НИП НОВА МАКЕДОНИЈА НИП „Нова Македонија“ в понеделник ќе почне да го исплатува долгот кон сите поранешни вработени, соопшти вчера Ангелина Гугушевска, стечајна управничка на НИП. Парите што ќе се исплатуваат се прв аванс од вкупниот долг на „Нова Македонија“ кон секој вработен.
НИП "НОВА МАКЕДОНИЈА" По еднонеделно доцнење, на вработените во НИП "Нова Македонија" од понеделник ќе им се исплаќаат 4,5 отсто од побарувањата, иако им беа ветени пет проценти. Вака вчера одлучи Одборот на доверителите на НИП-от.
На 25 овој месец ќе заврши третиот тендер за продажба на Печатницата на ликвидираниот НИП "Нова Македонија", а се очекува целата постапка околу купопродажбата да финишира пред новогодишните празници. Се планира до Нова година да бида објавен и тендер за продажба на големата зграда на НИП-от.
И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ОД ДОВЕРИТЕЛИТЕ Вработените во најголемата новинско-издавачка куќа во земјава "Нова Македонија" не добиле ни денар од ветеното авансно плаќање пет отсто од нивните побарувања, за што парите треба да се обезбедат од продажбата на имотот на претпријатието.