Младите возачи на мотори си ги измерија силите на денешната скутеријада на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“. 60-тина возачи се натпреваруваа во две дисциплини. Учесниците на оваа трка велат дека сакаат брзо да возат но немаат каде. „Поризично е да се тркаат по улиците каде што има сообраќај и што прават глупости, и тука е стопати подобро да се испробаат кој се и што се.
Во третпат во главниот град се одржа трка на скутери Иако мотото на денешната трка со скутери беше „ Да имаме безбедно возење“, теренот не беше сигурен за учесниците на „Скутеријадата 2008“. За среќа сите поминаа без повреди.
Приближно 200 луѓе минатата година погинале во сообраќајна незгода – голем дел од нив на мотори. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, кој ја изготвува националната стратегија со која треба да се намали бројот на жртвите, ја поддржа и годинешната Скутеријада чија цел е подигнување на културата на возењето и свеста кај сите учесници во сообраќајот.
Според надлежните во МВР, 40 отсто од скутерџиите возат без кацига, а голем е и бројот на лица кои возат без дозвола, со поголема брзина или превезуваат уште едно или две лица на скутерот и покрај казната од 25 евра Скутерите станаа се поомилено превозно средство на младите во нашата метропола.
Околу 100 ученици и студенти ќе учествуваат на третата скутеријада, која ќе се одржи утре, во 12 часот, на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“, соопштуваат од градската управа.
Трета скутеријада во Скопје Утре напладне ќе се одржи третата по ред „Скутеријада 2008“, на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“. Манифестација е поделена во два дела. Првиот дел има едукативна цел: вешто возење меѓу сталки - гимкана, а вториот дел има натпреварувачки карактер.
В недела, точно на пладне на паркингот пред спортската сала "Борис Трајковски", ќе се одржи третата по ред скутеријада на Град Скопје. Оваа манифестација која стана традиција и која привлекува голем број учесници, годинава ќе биде поделена во две фази.
Настанот ќе се одржи во недела со почеток во 12 часот, а е во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, во соработка со Мотоциклистичката Федерација на Македонија, М.К.