ЕКРАНОТ НА „СЕНКИ“ УРЕДНО СПАКУВАН Уредно спакувано, завиткано во ролна, новото платно набавено за премиерата на „Сенки“ на Милчо Манчевски стои потпрено во еден агол на Универзалната сала, зад сцената, чекајќи шанса за идна употреба.
Со филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, кој од утре ќе почне да се прикажува и во Домот на АРМ, повторно ќе проработи киното во оваа институција. Домот на АРМ го реактивира киното по пауза од две години, сега со помош на „Сенка филм“ и со техничка поддршка од фирмата „АЦ-ДЦ“.
Домот на Армијата заедно со "Сенка филм" и "АЦДЦ" по пауза од две години собра сили да го реактивира киното во Домот на АРМ, изјави Бојан Перин, претставник од Домот на Армијата на прес-конференција по повод заживување на кино-проекциите.
ОД НЕДЕЛА Од недела "Сенки" на Милчо Манчевски, покрај во киното "Милениум", ќе се прикажува и во Домот на АРМ во Скопје. Ова е одлучено поради се поголемиот интерес на скопјани за филмот во Универзалната сала каде што термините завршија во средата. Проекциите во Домот на АРМ ќе бидат од 19 и од 21.
МАГАЗИН: Филм По премиерата на „Сенки“, „претсказанието за слава“ на Борче и Весна почна да си го добива својот реален тек ЈАСМИНКА ПАВЛОВСКА Само што се појавија нивните ликови на плакатите за филмот „Сенки“, беше доволно Борче Начев и Весна Станоевска да тргнат на патот кон ѕвездите.
По "конспиративното" првично прикажување во Свети Николе, филмот на Милчо Манчевски "Сенки" ќе има свечена премиера во овој наш источен град. Промоцијата на филмот ќе се одржи вечерва и утревечер (19 ч.). Да потсетиме, најновиот филм на Манчевски беше прикажан токму во овој град поради ...
КАКВА Е СУДБИНАТА НА НАЈГОЛЕМИОТ ФИЛМСКИ ЕКРАН ВО МАКЕДОНИЈА? Весна Дамчевска Да се свитка во ролна или да се здипли на четири, да се исече на повеќе парчиња или да се оптегне на чигри во Универзалната сала - ова се дилемите пред кои се исправени купувачите на големото платно за премиерата на ...
СЕ ОЧЕКУВА НАЈГОЛЕМА ГЛЕДАНОСТ НА ДОМАШЕН ФИЛМ Според гледаноста првиот викенд, најновиот филм на Милчо Манчевски „Сенки“ ги надмина сите предвидувања за посетеност. Во Скопје првиот викенд филмот го видоа дури 9.233 гледачи, информира дистрибутерот „Манаки-филм“.
"Сенки", најновиот филм на Милчо Манчевски, викендов го видоа 9.233 гледачи, што е најдобро викенд отворање на филм во земјава, соопштува дистрибутерот "Манакифилм". "Сенки" има двојно повеќе гледачи од отворањето на "Матрикс", кој "Манакифилм" пред неколку години го дистрибуираше, исто така, во ...
Филм Новиот филм на Милчо Манчевски ги надмина сите предвидувања за посетеност. Во Скопје првиот викенд филмот го видоа дури 9.233 гледачи. Дистрибутерот, „Манаки филм“ вели дека од стотиците наслови кои ги дистрибуирале во Македонија во последниве 15 години, „Сенки“ постигна најдобро викенд ...
Дури 9.233 гледачи го видоа филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, викендов. Тој го собори рекордот на гледаност, што досега го држеше американскиот филм „Матрица“ на браќата Вачовски, во Универзалната сала. Незапамтен интерес на гледачите ден пред свечената премиера, кога се чекаше и по еден час за да ...
Канадскиот композитор, саксофонист и внук на авторот на оскаровските теми од „Господарот на прстените“ вели дека за новиот проект на Милчо Манчевски интензивно слушал песни од овие простори кои го освоиле со извонредниот сенс за емоција и историја Свесен дека ќе мора да ги наследи „Анастасија“ и ...
Филмот "Сенки" на Милчо Манчевски во првиот викенд го видоа 9.233 гледачи. Од дистрибутерот, "Манакифилм" велат дека од стотиците наслови кои ги донеле во Македонија во последниве 15 години, "Сенки" достигнал најдобро викенд отворање.
ПРОДОЛЖУВААТ ТУРКАНИЦИТЕ ПРЕД УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА Весна Дамчевска Скопјани буквално се туркаат да купат билет за најновото филмско остварување на Милчо Манчевски „Сенки“, кое го имаше своето премиерно прикажување во петокот во преполната Универзална сала.
(Кон: "Сенки", режија Милчо Манчевски, играат Борче Начев, Весна Станојевска, Сабина Ајрула - Тозија, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ, Филарета Атанасова, Диме Илиев, Петар Мирчевски, Владо Јачев, Жаклина Стевковска) "Сенки" на Милчо Манчевски е прекрасен и мачен филм.
КИНОПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ НА МАНЧЕВСКИ Имате ли нешто да вратите што не е ваше, за да ви е се исчисти душата? Да вратиме сите, па да сме посреќни? Морничаво прашање што како сенка лебдеше во гламурот на кинопремиерата на "Сенки" на Милчо Манчевски во петокот вечер, на Задушница, во Имате ли нешто да ...
ПРЕМИЕРА Кон „Сенки“, режија и сценарио на Милчо Манчевски, улоги: Борче Начев, Весна Станоевска, Филарета Атанасова, Сабина Ајрула Тозија СУНЧИЦА УНЕВСКА Милчо Манчевски во својот трет филм „Сенки“ повторно ги поврзува минатото и сегашноста, ги поврзува живите и мртвите, ги преточува времињата ...
Кандидатот за „Оскар“, македонскиот филмот „Сенки“, на Милчо Манчевски, ја воодушеви многубројната публика во Универзална сала . Почитувачи на делото на нашиот најреномиран филмски режисер, со бурни аплаузи и со големи воздишки ја поздравија премиерата на неговиот трет филм.
Новиот филм на Милчо Манчевски, „Сенки“, имаше премиера каква што им прилега на големите филмски дела. Универзална сала во петокот беше местото каде што барем за момент публиката ги почувствува шармот на црвениот тепих и гламурот на филмските премиери.