Стејт департмент Вашингтон - САД го поздравуваат договорот и усвојувањето на Законот за локална самоуправа во Македонија, истакна заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Филип Рикер, во изјава за Програмата на македонски јазик на Глас на Америка.
ЗЕЛС Скопје - Постојаниот комитет на заедниците на единиците на локална самоуправа на Македонија (ЗЕЛС) го поздрави донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа. Како што се наведува во соопштението, новиот Закон за локална самоуправа е вистински израз на заложбите и на активностите на ...
Совет на Европа Стразбур - Генералниот секретар на Советот на Европа, Валтер Швимер и претседателот на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, Либерт Куатрекасас, вчера го поздравија усвојувањето на новиот Закон за локална самоуправа од страна на македонскиот парламент.
Собранието го донесе Законот за локална самоуправа, по двомесечни преговори и пеглање на разликите со меѓународно посредништво Со 85 гласови "за", четири "против" и исто толку воздржани Собранието завчера вечерта го усвои Законот за локална самоуправа, прв од законите што произлегуваат како обврска ...
УСВОЕН ДОЛГООЧЕКУВАНИОТ АКТ Пратениците Албанци не се целосно задоволни од решенијата за здравството и за образованието Со 85 гласа "за", четири "против" и четири "воздржани", Собранието на Македонија доцна прексиноќа го усвои Законот за локална самоуправа, првиот од листата приоритетни закони што ...
Донесувањето на законот за локална самоуправа денеска го поздравија Европската Унија, Стејт Департментот, Советот на Европа и шефот на германската дипломатија Јошка Фишер. Усвоениот закон за локална самоуправа американскиот Стејт Департмент го оцени како важен чекор за демократијата во Македонија, ...
Според министерот за локална самоуправа Владата и парламентот по изгласувањето на законот за локална самоуправа треба да ги донесат сите закони кои произлегуваат од Рамковниот договор. Станува збор за 20-30 закони кои се наведени во договорот, изјави вчера Фаик Арслани, министер за локална ...
СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА СДСМ го обвини спикерот Стојан Андов дека намерно ја одлага процедурата за донесување на законот Собраниската расправа за предлог-законот за локална самоуправа вчера помина во знакот на обвинувањата помеѓу пратениците и собранискиот спикер.
Со 85 гласа „за“, 4 „против“ и 4 „воздржани“ конечно се изгласа законот за локална самоуправа по неколкумесечна напорна расправа по текстот на овој законски акт. Законот ги содржи најголемиот број обврски преземени со потпишувањето на рамковниот договор, меѓу кои принципите на децентрализација на ...
По едномесечно пеглање на разликите околу контроверзниот закон за општините ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Денеска, точно напладне, пред пратениците треба да се најде коригираниот текст на законот за локална самоуправа. На ова репризно издание на законот, со кој се очекува да почне процесот за децентрализација ...
Скопје - Западните дипломати изразија задоволство поради договорот на македонските и албански партии за законот за локална самоуправа што треба да биде усвоен во парламентот, како дел од Охридскиот мировен договор, потпишан во август во минатата година.
По речиси месец и половина законот за локална самоуправа утре по втор пат пред пратениците. По вчерашната лидерска средба и владината седница на која, како што денеска соопшти ресорниот министер Фаик Арслани, беа испеглани последните спорни прашања, се очекува законот да ја добие поддршката на ...
КОНЕЧНО УТВРДЕН ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на ПДП, Имер Имери, на ДПА,Арбен Џафери и генералниот секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов, вчера кај претседателот Трајковски постигнаа конечен договор за законот за локална самоуправа.
ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Партиите се договориле да ги повлечат сите амандмани и предлогот чист да влезе во Парламентот Претставниците на четирите партии потписнички на охридскиот договор вчера се согласија за Законот за локална самоуправа, а предлогот доби амин и од ...
Првиот од законите кои произлегуваат како обврска од рамковниот договор - законот за локална самоуправа, конечно е договорен. Беа потребни неколку месеци да се усогласат разликите мегу македонскиот и албанскиот политички блок - темпо и време, кое останатите приоритетни закони ке го немаат.
Законот за локална самоуправа денеска на Влада Законот за локална самоуправа, согласно со договорот на лидерско-експертскиот тим, денеска треба да се најде на разгледување во Владата, која треба да ги предложи амандманите со кои ќе се интервенира во четирите спорни одредби.
ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Спорните прашања во законот за локална самоуправа се надминати, Владата денеска ќе го разгледа законот, а до крајот на неделава ќе се најде и во Собранието, соопшти вчера министерот за локална самоуправа, Фаик Арслани.
По одлуката на ДПА да ги прифати насоките кои експертот на Светската Банка Бруно Гомез ги даде за конкретизација за обврските од законот на локална самоуправа во областа на здравството, законот е деблокиран. „Џафери својата согласност на Ле Роа му ја соопштил уште вчера“, изјави денеска министерот ...
Законот за локална самоуправа оваа недела треба конечно да биде усогласен Законот за локална самоуправа денеска треба да го помине последниот политичко-експертски филтер, а утре да биде визиран од Владата, пред да им биде понуден на усвојување на пратениците во парламентот, е резултатот од ...