективниот центар во хотелот "Кристал° во Куманово, при што еден час ги сослушуваше поплаките на раселените во ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во КУМАНОВО Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера ги посети 97-те раселени лица од Матејче, сместени во кумановскиот хотел "Кристал" и им предаде пакети со средства за хигиена и прехранбени производи.
"Би било најдобро претставник на владата да дојде на самото место и да ги провери документите за да се увери во состојбите. Не треба да слушаат информации само од МВР, туку да се обратат и во катастарот и во други институции да видат дали навистина овие луѓе ги продале имотите, парите ги чуваат в ...
Куманово Раселените лица од кумановско-липковскиот регион ги одложија за денеска закажаните протести по најавената средба со владини претставници за утврдување на нивните имотни состојби, јави дописникот на Макфакс. “Средбата со министерот за труд и социјална политика Стевче Јакимовски ќе се одржи ...
Министерството за труд и социјална политика дерегистрацијата на 54-те внатрешно раселените лица сместени во хотелите "Куба" и "Кристал" во Куманово, ја изврши совесно, истакна во саботата на прес-конференција министерот Стевчо Јакимовски, вчера по прозивката и реакцијата на овие лица во Куманово.