Еврокомесарот за надворешна политика Хавиер Солана денеска изјави дека наскоро ќе бидат можни дополнителни контакти со Иран во обидот да биде решен спорот со нуклеарната програма на таа земја. Тој ова го изајви ден откако петте постојани членки на Советот за безбедност плус Германија вчера не успеаа да постигнат согласност околу натамошните чекори во убедувањето на Техеран да се откаже од ...
Ница, 14 ноември (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана изјави денеска дека наскоро би биле можни нови контакти со Техеран за да се најде излез за спорната иранска нуклеарна програма. - Наскоро се можни контакти, како оние од летоска што ги имаа мојот заменик и неговиот (ирански) колега, изјави Солана пред самитот ЕУ-Русија во Ница.
Брисел, 11 ноември (МИА) - Советот на министри на ЕУ ја поддржа на вчерашната средба во Брисел новата стратегија на Унијата за Босна, подготвена од високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен.
ЕУ денеска ќе ја предупреди Босна поради неспособноста да ги спроведе бараните реформи и ќе ги задржи своите војници поради се поголемата напнатост меѓу трите народи. Ова го соопшти француското претседателство на ЕУ. „На Босна ќе и се изрече предупредување на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел, затоа што во таа земја работите стојат ...
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана го поздрави договорот меѓу партиските лидери за уставните реформи во БиХ. “Договорот постигнат во саботата за клучните прашања за европската иднина на БиХ е чекор во вистинска насока. Очекуваме дека оваа политичка спогодба ќе се преточи во конкретни дела“, изјави Солана за локалните гласила.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, рекол дека ЕУ е загрижена со неодамнешниот развој на ситуацијата во Босна и Херцеговина. “Тоа е причина, нажалост, што БиХ е повторно на дневен ред на состанок од високо ниво.
Европската унија денеска ќе испрати „предупредување“ до Босна поради неспособноста да ги спроведе реформите кои ги бара и таму ќе ги задржи своите војници поради се поголемата напнатост меѓу трите народи. Ова го соопшти француското претседателство на ЕУ.
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана го поздрави договорот меѓу партиските лидери за уставните реформи во БиХ. “Договорот постигнат во саботата за клучните прашања за европската иднина на БиХ е чекор во вистинска насока. Очекуваме дека оваа политичка спогодба ќе се преточи во конкретни дела“, изјави Солана за локалните гласила.
Нова, сеопфатна стратегија на ЕУ кон Босна и Херцеговина (БиХ) денеска ќе претстават пред Советот на министри на ЕУ, високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен. Новата стратегија, која содржи шест клучни точки, е осмислена за да се обезбеди стабилност во БиХ и да продолжи напредокот на најважните реформи.