Во магацин на кумановската компанија „Шмеки“ полицијата открила и запленила 550 штеки цигари без бандероли. Припаѓале на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу. Полицијата ги уапсила магационерот на компанијата Хирдо Изаир и раководителот на производство Александар Ангеловски. Сопственикот на „Шмеки“, не е инволвиран во бизнисот со цигари, тврди полицијата.
Полицијата го приведе босот Бајруш Сејдиу и го разби неговиот нелегален бизнис со цигари под притисок на сојузничка држава – изјави синоќа Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија во емисијатата Кино Око на Алфа телевизија. Тврди дека полицијата реагирала откако дипломати во септември на маса на премиерот му доставиле докази за нелегално производство на цигари во македонија..
Имињата на функционерите со кои контактирал Бајруш Сејдиу се наоѓаат кај истражен судија. Од МВР велат дека листите со повици од мобилните телефони на кумановскиот бос на кои биле регистрирани разговори со службени лица, судии, стечајни управници биле на разгледување и кај судскиот совет. Полицијата сеуште обезбедува докази со кои ќе може да ја потврди соработката на Сејдиу со државни функционери.
Главниот дистрибутер за цигари на Бајруш-тобако за источниот дел на Македонија, Ристо Поппецев најверојатно ќе му се приклучи на кумановскиот бос и дваесетте негови соработници во истражниот затвор во Шутка. За цигарите кои вчера полицијата ги заплени од два магацини во Струмица, Попецев не платил акцизни давачки во висина од 200.000 евра.
Бајруш милано комплетно ја дискредитирал кумановската полиција. По вчерашното разрешување на 40, денеска решенија за разместување на пониски места добиле уште 20 полицајци. МВР се сомнева дека криеле информации поврзани со криминалното дејствување на Бајруш. На полицајците -брифери на Сејдиу, ќе им се проверува имотната состојба-велат од МВР.
Полицијата потврди Бајруш Сејдиу бил кум на кумановската мафија. Според МВР на Сејдиу му помагале судии, стечајни управници, државни функционери, полицајци со кои контактирал заради остварување на неговите криминални дејствија. Полицијата ќе утврдува каква била нивната инволвираност во мафијашката пирамида на Бајруш Сејдиу, оттука велат дека ако постојат индиции тие да го прикривале криминалот на ...
По 24-часовниот распит кај истражен судија, јавниот обвинител на 22-ца од обвинетите во полициската акција Пепел им одреди 30 дневен притвор, меѓу нив и кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдиу. По предлог на обвинителството , на пет им е доделена мерката куќен притвор, а четворица ќе се бранат од слобода.
Полицијата синоќа го уапси Бајруш Сејдиу, сопственик на фудбалскиот прволигаш Милано и уште неколку фирми. Според полициски извори, цитирани од телевизијата А2, Сејдиу е уапсен во неговиот дом во Куманово. Сејдиу според медиумските извештаи, е лишен од слобода поради сомневање за затајување данок. Од неговиот фудбалски клуб Милано, се уште нема коментар за приведувањето.
Полицијата реши да ја урне криминалната империја на Бајруш Сејдиу дури десет години по неговото завладејување со кумановското подземје – зошто ни една македонска полиција до овој октомври не се справи со Сејдиу? Министерката Гордана Јануковска тврди дека акцијата со која е ставен крај на ерата на Бајруш произлегла од одделението за борба против организираниот криминал.
МВР поднесе кривични пријави против Хидро Изаир и Александар Ангеловски од Куманово – вработени во Шмеки Компани. При претресот во деловните и магацинските простории на претпријатието биле одземени 5 500 кутии од цигарите Партнер лајт без контролни маркички од Министерството за финансии.