Загреб Хрватите во Босна и Херцеговина на изборите не ги поделија ниту Србите, ниту Бошњаците, туку самите се поделиле, смета хрватскиот претседател Стјепан Месиќ. „Луѓето во БиХ мораат да научат дека нема секогаш да победи оној кој доаѓа од партиите со национален предзнак.
Скопје Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ ја завршува дводневната посета на Македонија, во чии рамки денеска ќе престојува во Битола. Хрватскиот претседател, како што е најавено, ќе се сретне со битолскиот градоначалник Владимир Талески, а ќе го отвори и новиот хрватски Козулат во Битола.
Битола Конзулат на Република Хрватска во Битола денеска свечено беше отворен од хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, јави дописникот на Макфакс. За почесен конзул хрватската Влада го именува Бранко Маретиќ, Хрват кој долги години живее и работи во Битола.
Битола Хрватскиот претседател Стипе Месиќ потврди дека синоќа во Скопје имал средба со косовскиот премиер Агим Чеку, јави дописникот на Макфакс од Битола. „Вчера на средбата со косовскиот премиер Агим Чеку не разговаравме за статусот на Косово“, изјави Месиќ, на прашање на новинари дали се сретнал ...
Скопје Претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ од денеска е во дводневна посета на Македонија по покана на претседателот Бранко Црвенковски. Двајцата претседатели, како што е соопштено, денеска во Скопје ќе разговараат за приоритетите на двете земји во евроатлантските интеграции, за економската ...
Скопје Статус на национално малцинство за Хрватите во Македонија договориле денеска хрватскиот претседател Стјепан Месиќ и македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Барањето било изнесено на разговорите во Скопје остварен во рамките на официјалната дводневна посета на Месиќ на Македонија ...