Парите причина за расколот меѓу МПЦ и австралиските епархии БИТОЛА - Парите се причина за расколот меѓу МПЦ и австралиските епархии. Единаесетгодишниот судски спор меѓу Австралиско -новозеландската епархија и црковните општини станал куриозитет на австралиското судство.
МПЦ би била Титова творба без титулата Охридска архиепископија БИТОЛА – „Не смееме да се откажеме од титулата Охридска архиепископија зашто тогаш би биле Титова творба“. Вака митрополитот Петар го брани ставот на МПЦ за преименување на името на црквата во време кога се решава името на државата.
Црквата е една. Господ не воспостави многу цркви туку една. Таа една црква се поистоветува со единственото тело на едниот Христос. Вака ги учи своите верници Македонската православна црква. Но дали ова учење е само за домашна употреба? Надвор од границите на државата ситуацијата е поинаква.
Парите и непочитувањето на црковните канони се главна причина за расколот во Австралиско-новозеландската епархија, поради што се водат неколку маратонски судски спорови помеѓу владиката Петар и црковните одбори, претставувани од инкорпорираните компании во неколку федерални држави во Австралија.
Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар и администратор Австралиско-новозеландски побара отчет од црковните општини во Австралија колку пари потрошиле за судскиот спорт за имотите на МПЦ кој трае веќе 11 години, а за што според него веќе почнал да се раскрчмува и црковниот имот.
Одлуката на црковниот врв да не се менува името на МПЦ, со додавање на изразот охридска архиепископија, е поради политички причини. МПЦ не сака да долева масло на огнот во овие пресудни моменти кога се водат финалните разговори за спорот со името.
Македонските владици дефинитивно само глумат единство. Во практика од единството нема ниту „е“. Последна потврда за ова се случи во петокот вечерта, во Калишта, наспроти официјалниот почеток на Архиепископскиот црковно-народен собор кога на неговиот работен дел требаше да се направат неколку измени ...
Заканувајќи се со одвојување на своите епархии, неколку владици го спречија гласањето за преименување на Македонската православна црква, а на црковниот собир беше усвоена резолуција со која од државнито врв на Македонија се бара зачувување на уставното име и на националниот идентитет на земјата, ...
Архиепископскиот црковно-народен собор, кој се одржуваше викендов во манастирскиот комплекс Калишта кај Струга, едногласно реши да го одложи прашањето за промена на името и на Уставот на МПЦ за следниот таков собир.
Веднаш на почетокот од работниот дел на Црковно - народниот собор беше симната од дневниот ред и измената за грбот на Македонската православна црква. Црковни извори велат дека токму тука лежи и главниот судир меѓу архиепископот г.г. Стефан и митрополитот г.
Засега нема да се допрецизира името со додавката Охридска архиепископија Симон Илиевски СТРУГА - Македонската православна црква, и покрај најавите, засега нема да го менува името со додавката Охридска архиепископија.
Црковно-народниот собор на Македонската православна црква, на работниот дел, што се одржа завчера во манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта, ја одложи расправата по амандманите за измена на Уставот на Црквата за наредното црковно-народно заседание.
Македонската православна црква (МПЦ) нема да ги смени името и Уставот, се договорија архијереите на големиот црковно - народен собор што викендов се одржа во манастирскиот плоштад Калишта кај Струга по повод 50 години од возобновувањето на МПЦ.