АФЕРА - УКРАИНСКА ВОЕНА ТЕХНИКА Амбасадарот Блажевски му доставил на Министервото за одбрана нацрт-договор за оваа опрема, а потоа врз основа на овластувањето од Владата, Блажевски на 18 март го потпишал тој договор, објаснуваат од МНР.
АФЕРА - НАБАВКА НА УКРАИНСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЗА МАКЕДОНИЈА Македонскиот амбасадор во Украина, Владо Блажевски, вчера не сакаше да даде коментар во врска со наводите за провизијата за хеликоптерите што Македонија ги набави од Украина.
Хеликоптерите од Украина, амбасадорот во Киев, Владо Блажевски ги купил со потпишано полномошно од премиерот Георгиевски, објавува денешен “Вест“. Блажевски бил писмено ополномоштен од премиерот Георгиевски во март годинава да набавува воена опрема од Украина.
АФЕРА УКРАИНСКА ВОЕНА ТЕХНИКА ЗА МАКЕДОНИЈА Полномошното со кое амбасадорот во Украина Владо Блажевски добил одврзани раце да набавува воена опрема од Украина, му било дадено во март, непосредно пред формирањето на Владата на широката коалиција.