TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Судската администрација ќе го одложува штрајкот

Вест - 14.11.2008

Судската администрација, најверојатно, ќе го одложи штрајкот закажан за 24. овој месец. Генералниот секретар на УПОЗ Пеце Груевски на вчерашниот прес рече дека најавите од министерот за правда Михајло Маневски за покачување на платите на најголемиот дел од вработените во судската администрација за 20 насто се нов момент.

Сите штедат - кај нас платите уште ќе растат

Утрински - 14.11.2008

Експертите сметаат дека зголемувањето на платите треба да биде проследено со пораст на продуктивноста. Соња Маџовска. Додека сите земји во светот, но и во регионот преземаат мерки за ублажување на последиците од финансиската криза, македонската Влада упорно води политика како воопшто земјава да не е засегната од кризата. Светот се мобилизира и повикува на штедење.

Повисоки плати во судството

Време - 13.11.2008

Кети Мицковска Платите на вработените во судската администрација од први јануари ќе бидат повисоки за 5-20 проценти, најави вчера министерот за правда Михајло Маневски, откако Синдикатот за правосудство закажа штрајк за 24 овој месец. Најголемото зголемување на платата од 20 проценти е предвидено за 1.790 вработени (81,6 процент од вкупниот број вработени во судовите), од виши референти до ...

Платите на МОБ на анализа во Министерството за култура

Вест - 13.11.2008

Во Македонската опера и балет, по подолго време редовна исплата, доцнат платите бидејќи се анализираат во правните и финансиски служби на Министерството за култура, како што ни беше потврдено и оттаму. Доцнењето и анализата на платите во оваа национална установа се случува по неодамнешните превирања во куќата, предизвикани од незадоволството на дел на вработените во техниката или т.н.

Маневски најави зголемување на платите во судството

Утрински - 13.11.2008

Маневски најави зголемување на платите во судството. Од 1 јануари идната година платите во судството ќе се зголемат за 20, 10 и 5 проценти во зависност од категоријата на вработените, најави вчера министерот за правда Михајло Маневски. На околу 1.800 вработени во судската администрација како референти, возачи и работници на централа од Нова година ќе имаат повисоки плати за 20 проценти покрај ...

Финансиска војна во културата

Утрински - 13.11.2008

Зголемувањето на платите во културата отвори два фронта, со уметниците и опслужниот персонал. Лилјана Митевска. Ако во последните петнаесетина години од македонската транзиција еден од најгорливите проблеми во културата беа ниските плати, сега нивното зголемување отвори нов проблем.

Зголемувањето на платите ќе ја подгреат инфлацијата

Алфа - 13.11.2008

410 милиони евра или 16% од вкупниот буџет за 2009та, Владата ќе одвои за плати во администрацијата. Во овие пари пресметан е и третиот бран покачување од 10% што ќе го добијат државните службеници идната година. Економистите анализираат дека во услови на глобална финансиска криза зголемувањето на платите индиректно ќе ја подгрее инфлацијата.

УПОЗ задоволен од зголемувањето на платите во судската администрација

Сител - 13.11.2008

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) е задоволен од одлуката на Владата за зголемување на платите во судската администрација. Генералниот секретар на УПОЗ, Пеце Груевски на денешната прес - конференција рече дека ова е еден нов момент и оти една ваква одлука ќе биде позитивно прифатена од вработените во судската администрација.

Штрајк нема да има

Вечер Прес - 13.11.2008

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) е задоволен од одлуката на Владата за зголемување на платите во судската администрација. Генералниот секретар на УПОЗ, Пеце Груевски рече дека ова е еден нов момент и оти една ваква одлука ќе биде позитивно прифатена од вработените во судската администрација.

ДНЕВНИК: Дактилографите и куририте ќе добијат повисоки плати

Нетпрес - 13.11.2008

ДНЕВНИК: Дактилографите и куририте ќе добијат повисоки плати Судската администрација го доби долгоочекуваното и барано покачување на месечните плати. Владата на последната седница донесе одлука да ги покачи платите на дактилографите, куририте, хигиеничарите, судската полиција и административците, кои се жалеа дека месечните примања им ги покриваат само трошоците за сметки.

Неизвесен штрајкот на правосудните органи

Нетпрес - 13.11.2008

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани ќе ја преиспитува одлуката за штрајк, поради вчерашното најавено зголемување на платите за 20 отсто. Инаку, протестот беше закажан за 24 ноември, со најава дека истиот ќе трае се до исполнување на барањата на вработените во судската администрација.

Покачување на платите во судството

А1 - 12.11.2008

Министерот за правда Михајло Маневски денеска соопшти дека од 1. јануари 2009. година ќе има покачување на платите во судството. 20 проценти за судската администрација, 10 проценти за стручните соработници и пет проценти за раководителите во судовите. За ваквото зголемување на платите од буџетот се одвоени 90 милиони денари. „Некаде 2.400, 2.700 денари, 2.000, 2.300 денари, 1.500 денари..

Покачени плати за судската администрација

Форум - 12.11.2008

Судската администрација од јануари ќе добие повисоки плати за околу 2.000 денари месечно, најави денеска министерот Михајло Маневски како дел од ветеното и оствареното во првите 100 дена од владеењето. Покачувањето е надвор од редовното зголемување на платите од 10 отсто на целата јавна администрација.

Дактилографите и куририте ќе добијат повисоки плати

Вечер Прес - 12.11.2008

Според планот 20 отсто зголемување ќе добијат оние со најниски плати, како што се вишите референти, хигиеничарите, куририте, Работници од стручниот дел, ќе имаат плус за 10 отсто, а зголемувањето за раководните работници е 5 отсто. Судската администрација го доби долгоочекуваното и барано покачување на месечните плати.

Судската администрација ќе добие поголеми плати

Нетпрес - 12.11.2008

Од први јануари идната година платите во судската администрација ќе се зголемат, соопшти министерот за правда Михајло Маневски на својот отчет за 100 дена влада. 1790 вработени како виши референти, возачи, оперативни работници во централа ќе добијат зголемување на платата од 20 отсто покрај зголемувањето што го добија од 10 отсто во октомври 2008.